Победа против Летонија како увертира за дуелот против Велс

Македонската фудбалска репрезентација втор ден се подготвува за завршните два натпревари во оваа година. Првиот в четврток против Летонија е контролен и тоа ќе биде одлична можност за селекторот Благоја Милевски да ја провери формата на играчите кои се во комбинација и за клучниот натпревар во квалификациите против репрезентацијата на Велс. “Секој натпревар има свој важност без разлика дали тој …

Continue Reading

Американците би можеле да плаќаат двојно поскапи италијански тестенини

Љубителите на италијанската паста во САД би можеле наскоро да се соочат со драстично поскапување – цената на тестенините може да се удвои поради предложена царина од 107 проценти на увозот од Италија. Министерството за трговија на САД започна антидампинг истрага по жалби од домашни производители. На удар се неколку водечки италијански брендови, меѓу кои, а конечните резултати ќе бидат …

Continue Reading

(Видео) Трамп ја бакна вдовицата на Кирк во образ, јавноста реагира

Доналд Трамп повторно предизвика реакции на социјалните мрежи откако, на церемонијата во Белата куќа по повод именувањето на Серџо Гор за американски амбасадор во Индија, ја повика Ерика Кирк, вдовицата на починатиот активист Чарли Кирк, и ја бакна во образ пред присутните гости. Дел од корисниците на интернет го оценија потегот како „непримерен“ и „непријатен“. Други, пак, го видоа гестот …

Continue Reading

(Видео) Се урна нов мост во Кина

Новоотворениот мост во кинеската покраина Сечуан делумно се урна, но сè уште не е познато дали има жртви. Дел од пристапот до мостот Хонгчи и дел од трупот се урнаа и предизвикаа лизгање на земјиштето, објави Ројтерс. The Hongqi Bridge in Shuangjiangkou, Sichuan Province, China has collapsed. Looks like the foundation on the mountain was not deep & strong enough. …

Continue Reading

Ким Кардашијан ги обвини гатачите дека ѝ дале лажна надеж оти ќе го положи правосудниот испит

Сонот на Ким Кардашијан за адвокатска кариера останува на чекање. Реалити ѕвездата и бизнисменка откри дека повторно паднала на правосудниот испит, а во видео на „Тик-ток“ се пожали дека гатачите ѝ дале лажна надеж дека ќе успее. „Само да знаете, сите тие гатачи со кои се гледавме – сите се полни со сра*а. Ми рекоа дека ќе го положам испитот, …

Continue Reading

Грчките земјоделци на протести поради стопираните субвенции од ЕУ

Грчките земјоделци одржуваат протестни демонстрации низ целата земја. Нивните барања се за продолжување на исплатата на субвенции и помош. Грчките земјоделци ја обвинуваат владата дека намерно ги прикрива оние што ги украле европските субвенции. Министерството за аграрен развој ги суспендираше сите исплати на земјоделците додека не заврши истрагата за украдените субвенции од ЕУ. Обвинителството веќе поднесе обвиненија против над сто …

Continue Reading

Украина обвини седум лица во корупциски скандал вреден 100 милиони долари

Украинските власти подигнаа обвинение против седум лица поврзани со корупциска афера вредна околу 100 милиони долари, во која се инволвирани високи функционери на државната енергетска компанија „Енергоатом“. Националното биро за борба против корупција на Украина (НАБУ) соопшти дека привело пет лица, а идентификувало уште двајца осомничени за вмешаност во шема за злоупотреби при јавни набавки во државните претпријатија, особено во …

Continue Reading

Отказ доби човекот што го размени Лука Дончиќ

Нико Херисон повеќе не е генерален менаџер на Далас Маверикс. Дека Херисон ќе добие отказ, вчера најави добро информираниот новинар Марк Штајн. Навивачите на Далас се израдуваа на оваа информација, Херисон е човекот кој решида го размени Лука Дончиќ. Во февруари 2025 година, шокантни информации се проширија низ целиот свет, Далас Маверикс го разменија Лука Дончиќ во Лос Анџелес Лејкерс …

Continue Reading

Коцевски: Ако градоначалникот Ѓорѓиевски има докази за злоупотреби во јавните претпријатија нека пријави

Републичкиот јавен обвинител Љупчо Коцевски изјави дека градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, доколку има докази за злоупотреби во јавните претпријатија, е надлежен тоа да го пријави во Министерството за внатрешни работи или во Јавното обвинителство. „Во однос на изјавите на градоначалникот, ќе кажам дека тој како градоначалник, доколку има докази и е надлежен, тоа може да го пријави на надлежните …

Continue Reading