Кривична пријава за жител на струшко за кражба на струја
Полицијата поднесе кривична пријава против Н.А.(55) од струшкото село Подгорци поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „кражба на електрична енергија, топлинска енергија или природен гас“. Според информациите на МВР, на 18.09.2025, при контрола на мерни броеви било утврдено дека тој неовластено извршил премостување на мерната опрема, при што директно од мрежата преземал нерегистрирана електрична енергија. На тој …
Continue Reading
Директорка на Здравствен дом Делчево незаконски продолжила со работа по пензија, го оштетила буџетот за 400.000 денари
Полицијата поднесе кривична пријава против М.Г.(70) од Делчево поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“. „Пријавената, директор на Јавна здравствена установа Здравствен дом ‘Гоце Делчев’ – Делчево, спротивно од Законот за работни односи и Уредбата со законска сила за примена на Законот за здравствена заштита за време на вонредна состојба, во периодот …
Continue Reading
Полицаец си пукал во рака додека го проверувал своето лично оружје
Вчера во 14:05 часот во Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Меџитлија, додека го проверувал своето лично оружје, полициски службеник случајно испукал еден куршум и се здобил со повреда на рака. МВР информира дека се известени јавен обвинител, Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди и трудов инспектор и се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Continue Reading
ПОШУМУВАЊЕ – ЧАМЧИФЛИК, ОПШТИНА СТРУМИЦА
Општина Струмица, со силна поддршка од градоначалникот Петар Јанков, во соработка со Доброволното противпожарно друштво – Струмица (ДПД Струмица), ПШС „Беласица“ – Струмица со подршка на Заменик Генерален Директор на ,,Македонски Шуми” Кире Михаилов, ОО Црвен Крст Струмица, голем број волонтери, наставници од основните училишта, професори и ученици од средните училишта, како и љубители на природата, организираше акција за пошумување …
Continue Reading
За 6.091.465 денари зголемен Буџетот на Општина Гевгелија за 2025 година
Буџетот на Општина Гевгелија за 2025 година, од вкупниот износ 868.182.633 денари е зголемен за 6.091.465 денари. Со измените и дополнувањата, усвоени на последната 3. седница на Советот на Општина Гевгелија, вкупниот износ на Буџетот е утврден на 874.274.098 денари. Зголемувањето на Буџетот на Општина Гевгелија за 2025 година уследи по зголемувањето на Основниот буџет, со зголемување на ставката Даноци …
Continue Reading
Осум дена притвор за насилникот кој претепа и му се закануваше со нож на дете во Скопје
Судот определи притвор од осум дена за насилникот кој нападна и му се закануваше со нож на 12-годишно дете во Скопје, соопшти МВР. „СВР Скопје го расчисти случајот пријавен на 11.11.2025 во 20:00 часот од страна на Г.М.(39) од Скопје, кој пријави дека околу 15:50 часот на подрачјето на Центар, неговиот 12-годишен син бил физички нападнат од Б.Љ., кој потоа …
Continue Reading
Мбапе и Камавинга го напуштија кампот на репрезентацијата
Француските фудбалери обезбедија пласман на Светското првенство едно коло пред крајот на квалификациите, откако остварија убедлив триумф од 4:0 над Украина. Килијан Мбапе беше еден од најзаслужните за пласманот на „триколорите“ на Светското првенство, но во меѓувреме се здоби со лесна повреда. Станува збор за воспаление на зглобот, а со оглед на тоа што визата за САД, Канада и Мексико …
Continue Reading
Усвоен Кварталниот извештај за извршување на Буџетот на Општина Гевгелија за 2025 година (јануари – септември)
Советот на Општина Гевгелија, на 3. седница, го усвои Кварталниот извештај за извршување на Буџетот на Општина Гевгелија зa 2025 година, за период јануари – септември. Од вкупно проектираниот Буџет на Општина Гевгелија за 2025 година, во висина од 868.182.633 денари, реализирани се вкупно приходи во висина од 609.204.236 денари или 70,17%, од кои 23.569.780 денари капитални приходи, а 585.634.456 …
Continue Reading
Работниците бараат минимална плата од 600 до 700 евра, објави ССМ
Минималната плата треба да се зголеми од 600 до 700 евра, покажува анкетата што ја спроведе Сојузот на синдикати на Македонија на 11 и 12 овој месец на репрезентативен примерок од 1.613 испитаници. Анкетата како што појаснуваат од таму е спроведена за потребите на работниците во однос на растот на минималната плата во Република Македонија. Целта на оваа анкета, велат, …
Continue Reading