Данска: Именувањето на американскиот претставник го одразува континуираниот интерес на Трамп за Гренланд

Одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп да го назначи гувернерот на Луизијана, Џеф Ландри, за свој специјален пратеник за Гренланд, сигнализира континуиран интерес на САД за арктичкиот остров, изјави во понеделник данскиот министер за надворешни работи Ларс Локе Расмусен. „Назначувањето го потврдува континуираниот интерес на САД за Гренланд. Сепак, инсистираме дека сите, вклучително и САД, мора да покажат почитување на …

Continue Reading

Пешиќ би можел да се врати во Баерн

Светислав Пешиќ би можел повторно да седне на клупата на Баерн Минхен. Легендарниот српски тренер, до неодамна селектор на српската репрезентација, се споменува како прв кандидат да го води германскиот шампион до крајот на сезоната. Баерн го отпушти Гордон Херберт по серијата лоши резултати, а грчките медиуми пишуваат дека доколку Баварците се одлучат за привремено решение, Пешиќ има најголеми шанси. …

Continue Reading

Трамп менува 30 амбасадори, меѓу кои и Агелер

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп заменува 30 дипломати од кариера од амбасадорски и други позиции во амбасадите, меѓу кои и американската амбасадорка во земјава, Анџела Агелер. Ова доаѓа како дел од напорите за преобликување на американските дипломатски мисии и назначување персонал кој се смета дека целосно ги поддржува приоритетите на Трамп отелотворени во неговата порака „Америка на прво место“. …

Continue Reading

Орбан: Колапсот на Украина би бил катастрофа за Унгарија

Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека колапсот на Украина би бил катастрофа за Унгарија и дека мора да се направи сè за да се спречи тоа. Тој ја испрати пораката во неделата за време на говорот во Сегед, како дел од неговата предизборна турнеја, каде што се соочува со силна опозиција пред претстојните избори за прв пат по 15 години …

Continue Reading

Која баба детето ја сака повеќе – бабата од мајчина или од таткова страна?

Децата добиваат многу позитивни работи од своите баби и дедовци. Сепак, науката открива дека бабите по мајчина линија треба да имаат поголема, поважна улога од бабите по татко. Студија спроведена на Универзитетот во Мичиген покажува дека децата често се емоционално поблиски до своите баби по мајчина линија, поминуваат повеќе време со нив и добиваат повеќе внимание и ресурси отколку од …

Continue Reading

Најскапиот играч во историјата на Ливерпул сериозно е повреден

Александер Исак (26) постигна гол за Ливерпул против Тотенхем во 17-то коло од Премиер лигата кратко по влегувањето во игра. „Црвените“ го добија натпреварот со 2:1, но на долг период го загубија напаѓачот, кој ова лето стана најскапиот играч во историјата на клубот и Премиер лигата. Ливерпул, во финишот на летниот преоден рок го купи Исак од Њукасл за 145 …

Continue Reading

Македонското глумиште денес се простува од својот колега актерот Лазе Манасковски

Драмски театар Скопје ја информира јавноста дека погребот на актерот Лазе Манасковски е денес на Градските гробишта во Бутел. Семејството, роднините, колегите, пријателите и почитувачите ќе се простат од Лазе Манасковски од 11:30 до 12:30 часот во капелата на гробиштата. Македонскиот театарски, филмски и телевизиски актер Лазе Манасковски е роден на 27 март 1958 во Скопје, а почина на 20 …

Continue Reading

Македонија трета во Европа по убиства на жени од партнер или член на семејство

Македонија се најде на третото место во Европа според стапката на убиства на жени извршени од партнер или член на семејството, покажуваат најновите податоци на Евростат за 2023 година, анализирани од „Еуроњуз“. Според податоците, во Северна Македонија биле убиени шест жени на еден милион жители, што ја става земјата веднаш зад Латвија и Литванија. Латвија бележи највисока стапка во Европската …

Continue Reading

Кем Пејн потврди дека доаѓа во Партизан

Американскиот кошаркар Камерон Пејн, објави црно-бело срце на својот Инстаграм профил, со што потврди дека кариерата ќе ја продолжи во кошаркарскиот клуб Партизан. Во изминатите неколку дена се пишуваше дека црно-белите се блиску до трансферот на американскиот плејмејкер од Њујорк Никс и дека се чека назначувањето на новиот тренер, за клубот да може да објави дека и Пејн ќе пристигне …

Continue Reading