(Видео) Најмладиот прв пик во историјата ги растури ЛА Клиперс
Младиот американски кошаркар Купер Флег го одигра најдобриот натпревар во својата НБА кариера во ноќта помеѓу саботата и неделата. Флег ги предводеше своите Далас Маверикс до победа од 114:110 над Лос Анџелес Клиперс. Суперталентираниот 18-годишник го заврши натпреварот со 35 поени (13/22), осум скока и две асистенции. Флег со тоа стана најмладиот НБА играч во историјата со 35+ натпревари во …
Continue Reading
СДСМ од денеска најавува прес-конференции за наводните криминали на Владата на Мицкоски
Од СДСМ денеска најавуваат дека во 11 часот ќе започнат со серијал од прес-конференции за наводните криминали на Владата на Христијан Мицкоски. „Целосно ќе ја разобличиме системската корупција, институционализираниот криминал и безмилосната пљачка на граѓаните што го спроведува власта на ВМРО-ДПМНЕ. Крадењето мора да престане, веднаш. А криминалците од власта да одговараат! Ќе зборуваме со факти. Со документи. Со бројки. …
Continue Reading
Во 2025 година се регистрирани 38 нови случаи на ХИВ/СИДА и осум смртни случаи
Годинава во Македонија се регистрирани 38 нови лица со ХИВ/СИДА, што претставува инциденца од 2,1 на 100.000 жители, се вели во извештајот на Институтот за јавно здравје по повод 1 декември, Светски ден за борба против СИДА. Бројот на случаи во 2025 е помал за 25,5% споредено со истиот период од 2024 година, кога беше регистриран 51 случај. За споредба, …
Continue Reading
Илир Демири го напушта „Европскиот фронт“
Пратеникот Илир Демири ќе дејствува како независен. Тој за оваа одлука го информирал претседателот на Собранието, Африм Гаши, соопштија од кабинетот на собранискиот спикер. Демири беше избран за пратеник од шестата изборна единица како кадар на Алијансата за Албанците од крилото на Зијадин Села, партија која на парламентарните избори настапи во Коалицијата „Европски фронт“ предводена од ДУИ. Одлуката на Демири …
Continue Reading
Четворица мртви и десет ранети на семеен собир во Калифорнија
Четири лица се убиени, а 10 се ранети во пукотница за време на семеен собир во свечена сала во Стоктон, Калифорнија, објавија ноќеска официјални лица од канцеларијата на шерифот, пренесуваат американските медиуми. Меѓу жртвите има деца и возрасни, потврди Хедер Брент, портпаролка на канцеларијата на шерифот на округот Сан Хоакин. Првичните информации „сугерираат дека ова можеби бил намерен инцидент“, рече …
Continue Reading
Денес без вода повеќе скопски улици во општините Бутел и Гази Баба
ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје информира дека денеска поради два одделни зафати на водоводната мрежа, повеќе скопски улици и населби ќе останат без вода или со намален притисок во снабдувањето. Од претпријатието соопштуваат дека поради уличен дефект од ф-400 мм на ул. Бутелска б.б, кај сервис „Топал“, во периодот од 11:00 часот па сè до негово отстранување, без вода …
Continue Reading
Поплавени дворови, подруми и ниви во Општината Чешиново – Облешево, не се чистеле каналите
Во Општината Чешиново – Облешево во повеќето од населени места се поплавени дворови, подруми, ниви со неожнеан ориз и житни култури, што е резултат на обилните дождови што го зафати регионов неделава. Веќе неколку дена се користи градежна механизација, пумпите на Територијална противпожарна единица од Кочани, исто така работат со полна пареа. На ваков начин се прават обиди да се …
Continue Reading
Облачно со сончеви периоди, на некои места слаб снег
Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Во утринските часови наместа ќе провејува слаб снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 3, а максималната ќе биде во интервал од 7 до 13 степени. Во Скопје, времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен …
Continue Reading
Марш на ангелите“ во Кочани: До кога ќе се одложува правдата и вистината за „Пулс“
Родителите и блиските на загинатите во пожарот во „Пулс“ одржаа уште еден „Марш на ангелите“ во Кочани, кој почна од Паркот на револуцијата. Тие порачаа дека се разочарани поради одложувањето на судското рочиште, побараа правда и правично судење. „Го преживеавме првото рочиште, беше тешко и болно, но издржавме со надеж дека второто ќе го отвори патот до правдата, а наместо …
Continue Reading