Потпорен ѕид се урна во Штип и оштети автомобили кај болницата

Потпорен ѕид на улицата Љубен Иванов во Штип, во близина на клиничката болница, утрово околу 9 часот се сруши и падна врз две паркирани возила, јавуваат локалните медиуми. Во инцидентот нема повредени лица, а на местото на настанот веднаш излегле надлежните служби. Според првичните информации, причина за уривањето на ѕидот се неповолните временски услови.  

Continue Reading

Јаневска: Почнуваме нов циклус вложувања во 160 образовни инфраструктурни објекти

Почнуваме нов циклус на вложување во образовни инфраструктурни објекти, кои се еден од основните елементи за подигнување на квалитетот на образованието и за развој на психичкото и физичкото здравје на учениците. Лани вложивме 67 милиони за инфраструктурата. Годинава почнуваме нови 160 инвестиции, од кои 60 се спортски сали. Ова го изјави министерката за образование и наука Весна Јаневска по поставувањето …

Continue Reading

Јилдиз за поголема плата ќе остане во Јувентус

Јувентус наскоро ќе го продолжи договорот со Кенан Јилдиз. 20-годишниот Турчин е означен како централна фигура на новиот проект на клубот. Јилдеиз во 2022 година притигна во Јувентус. Италијанскиот клуб успеа да го донесе без обесштетување од Баерн. Тој, последните 12 месеци, беше мета на многу европски гиганти, со оглед на тоа што игра во Јувентус за 1.500.000 евра по …

Continue Reading

Нелоски: Фирмата на татко ми што ја спомнува СДСМ не учествува на тендери

Шефот на кабинетот на премиерот, Владимир Нелоски, ги отфрла тврдењата на СДСМ дека фирмата на неговиот татко учествува во државни тендери. Тој најави тужба против партијата. „Ја гледам онаа тирада на нечесни и валкани прес конференции на СДС партијата која е петта во градот Скопје и трета во државата. Тие изобилуваат со невистини, креирани информации и полу информации. Тие треба …

Continue Reading

Тепање, закани со компромитирачко видео, одземање телефон – повеќе пријави за родово насилство во Скопје од партнери и поранешни сопрузи

Во текот на 26 и 27 јануари 2026 година, во Скопје се пријавени повеќе случаи поврзани со семејно и родово базирано насилство, информира Министерството за внатрешни работи. На 27 јануари, околу 00:30 часот, 40-годишна жена пријавила дека претходната вечер околу 20:00 часот, на подрачјето на Гази Баба, била физички нападната од нејзиниот партнер Д.П. во неговиот дом. Полицијата презема мерки …

Continue Reading

Турски државјанин уапсен на скопскиот кеј – измамил сонародник за 6.650 евра

Полицијата го приведе 30-годишниот К.К. од Турција, кој се сомничи дека измамил друг турски државјанин за сума од 6.650 евра. Апсењето било извршено на 26 јануари 2026 година, околу 13:40 часот, на кејот „Димитар Влахов“ во Скопје. Според пријавата, осомничениот во октомври 2025 година стапил во контакт со оштетениот преку социјална мрежа и му ветил дека ќе посредува за добивање …

Continue Reading

Алкараз преку Де Минор до првото полуфинале на АО во кариерата

Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз стигна до првото полуфинале на Австралија Опен во кариерата. Карлос Алкараз го победи Алекс де Минор со 3-0 во сетови (7:5, 6:2, 6:1). Шпанецот дојде до шестата победа во исто толку дуели со Астралијанецот, а на патот до полуфиналето не загуби ниту еден сет. Интересно е што ова е само прв пат шесткратниот шампион на Гренд …

Continue Reading

Светскиот вокален феномен Емели Санде на 7 ноември во Скопје

Скопје станува дел од светската музичка мапа со концертот на единствената Емели Санде, најмоќниот женски вокал на новата светска соул ера. На 7 ноември, во арена „Борис Трајковски“, македонската публика ќе има привилегија да ја доживее во живо артистката која ја редефинираше емоцијата во музиката и со својата автентичност го освои светот. Со повеќе од 20 милиони продадени изданија, милиони …

Continue Reading

Договор за продажба на имот со својот татко, па поврат преку катастар: Кривични пријави за службена злоупотреба и измама

Полицијата поднесе кривични пријави против две лица поради сомнение за злоупотреба на службената положба и измама во постапка поврзана со продажба и поврат на недвижен имот. Според информациите од МВР, пријавениот З.М. (51) од Струмица во 2022 година дал полномоштво на трето лице за продажба на негов имот, иако претходно потпишал изјава дека тој имот нема да го отуѓува, заложува …

Continue Reading