Стоилковиќ – Месаровиќ: Заедничка цел стабилен и економски поврзан регион

Заменик-претседателот на Владата на РС Македонија и министер за односи меѓу заедниците, Иван Стоилковиќ, денеска во Белград оствари работна средба со потпретседателката на Владата и министерка за економија на Р Србија, Адријана Месаровиќ. На средбата се разговараше за повеќе теми, имајќи го предвид заедничкиот интерес на двете земји за натамошно унапредување и продлабочување на економската соработка, поттикнување на заеднички инвестициони …

Continue Reading

Песков: Москва гледа дека Европа се подготвува за војна со Русија

Портпаролот на рускиот претседател, Дмитриј Песков, денес изјави дека Москва гледа дека Европа се подготвува за војна со Русија. „Москва отсекогаш ја разбирала опасноста дека Европа се подготвува за војна со Русија и сите безбедносни мерки се преземени однапред“, рече Песков во интервју за весникот „Лајф“, пренесува РИА Новости. Тој истакна дека зголемувањето на воените буџети на европските земји води …

Continue Reading

Орбан до Брисел; „Нема да дадеме ниту еден денар на мигрантите“

Унгарскиот премиер Виктор Орбан денес изјави дека земјата нема да го спроведе пактот за миграција на Европската Унија „сè додека има национална, патриотска влада“. „Брисел издаде наредба. Пактот за миграција се активира. Би сакал да бидам јасен еднаш засекогаш: сè додека Унгарија има патриотска влада, нема да го спроведеме пактот за миграција“, рече Орбан во видео порака објавена на Фејсбук, …

Continue Reading

24-годишник ја претепал мајка му во Охрид

Денеска (12.11.2025) во 06:35 часот на улица „Јане Сандански“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид лишија 24-годишник од Охрид, постапувајќи по претходна пријава дека физички ја нападнал неговата 50-годишна мајка. По целосно документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти полицијата.

Continue Reading

Ја истепала мајка си: уапсена 35-годишна жена од Охридско

На 11.11.2026 во 20:00 часот во охридско село, полициски службеници од СВР Охрид лишиле 35-годишна жена. Полицијата постапила по претходна пријава дека таа физички ја нападнала нејзината 62-годишна мајка, при што употребила и тврд предмет. Според МВР, по целосно документирање на настанот против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.

Continue Reading

Европскиот комесар признава: Нема единство во одбраната на ЕУ

Обединувањето на земјите-членки на Европската Унија во областа на одбраната нема да се случи наскоро, изјави европскиот комесар за одбрана и вселена Андријус Кубилијус во интервју за „Вашингтон пост“. „Ние сме многу индивидуални во одбраната, а обединувањето и постигнувањето нешто, е предизвик. Тоа нема да се случи наскоро, но мора да ја погледнеме пошироката слика“, нагласи Кубилијус. Според весникот, европските …

Continue Reading

Министерката за енергетика во посета на лабораторијата за проверка на броила на Електродистрибуција Скопје

Телото за инспекција на броила за електрична енергија на Електродистрибуција кое е акредитирано по меѓународни стандарди и служи за метролошко испитување на броилата, денес беше посетено од Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска. Ова тело врши проверка на исправноста на броилата по барање на корисниците. Неговата работа опфаќа редовна и вонредна проверка на броилата, метролошка контрола на …

Continue Reading

„Останувам тука до крај“: Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

Дијана Хрка, мајката на Стефан Хрка, кој трагично загина при уривање на настрешница на Железничката станица во Нови Сад, штрајкува со глад единаесетти ден. Таа потврди дека се чувствува лошо и слабо, но вели дека нема намера да се откаже, пишува Nova.rs. Во обраќање до медиумите, Хрка ги негираше тврдењата на Воената разузнавачка агенција (ВБА) дека снимила разговор со српскиот …

Continue Reading

Габриел: Да беше Меркел канцеларка, немаше да има војна во Украина

Поранешниот германски министер за надворешни работи Зигмар Габриел (СПД) денес изјави дека руската инвазија на Украина ќе беше спречена доколку поранешната канцеларка Ангела Меркел останеше на чело на Германија. „Цврсто сум убеден дека немаше да завршиме во оваа војна доколку Меркел беше на власт. Преку договорите од Минск, кои таа ги иницираше, војната беше одложена за осум години“, изјави тој …

Continue Reading