Целта е да изградиме модерен и европски здравствен систем: Алиу ги презентираше реформските процеси во здравството

Министерот за здравство, Азир Алиу, денес ги презентираше реформските процеси на состанокот на секторската работна група за здравство, што се одржа во Владата. – Здравството претставува темел на стабилно, просперитетно и демократско општество. Нашата заедничка цел е да изградиме модерен, одржлив и европски здравствен систем – систем кој ќе биде ефикасен во превенцијата, навремен во дијагностиката, квалитетен во лекувањето и …

Continue Reading

Песков: Русија работи на постигнување мир во Украина, а не на примирје

Русија работи на постигнување мир во Украина, а не на примирје, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, на прес-конференција, коментирајќи ги изјавите на украинскиот претседател Володимир Зеленски за подготвеноста на Киев за „енергетско примирје“. „Одржливиот, загарантиран, долгорочен мир, постигнат со потпишување на релевантните документи, е апсолутен приоритет“, рече Песков, пренесува Спутник. Кремљ ќе следи како ќе се развива ситуацијата по …

Continue Reading

Сите средни училишта во Скопје ќе добијат фотоволтаици

Сите средни училишта во Скопје ќе добијат фотоволтаици, кажа на денешната седница на Советот на градот Скопје, градоначалникот Орце Ѓорѓиевски. „На денешната седница на Советот на градот Скопје, го потврдив она што го ветив во мојата кампања, дека започнуваме со целосна енергетска трансформација на образовните институции. Секое средно училиште на територијата на градот ќе добие сопствен фотоволтаичен систем до крајот …

Continue Reading

Претреси на повеќе локации во Скопје за откривање дрога и оружје

Полицијата утрово изврши претреси на повеќе локации во Скопје за пронаѓање на оружје и дрога. Во текот на утрово полициски службеници под раководство на јавен обвинител од обвинителството за гонење криминал и корупција, извршија претреси на повеќе локации во Арачиново, Ченто, Брест, Инџиково и Чаир поради основи на сомневање за сторени кривични дела поврзани со оружје и дрога. Повеќе информации …

Continue Reading

Откриени 10-те најстресни животни одлуки

Некои одлуки ги донесуваме без многу размислување – како што е што да јадеме за вечера, додека други можат да ни предизвикаат сериозни проблеми. Преселба, промена на работа, прекинување или започнување врска… Сето ова се ситуации што можат да предизвикаат стрес и сомнеж. Новото истражување сега открива точно кои животни одлуки луѓето ги сметаат за најризични и стресни, а резултатите …

Continue Reading

Канцеларијата на ОН за човекови права едвај преживува поради недостаток на донации

Високиот комесар на ОН за човекови права, Фолкер Турк, изјави дека неговата канцеларија „едвај преживува“ поради големото намалување на финансирањето од глобалните донатори, додека кршењата на правата и потребите во областите погодени од војната се зголемуваат. „Нашите ресурси се намалени, заедно со финансирањето за организациите за човекови права – вклучително и оние на локално ниво – низ целиот свет. Едвај …

Continue Reading

(Видео) Манасиевски: Третиот стожер на „Стратегијата Македонија 2030“ е правна држава и институционална зрелост

Развојот на државата е невозможен без силни и доверливи институции. Затоа, „Стратегија Македонија 2030“ поставува јасна обврска, а тоа е систем изграден од правила, стандарди и професионализам, вели Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ. „Денес го презентираме третиот стожер – Правна држава и институционална зрелост. Нашиот план се заснова на три основи, а тие се независност, професионалност и транспарентност. …

Continue Reading

Просинечки го презеде Киргистан

Роберт Просинечки официјално ја презеде фудбалската репрезентација на Киргистан, потврди Фудбалскиот сојуз на таа земја. Искусниот хрватски стручњак потпиша едногодишен договор, со можност за продолжување за уште една сезона, додека секоја понатамошна соработка, потенцијално за уште три години, ќе зависи од резултатите од Азискиот куп во 2027 година. Претседателот на Сојузот, Камчибек Ташијев, истакна дека преговорите поминале брзо и без …

Continue Reading

Општините го воспоставија Меѓуопштинскиот одбор за управување со отпад во Пелагонискиот и Југозападниот регион

Општините од Пелагонискиот и Југозападниот регион денес, во Скопје, одржаа конститутивна седница и официјално го формираа Меѓуопштинскиот одбор за управување со отпад (МОУО) – формален и функционален механизам што ги обединува двата региона во единствена структура за управување со отпад. Со ова, државата прави решителен чекор кон воведување модерен, координиран систем за управување со отпад по европски стандарди. На настанот …

Continue Reading