Пакуван помфрит со поминат рок требало да се продава на македонскиот пазар, АХВ го спречи увозот и го уништи

Инспекциските служби на Агенција за храна и ветеринарство (АХВ), спречија увоз на 20.500 килограми замрзнат компир – помфрит, со поминат рок на употреба, 23.05.2025 година. Компирот, увоз од Холандија, бил наменет за продажба на македонскиот пазар. -Забранетите количини замрзнат компир, во присуство на инсепктори за храна од Агенцијата, нештетно се уништени во петокот на депонијата Дрисла, врз основа на изречената …

Continue Reading

Поради одрон во прекин патот Крива Паланка – Деве Баир

Од 05:05ч. сообраќајот на магистралниот пат А2 Крива Паланка – Деве Баир е во прекин поради одрон. Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Од 15.11.2025 година започна законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2026 година. Интензитетот на сообраќај на патните …

Continue Reading

Најмалку десет луѓе загинаа во автобуска несреќа во Мексико

Најмалку 10 лица загинаа, а 20 се повредени во синоќешната автобуска несреќа што се случи во западната мексиканска држава Мичоакан. Несреќата, чија причина сè уште е непозната, се случила на патот помеѓу главниот град на државата Морелија и селото Пацкуаро. Спасувачките операции и медицинската помош се на местото на несреќата. Сообраќајните несреќи во Мексико изминатите години бележат пораст, а главни …

Continue Reading

Побегна еден од осудените за автобуската несреќа со 16 жртви кај Ласкарци

Судот и полицијата уште трагаат по Ремзи Мифтари, осуден на 10 години затвор за автобуската несреќа кај Ласкарци во која загинаа 16 луѓе, а 30-ина беа повредени. Мифтари требало да оди во затвор уште во мај, а гостиварскиот суд пред четири дена испратил барање до МВР и СВР Тетово за присилно приведување на издржување на затворска казна. Од СВР Тетово …

Continue Reading

Еден загинат во поплавите во Албанија по обилните дождови

Најмалку едно лице загина во Албанија во поплавите предизвикани од обилните дождови што паѓаат во изминатите неколку дена, соопшти денес албанската полиција. Полицијата објави дека тело на жена (76) е пронајдено откако нивото на водата се повлекло во поплавената југоисточна општина Девол. Поплавите предизвикаа најголема штета во руралните региони на југот на Албанија, а во селото Душар 30 семејства беа …

Continue Reading

Нема опасност од излевање на реките по обилните врнежи од дожд, велат од ЦУК

 Центарот за управување со кризи  информира за состојбата по обилните врнежи од дожд, според која состојбата со водостоите на реките на територијата на земјава до 18 часот е стабилна. -На територија на Општина Куманово, Општина Старо Нагоричане, Општина Ранковце и Општина Липково нема излевање на реките. Нивото на реката Пчиња е во опаѓање и нема опасност за излевање, соопштува ЦУК. …

Continue Reading

Облачно со повремени локални врнежи од дожд

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. На повисоките планини врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од југозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 8, а максималната ќе достигне од 8 до 14 степени. Во Скопје, променливо облачно, со повремени врнежи од …

Continue Reading

Пенал рулетот во Асунисон за Ланус – Трофејот во Копа Судамерикана за аргентинскиот тим

Фудбалерите на Ланус го освоија трофејот во Копа Судамерикана, јужноамриканскиот пандан на Лига Европа. Во финалето, во престолнината на Парагвај, Асуснион, аргентинскиот тим го победи Атлетико Минеиро по изведувањето пенали со 5:4. Во основниот дел и по продолженијата немаше голови. Финалето беше далеку под просекот, од стартот беше јасна намерата на Ланус да издржи до пенал серијата. Најдобрата шанса во …

Continue Reading

Наполи за полувреме ја реши Аталанта

Фудбалерите на Наполи ја победија Аталанта со 3:1 во натпреварот од 12-то коло на Серија А. Новиот тренер на Аталанта, Рафаеле Паладино дебитираше со пораз на тереното на актуелниот италијански шампион. Пред репрезентативната пауза тој го замени Иван Јуриќ. Наполи ја заврши работата во првото полувреме, кога постигнв три гола. Давид Нерес двапати ја затресе мрежата на гостите, а Ноа …

Continue Reading