Израел ги засили нападите врз јужен Либан
Израел денес ги засили воздушните напади врз јужен Либан, при што загина најмалку една личност. Израел рече дека нападите се насочени кон спречување на повторното воено зајакнување на Хезболах, кој, според нив, се обидува повторно да се вооружи по завршувањето на минатогодишната војна. Хезболах тврди дека ги исполнува обврските од договорот за прекин на огнот и дека ги повлекол силите …
Continue Reading
(Видео) Ставил камера во машината за миење садови – реакциите: „Чао, пријатно, од сега ќе перам на рака“
Кратко јутуб видео предизвика лавина реакции кога стана јасно што точно се случува во машината за садови додека работи. Каналот @povsadventures одлучи да го сними целиот процес одвнатре и да ја открие тајната на циклусот на миење. Авторот поставил светло и камера внатре, ја наполнал машината со садови, додал капсула, ја затворил и го снимил целиот циклус. „Како и многумина, …
Continue Reading
10.000 полски војници ќе ја чуваат критичната инфраструктура на земјата
Полска ќе распореди 10.000 војници за заштита на критичната инфраструктура, вклучително и железниците, изјави министерот за одбрана Владислав Кошињак-Камиш, објави Ројтерс. Соопштението доаѓа по експлозијата на железничката пруга за време на викендот, за која Варшава ја обвинува Москва. Претстојните божиќни празници може да бидат сметани од непријателите на Полска како добро време за саботажи, ги предупреди новинарите началникот на полскиот …
Continue Reading
Зголемени тензии меѓу Пекинг и Токио – Кина го блокира јапонскиот извоз на морска храна
Кина денес го известила Токио дека повторно ќе го забрани увозот на јапонски морски плодови, јавуваат медиумите. Одлуката доаѓа во момент на растечка дипломатска тензија меѓу двете земји, пренесе Ројтерс. Причина за заострувањето беше изјавата на новата јапонска премиерка Санае Такаичи, која рече дека кинески напад на Тајван би претставувал закана за Јапонија. Пекинг побара повлекување на изјавата и ги …
Continue Reading
Европската комисија предлага воен шенген
Европската комисија денес го предложи новиот правилник за воена мобилност, со кој земјите членки ќе имаат рок од само три дена во време на мир, а уште пократок рок во вонредни ситуации – за да одобрат премин на војници и воена опрема преку своите граници. Високата претставничка Каја Калас изјави дека е клучно војската и опремата да можат брзо да …
Continue Reading
Собраниска делегација на студиска посета во Бундестагот
Делегација на Собранието и претставници на Женевскиот центар за управување со безбедносниот сектор, присуствува на дводневна студиска посета во Бундестагот во Берлин, Германија. Во состав на делегација се претставници на собраниска служба предводени од генералната секретарка на Собранието, Марина Димовска и заменик-генералниот секретар Бобан Стојаноски. Предмет на студиската посета се институциите кои се дел од надзорот над безбедносно-разузнавачкиот сектор во …
Continue Reading
„Ги чекаме децата да се појават и да кажат ‘Каде си ма мајче?’“ – мајките на загинатите во „Пулс“ дојдоа на судењето, лути се на бранителите на обвинетите
Со гнев, тага и болка почна судењето за трагедијата во кочанската дискотека „Пулс“, каде животите ги загубија 63 млади луѓе. Мајките кои ги изгубија своите деца зборуваа пред судот за болката што не минува, за неправдата што ја чувствуваат и за срамот што, како што велат, го носат адвокатите кои ги бранат обвинетите. „Со тоа што ги бранат обвинетите, повторно …
Continue Reading
Зеленски: Сите факти укажуваат на руска вмешаност во саботажата на полската железница
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, денес за време на разговорот со полскиот премиер Доналд Туск изјави дека сите факти поврзани со саботажата на железничката делница Варшава-Лублин укажуваат на руска вмешаност. „Нашите информации се совпаѓаат: сите факти укажуваат на руска вмешаност во саботажата на полската железница. Никој освен Русите не е заинтересиран за нешто вакво. Украина е подготвена да соработува со …
Continue Reading
Општина Чаир: Започнува опремувањето на општинските училишта со нов инвентар
Општина Чаир денес презеде значаен чекор кон подобрувањето на условите во основните училишта на општината. Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, оствари работна посета во Основното училиште „Лирија“, каде што беше пречекан од директорката на училиштето, Теута Идризи. Посетата се реализираше по повод доставувањето на новиот инвентар, кој веќе е распределен во училиштето, информираат од оваа општина. „ОУ „Лирија“ е …
Continue Reading