Незадоволниот Дарвин Нуњез посакува трансфер во Ривер Плата

Интересни вести доаѓаат од Саудиска Арабија. Пред помалку од шест месеци, напаѓачот Дарвин Нуњез официјално го напушти Ливерпул и се пресели во Ал Хилал од Ријад во трансфер вреден 53 милиони евра, додека со дополнителни бонуси може да порасне до 60. Тој го замени Александар Митровиќ како напаѓач на веројатно најмоќниот азиски клуб, постигна пет гола со две асистенции на …

Continue Reading

(Видео) Татко на една од жртвите: Загрижува што обвинетите се однесуваат како оштетени и како првпат да слушаат за дискотеката „Пулс“

Загрижува фактот што обвинетите продолжуваат да добиваат јавен простор за изјави и медиумски настапи иако се соочуваат со сериозни обвиненија за последиците од настанот во кој беа уништени 63 животи и зацрнети 200 семејства, изјави Александар Наунов, татко на загинатата Надица Наунова, по денешното судење за пожарот. „Тие се однесуваат како тие да се оштетени, како да не знаат зошто …

Continue Reading

Сиљановска-Давкова ги прими акредитивите на новоименуваната амбасадорка на Индонезија, Листиана Оперананта

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска на свечена церемонија ги прими акредитивните писма на новоименуваната амбасадорка на Република Индонезија, Листиана Оперананта, со седиште во Софија. Сиљановска-Давкова изрази задоволство од динамиката на билатералните односи, воспоставени на 25 мај 1993 година, истакнувајќи ја важноста на продлабочувањето на соработката на политички план, во меѓународните организации, како и во економијата. На средбата претседателката ја нагласи важната …

Continue Reading

ВЛАДИМИР АНГЕЛИЧИН – ЖУРА ПОСТХУМНО Е ДОБИТНИК НА НАЈВИСОКАТА ОПШТИНСКА НАГРАДА „ СВ. КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ – ПАТРОН НА ГРАДОТ ОХРИД“

Познатиот охридски новинар, публицист и хроничар,  Владимир  Ангеличин – Жура постхумно е добитник на највисоката општинска  наградата „Св. Климент Охридски – Патрон на градот Охрид“. Одлуката е донесена едногласно од страна на петчлената комисија  во состав: Перчо Божиновски, претседател и членовите:  Горан Стојаноски, проф. д-р Татјана Димоска, Славе Ѓорѓо – Димоски и Горан Патчев. Владимир Ангеличин –Жура (1946- 2025)  во …

Continue Reading

Сега е официјално, Србија има нов селектор

Вељко Пауновиќ официјално стана селектор на српските фудбалери, потврди Фудбалскиот сојуз на Србија. Во Стара Пазова, Пауновиќ потпиша договор со челниците на Фудбалскиот сојуз на Србија до 2030 година и ќе има пошироки овластувања во однос на сите национални селекции. Најважно е што Пауновиќ ќе ја извршува улогата на селектор до крајот на Светското првенство што се одржува таа година. …

Continue Reading

(Фото) Спречен обид за шверц на фалсификат прашок „ариел“ штетен за здравјето на луѓето

Фалсификат прашок за перење алишта „Ариел“, кој е штетен по здравјето на луѓето како и за животната средина, е запленет во царинската испостава Тетово. Прашокот бил од Турција, а наменет за увозник од Скопје. Царински службеници од ЦИ Тетово спречија обид за криумчарње стока која била натоварена во Турција и наменета за увозник од Скопје. Станува збор за 2000 килограми, …

Continue Reading

Странски и домашни експерти работат на физибилити студија за гондола на „Пелистер“

Тим од странски и домашни експерти денеска презентираа дел од решенијата од процесот на изработка на физибилити студија за изградба на гондола на „Пелистер“. Експертите од Словенија и Франција, како и домашните, ги претстави претседателот на Советот Бојан Бојкоски, пред присутните советници, администрацијата на општината, планинари, здруженија и медиумите. Екипата која ќе ја подготвува физибилити студијата за гондолата, констатирала голем …

Continue Reading

Перински: Еднаква поддршка за сите – урбаните општини имаат целосен пристап до услугите на Ресурсниот центар

Во рамки на караванот „Каде што срцето е дома“, министерот за локална самоуправа, Златко Перински, оствари работна средба со градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски и членовите на Советот на општината. Разговорите беа насочени кон клучните приоритети на општината, тековните инфраструктурни активности, како и кон можностите за дополнителна поддршка преку Ресурсниот центар за поддршка на развојот на општините, кој обезбедува …

Continue Reading

Сиљановска-Давкова ги прими акредитивите на новоименуваниот амбасадор на Молдавија, Емил Жакота

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска ги прими акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Република Молдавија, Емил Жакота, кому му посака успешно извршување на значајната дипломатска мисија. Триесетгодишнината од воспоставувањето на дипломатските односи, според нив, сведочи за долг период на меѓусебно пријателство, што во иднина треба да се збогати со поширока соработка во повеќе области, пред сѐ во економијата, за што е …

Continue Reading