26 малолетници затекнати по 24:00 часот, од нив 14 под дејство на алкохол при контрола во угостителски објект во Свети Николе

Ноќеска во 00.10 часот, полициски службеници од СВР Штип – ОВР Свети Николе, во содејство со инспектори од Дирекција за заштита и спасување, Државен пазарен инспекторат, Управа за јавни приходи, Државен трудов инспекторат и Центар за социјални работи, извршија контрола во угостителски објект во Свети Николе, соопшти МВР. При контролата, во угостителскиот објект биле затекнати 26 малолетни лица после 24:00 …

Continue Reading

ДПМНЕ со тенденција инфлацијата да ја претвори во нов данок на сиромаштијата, велат од Левицата

Во услови кога државата се соочува со највисокиот просечен раст на трошоците на живот во последните години, Владата предводена од коалицијата ВМРО – ДПМНЕ – ЗНАМ – ВРЕДИ продолжува да тврди дека „инфлацијата е под контрола“, истакнуваат од Левицата. „Меѓутоа, официјалните податоци и реалноста на секојдневниот живот на граѓаните го демонстрираат спротивното. Само во октомври, споредено со истиот месец лани, …

Continue Reading

Со закани кон вработената украл пари: разбојништво во обложувалница во Струга

Синоќа во 23:15 часот во ОВР Струга е пријавено дека во 23:00 часот во спортска обложувалница во Струга, едно лице со закани кон вработената одзело пари од дневниот промет. Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.

Continue Reading

(Видео) Манасиевски: Молкот на СДС за отписот на 2.000 тони јачмен и пченица е потврда за криминалот вреден 800.000 евра

Молкот на СДС за отписот на 2.000 тони јачмен и пченица од стоковите резерви на државата е потврда за тоа дека станува збор за криминал вреден 800.000 евра, вели Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ. „Откако по направениот записник на Димковски, а потоа донесен и заклучок од страна на владата на Заев, Филипче и Николовски, за отпис на 2.000 …

Continue Reading

Андоновски: Со бесплатните Wi-Fi зони и електронските уреди го надминуваме дигиталниот јаз меѓу студентите

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, денеска оствари работна посета на Филозофскиот факултет во Скопје, каде заедно со деканот Оливер Бакрески ја потврдија досегашната успешна соработка преку потпишување Меморандум за соработка и ја претставија новата бесплатна интернет зона наменета за студентите. „Можам да најавам дека ова е првата ваква зона која Министерството за дигитална трансформација ја обезбедува од сопствени средства. …

Continue Reading

СДСМ обвинува за тендерски скандал: Вториот вработен во фирмата со договори од 9 милиони евра бил поврзан со УБК и уништувањето на опремата за прислушување

На прес-конференција портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска, обвини дека власта продолжува со, како што рече, „криминални тендерски шеми“. Таа посочи дека вториот вработен во фирмата која добила тендери од речиси 9 милиони евра за само шест месеци е Глигор Поцев. Кузеска наведе дека Поцев бил сведок во случајот „Таргет–Тврдина“ за уништувањето на опремата за масовно прислушување, како тогашен вработен во …

Continue Reading

Родриго падна во „црна дупка“, 30 натпревари не постигнал гол

Родриго успеа да го израмни негативниот рекорд на Реал Мадрид. Бразилецот врза 30 натпревари во дресот на Реал во кој не постигна гол, што е најлошата серија, на напаѓач во историјата на „кралскиот клуб“. Со доаѓањето на Чаби Алонсо, Родриго целосно падна во втор план, откако беше незаменлив под водство на Карло Анчелоти. Ова лето, дури се шпекулираше дека Флорентино …

Continue Reading

Штрајк на земјоделците ја блокира грчката страна на Граничниот премин Дојран

Сообраќајот на Граничниот премин Дојран од грчка страна денеска е блокиран од 10:30 до 12:30 часот поради штрајк на земјоделците, соопштија надлежните служби. Прекинот важи за сите видови возила.

Continue Reading

Се вклучија камерите во Скопје, возачите што ќе направат прекршок ќе добијат опомена

Камерите поставени на сообраќајниците низ Скопје од денеска ќе снимаат, а возачите кои ќе направат прекршок ќе добијат опомена, а од 1 јануари ќе се казнува. „Сторителите на прекршоци кои ќе бидат документирани преку системот Безбеден град ќе бидат санкционирани согласно одредба која ја регулира најголемата дозволена брзина на движење на возилата, односно нема да има толеранција без разлика дали …

Continue Reading