Владата ги отфрла тврдењата на опозицијата за наводна нетранспарентност околу ИПАРД

Владата категорично ги отфрла тврдењата на опозицијата за наводна нетранспарентност околу скандалот со ИПАРД програмата. -Апсолутно го отфрлам ова тврдење дека се крие нешто во однос на таа постапка. Знаете дека сме максимално транспарентни, изјави на денешната прес-конференција портпаролката Марија Митева, одговарајќи на новинарски прашања. Таа дополни дека очекува Министерството за земјоделство и сите надлежни институции, вклучително и судските органи …

Continue Reading

Фон дер Лајен: ЕУ мора да игра централна улога во обезбедувањето мир во Украина

Претседателката на Европската комисија (ЕК), Урсула фон дер Лајен, денеска изјави дека ЕУ мора да игра „централна улога“ во обезбедувањето мир во Украина и дека ова е еден од главните елементи за „праведен и траен мир и суверенитет на Украина“. Делегација од Украина, европски безбедносни претставници и американска делегација предводена од државниот секретар Марко Рубио денеска се среќаваат во Женева …

Continue Reading

Опожарено патничко возило во Батинци, нема повредени

Ноќеска околу 01:05 часот во село Батинци, скопско, било опожарено патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на Б.Б. од Батинци. Пожарот бил изгаснат од Бригадата за противпожарна заштита Скопје, а при инцидентот нема повредени лица. Извршен е увид, а надлежните преземаат мерки за расчистување на случајот.

Continue Reading

Дете тепало дете во основно училиште во Драчево

Во СВР Скопје вчера (22.11.2025) во 21:40 часот, А.А. (43) од Скопје пријавил дека на 21.11.2025 околу 09:45 часот, во основно училиште во населбата Драчево неговиот малолетен син бил физички нападнат од соученик. Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Continue Reading

Лажни дојави за бомби во „Јане Сандански“ и соседниот хотел

Вчера во 20:51 и 21:17 часот, на линијата за итни повици 112 биле примени две телефонски пријави за наводно поставени експлозивни направи во Спортската сала „Јане Сандански“ и во хотелот што се наоѓа веднаш до неа. Полицијата веднаш презела мерки, извршени биле сите неопходни проверки, при што било утврдено дека се работи за лажни дојави. Од МВР информираат дека се …

Continue Reading

Уапсени седум лица во Скопје и Тетово, пронајдена дрога и нож

Во текот на 22 и 23 ноември 2025, на повеќе локации во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода М.Џ.(21), И.Т.(31), С.П.(26), Е.Н.(31), И.Г.(25) и А.П.(26) – сите од Скопје, како и И.М.(35) од Тетово. При контролите кај нив биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја, марихуана, таблети и нож. Од МВР информираат дека по целосно документирање …

Continue Reading

Парма по 24 години победи на „Бентегоди“

Фудбалерите на Парма славеа како гости во Верона (2:1), во првиот натпревар од денешната програма, во рамките на 12-то коло од Серија А. Парма ја забележа првата победа на „Бентегоди“ од 2001 година. Херој беше Матео Пелегрино, кој постигна голови во 18-та и 80-та минута. Стрелец за домашниот тим беше Жиоване во 65-та минута од натпреварот. Парма го постигна голот …

Continue Reading

Говор од 78 минути – Флорентино Перез доби овации за критиките кон УЕФА, Ла Лига, Барселона…

На годишното Собрание на Реал, првиот човек на „кралскиот клуб“ остро ги критикуваше практично сите нивоа на фудбалот. За тоа, тој доби овации од сите делегати. Годишната седница на Собранието на Реал ја отвори Флорентино Перез, кој по којзнае кој пат „удри“ по Ла Лига и нејзиниот шеф Хавиер Тебас, кон УЕФА и кон Барселона и секако кон судиите. Не …

Continue Reading

11.500 студенти веќе подигнале нови електронски уреди, Владата додели над 33.000 ваучери

Владата информира дека заклучно со вчерашниот ден се доделени вкупно 33.682 ваучери за студенти, секој во вредност од 15.300 денари. Од нив, веќе 11.500 студенти успешно го реализирале ваучерот и подигнале нов електронски уред. -Овие бројки јасно покажуваат дека интересот е огромен, имплементацијата стабилна, а мерката создава вистински резултати, изјави портпаролката на Владата, Марија Митева на денешната прес-конференција. Митева нагласи …

Continue Reading