Роналдо и Георгина ќе се венчаат на родниот остров на фудбалерот

Кристијано Роналдо и неговата свршеница Георгина Родригез, по девет години врска, планираат свадба. Според The Sun, парот ќе се венча летово по Светското првенство, на родниот остров на Роналдо, Мадеира. Роналдо ја одбрал историската катедрала во Фуншал – најстарата црква во неговиот роден град, позната по својот резбан покрив. Славјето ќе продолжи во еден од луксузните хотели на островот. Локацијата …

Continue Reading

Захарова ѝ одговори на фон дер Лајен: Западот насилно ги прекрои границите на Србија

Портпаролката на руското министерство за надворешни работи, Марија Захарова, ги нарече условите на Европската унија за постигнување мир во Украина апсурдни. „По средбата со лидерите на ЕУ, Урсула фон дер Лајен ги изнесе условите на ЕУ за постигнување мир во Украина“, напиша Захарова на својот канал на Телеграм. Конкретно, ЕУ во своите услови нагласува дека границите не можат да се …

Continue Reading

Сиљановска-Давкова: Фемицидот е еден од најтешките општествени проблеми со коишто сме соочени

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска се обрати на панел-дискусијата насловена „Од пријавување на насилството до спречување на фемицид – системски одговор“, организирана од мисијата на ОБСЕ во Скопје. Таа истакна дека и покрај бројните конвенции, закони, стратегии и проекти, рапидно расте родово-базираното насилство и бројот на убиените жени само затоа што биле жени. За неа, фемицидот е последица на насилство коешто …

Continue Reading

Левица: Власта повторно го одби амандманот за изградба на домови за стари лица

На денешната седница на Комисијата за финансирање и буџет, пратеникот и потпретседател на Левица, Реџеп Исмаил – Хактан, образложи амандман за грижата за старите лица. Амандманот беше со цел да се наменат средства со што би можеле да се изградат најмалку три државни домови онаму каде што потребата е најголема. Тој предупреди дека државата целосно го запоставила овој сегмент на …

Continue Reading

Стармер и Зеленски разговараа пред состанокот на коалицијата на подготвените

Британскиот премиер Кеир Стармер и украинскиот претседател Володимир Зеленски разговараа во пресрет на состанокот на „коалицијата на подготвените“ земји, која ќе понуди поддршка за Украина додека продолжуваат напорите за постигнување мировен договор со Русија. Украина и понатаму е изложена на руски напади, при што загинаа најмалку шест лица, а делови од Киев останаа без вода и струја. Украинските сили, пак, …

Continue Reading

Сиљановска-Давкова: Шпанија е принципиелен поддржувач на македонските евроинтеграции

Шпанија е наш важен партнер во НАТО, ООН и ОБСЕ и принципиелен поддржувач на македонските аспирации за членство во ЕУ, рече претседателката Гордана Сиљановска-Давкова на денешната средба со делегацијата на Комисијата за надворешна политика од Сенатот на Кралството Шпанија, во придружба на амбасадорот Рафаел Сориано Ортиз. Ја поздрави посетата, оценувајќи ја како пресвртница во шпанско-македонските односи преку обнова и интензивирање …

Continue Reading

Деблокиран процесот за клучката кај Момин Поток – продолжува изградбата со забрзано темпо

Град Скопје информира дека е деблокиран процесот за клучката кај Момин Поток и дека градежните активности продолжуваат со забрзана динамика. По период на застој, продолжува реализацијата на една од најважните сообраќајни точки во градот, каде се пресекуваат неколку клучни правци. Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски изјави дека по неколкумесечен застој, повторно се работи на проектот кој се смета за една од најстратешките …

Continue Reading

Насилство врз жените во политиката е насилство врз целата демократија

Клубот на пратенички во соработка со Меѓународната фондација за изборни системи (IFES) Канцеларија Скопје и Центарот за интернет, развој и добро управување IMPETUS денеска организираа работна средба и дискусија на тема: „Насилство врз жените во политиката и изборите Линија „Биди безбедна“ локални избори 2025 – предизвици и понатамошни чекори“. На средбата свои воведни обраќања имаа Јована Тренчевска, претседателка на Клубот …

Continue Reading

Гаши – Зомер: Македонија и Швајцарија одржуваат одлични билатерални односи

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Африм Гаши, денес оствари средба со новоименуваниот амбасадор на Швајцарската Конфедерација во земјава, Кристоф Зомер. Претседателот Гаши му упати искрени честитки за стапувањето на должноста, посакувајќи му успешен и плодотворен мандат, како и продолжување на пријателската и конструктивна соработка меѓу двете држави. Во разговорот беше нагласено дека Република Северна Македонија и Швајцарија одржуваат …

Continue Reading