Зеленски: Русија ги отфрла сите мировни напори, санкциите мора да се заострат
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес разговараше со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, известувајќи на социјалната мрежа X. Зеленски рече дека лично ѝ се заблагодарил за нејзината „јасна позиција и пораки за поддршка на Украина“ што ги изнесе за време на денешниот говор во Европскиот парламент во Брисел. „Целосно се согласуваме: сè додека Русија продолжува да ги отфрла …
Continue Reading
Поради врнежите се очекува зголемен водостој на дел од реките, ЦУК апелира на внимателност поради навеви на снег на повисоките места
Состојбата со врнежите од дожд кои ја зафатија државата во моментов е стабилна, информираат од ЦУК. „Согласно информациите од УХМР, се очекува зголемување на водостојот во горниот дел од сливот на реката Вардар, во сливот на реката Треска, реката Радика, реката Сатеска, во сливот на реката Коселска, како и на водотеците во Охридско-Преспанскиот регион. Зголемување на водостојот се очекува и …
Continue Reading
Кинa го лансира најдолгиот комерцијален лет во светот
Авиокомпанијата „Чајна Истерн“ следната недела ќе го вклучи во својата понуда најдолгиот комерцијален лет во светот, од кинеската економска метропола Шангај до аргентинската престолнина Буенос Аирес, објавуваат медиумите денес. Линијата што ги поврзува градовите оддалечени 20.000 километри ќе биде во функција од 4 декември. Шангај и Буенос Аирес се наоѓаат на речиси спротивни страни од земјината топка. Денес, аргентинската влада …
Continue Reading
Муцунски во Стразбур: Македонскиот јазик, идентитетот и достоинството на граѓаните не може да бидат предмет на преговарање
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, попладнево учествуваше и се обрати на 24-тиот состанок на Мешовитиот парламентарен комитет Република Северна Македонија – Европска унија, што се одржува на 26 и 27 ноември 2025 година во Стразбур. Во своето обраќање пред членовите на Комитетот,Муцунски истакна дека Стразбур, како дом на европската демократија, претставува силен потсетник на европските вредности …
Continue Reading
Василевска и Мираковска со евроизвестителот Вајц: разменети мислења за актуелните случувања во државата
Пред почетокот на 24. состанок на Мешовитиот парламентарен комитет РСМ – ЕУ, кој денес и утре се одржува во седиштето на Европскиот парламент во Стразбур, копретседавачката Иванка Василевска и заменик-копретседавачката Соња Мираковска, остварија средба со известителот за Република Северна Македонија во Европскиот парламент, Австриецот Томас Вајц, кој по функција учествува во работата на ова заедничко парламентарно тело. На средбата беа …
Continue Reading
Подољак: Украина нема никаква врска со протекувањето на транскриптите од разговорот меѓу Виткоф и Ушаков
Советникот на украинскиот претседател Михаило Подољак денес изјави дека Украина нема никаква врска со скандалот околу протекувањето на транскриптите од разговорот меѓу специјалниот претставник на американскиот претседател, Стив Виткоф, и претставници на Русија. Тој истакна дека американската администрација има став за мировниот план. Овој план, додаде тој, се дискутира на неколку форуми со претставници на САД и европските земји. „Ова …
Continue Reading
Калас бара користење на замрзнатите руски средства, Белгија се спротивставува
Каја Калас, шефицата на европската дипломатија, на состанок со пратениците на Европската народна партија, повторно повика на користење на замрзнатите руски средства, што предизвика незадоволство кај некои политичари, пишува весникот „Јуроактив“, повикувајќи се на извори. Според весникот, на состанокот во Стразбур, Калас решително го бранелa предлогот за користење на руски средства за доделување кредити на Украина, на што Белгија се …
Continue Reading
(Видео) Патнички авион се излизга од пистата во Литванија
Патнички авион управуван од полскиот превозник LOT се излизга од пистата на аеродромот Вилнус во Литванија по пристигнувањето од Варшава, со што се запре целиот сообраќај на аеродромот, соопшти операторот на аеродромот. Сите патници на летот LO771 се симнаа и нема извештаи за повредени, соопшти аеродромот на Фејсбук. Портпаролот на A LOT изјави дека „Ембраер 170“ превезувал 63 патници и …
Continue Reading
Фетаи на Националниот форум на граѓански организации: Мисијата на Владата е градење на отворени и ефективни институции
Во рамки на Националниот форум – Саем на граѓански организации, Заменик-претседателот на Владата задолжен за добро владеење, Арбен Фетаи, учествуваше и се обрати пред претставниците на граѓанското општество. Тој ја истакна важноста од континуиран дијалог меѓу Владата и граѓанскиот сектор, потенцирајќи дека граѓанското општество претставува еден од клучните механизми за зајакнување на демократијата и транспарентноста. Фетаи посочи дека Владата останува …
Continue Reading