Ниту еден од обвинетите за пожарот во „Пулс“ не призна вина

Ниту еден од 35 физички и три правни лица обвинети за пожарот во дискотеката „Пулс“ во кој загинаа 63 лица, не признаа вина. Многумина од нив изразија длабоко сочувство, а некои побараа да бидат ослободени затоаш не знаат зошто се во судницата. Првообвинетиот Дејан Јованов, сопственик на „Пулс“, кажа дека не чувствува вина. „Не се чувствувам за виновен за кривичните …

Continue Reading

Бројот на жртви од пожарот во Хонг Конг се искачи на 156, на жителите им беше дозволено кратко да се вратат во своите станови

Бројот на жртви во пожарот што избувна во станбениот комплекс Ванг Фук Корт во Хонг Конг минатата среда се искачи на 156, а жителите на единствената зграда што не беше погодена од пожарот ќе можат да се вратат во своите домови за кратко време утре и четврток за да соберат лични работи, објавија денес властите. Полицијата објави дека се пронајдени …

Continue Reading

Враќањето на воениот херој: Залужни се враќа на политичката сцена во Украина?

Поранешниот врховен командант на украинските вооружени сили, Валериј Залужни, наговести за можно враќање во Украина објавувајќи фотографија на социјалните мрежи со натпис „Подобро е дома“, објавија украинските медиуми. Претходно, британскиот весник „Тајмс“ објави дека Залужни е единствената потенцијална замена за претседателот Володимир Зеленски поради корупцискиот скандал. Во меѓувреме, Врховната рада соопшти дека поранешниот врховен командант на украинските вооружени сили би …

Continue Reading

Пијан удрил во паркирано возило, па се заканувал на сопственичката: уапсен 31-годишник од Пробиштип

Ноќеска во 02:53 часот на улицата „Гоце Делчев“ во Свети Николе, полициски службеници од ОВР Свети Николе го лишија од слобода 31-годишниот М.П. од Пробиштип. Претходно, тој со возило „фолксваген пасат“, кое го управувал, удрил во паркирано возило, по што се заканувал на сопственичката на паркираното возило М.С.(21) од Свети Николе. Додека, при преземање мерки во врска со настанот, полициските …

Continue Reading

Леброн само пет пати во кариерата одиграл ваков натпревар

Леброн Џејмс, учествуваше во поразот на Лос Анџелес Лејкерс против Феникс Санс (108:125). Ветеранот на теренот мина малку повеќе од 31 минута. Го заврши натпреварот без ниту еден скок, што претходмо му се случило пет пати во кариерата. Постигна 10 коша. Еден помалку би значел крај на чудесната серија. Рекордерот според бројот на постигнати поени во НБА (42.260 во регуларната …

Continue Reading

„Македонија може да стави крај на ХИВ – потребни се здружени сили и стабилна превенција“

Северна Македонија има реална можност во следните години целосно да ја елиминира епидемијата на ХИВ, доколку навременото тестирање стане широко достапно, превенцијата биде системски зајакната, а институциите и граѓанскиот сектор продолжат со заедничка работа. Ова беше клучната порака од конференцијата по повод Светскиот ден за борба против ХИВ, организирана од ХЕРА. „Навременото тестирање претставува најважната алатка за постигнување на целта …

Continue Reading

(Фото) Холивудска ѕвезда се породи и објави фотографија од болница: „Беше лудо возење“

Актерката Ванеса Хаџинс и нејзиниот сопруг, поранешниот играч на МЛБ, Кол Такер, добија уште едно дете. Тие ја споделија добрата вест на Инстаграм во форма на фотографија од мајката и детето од нивниот болнички кревет. View this post on Instagram A post shared by 🔮Vanessa Hudgens🔮 (@vanessahudgens) „Па… успеав. Донесов уште едно бебе на свет! Породувањето е навистина неверојатно искуство. …

Continue Reading

Поплави во Индонезија: Бројот на жртви надмина 750, еден милион луѓе евакуирани

Бројот на жртви од катастрофалните поплави и лизгања на земјиштето што го погодија индонезискиот остров Суматра се искачи на 753, додека уште 504 лица се водат како исчезнати. Властите евакуираа еден милион луѓе од најзагрозените подрачја, а ова е драстично зголемување на бројот на жртви во споредба со вчера, кога беа регистрирани 604 смртни случаи, пишува The Guardian. Вкупно 3,2 …

Continue Reading

Македонскиот виртуоз на виолина Владимир Костов и камерниот оркестар „Профундис“ ја носат „Candlelight“ магијата во срцето на Битола

Илјадници свеќи ќе го осветлат Центарот за култура во Битола на 6 декември, кога ќе се одржи првиот „Candlelight“ концерт во овој град – исклучително музичко и визуелно доживување во изведба на камерниот оркестар Профундис, под диригентската палка на маестра Ѓурѓица Дашиќ. На ова специјално издание како солист ќе настапи Владимир Костов, концерт-мајстор на Македонската филхармонија и еден од најценетите …

Continue Reading