Уапсени 15 возачи кои возеле без возачка и пијани

Вчера полицијата приведе 15 возачи поради возење без возачка, со активна забрана за управување, возење под дејство на алкохол и нерегистрирани возила, а една од нив е малолетничка, соопшти МВР. Во текот на вчерашниот ден, полициски службеници на целата територија на државата лишија од слобода 15 возачи, од кои двајца во Тетово и по еден во кочанско, Куманово, Гостивар, струмичко, …

Continue Reading

Се воведува истражувачко новинарство во наставата по Граѓанско образование за 8. и 9 одделение

Министерката за образование и наука, Весна Јаневска, присуствуваше на промоцијата на новиот курикулум за истражувачко новинарство по предметот Граѓанско образование, во Собранието на Македонија. На настанот присуствуваа претседателот на Собранието Африм Гаши, амбасадорот на Швајцарската Конфедерација во Македонија Кристофер Зомер, претставници на Парламентарниот институт, Националниот демократски институт (НДИ), наставници и ученици. Модулот за истражувачко новинарство е вид на практична школа …

Continue Reading

Комбе удри пешак во Скопје, со тешки повреди е пренесен во болница

Вчера околу 14:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на бул.„Борис Трајковски“ во Скопје, товарно возило „фолксваген кеди“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.Т.(21) од Скопје, удрило во пешакот З.С.(56) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Continue Reading

Старица паднала од автобус, па била прегазена

Вчера околу 12:40 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, автобус „мерцедес“, управуван од В.А.(56) од Скопје, ја прегазил преку нога 72-годишната А.Б. од Скопје, откако претходно паднала од автобусот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила А.Б., констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен е увид од увидна екипа од СВР …

Continue Reading

Силна поддршка за американските мировни напори за Украина и Европа – Мисајловски со порака во седиштето на НАТО

Министерот за одбрана Владо Мисајловски денеска присуствуваше и се обрати на состанокот на Северноатлантскиот совет на Алијансата во седиштето на НАТО во Брисел, на кој присуствуваа министрите за одбрана на сојузничките земји. Мисајловски во денешното обраќање се осврна на целите, приоритетите и активностите кои се превземени од страна на Владата, Министерството за одбрана и Армијата во согласност со договореното од …

Continue Reading

Вим Вендерс од Берлинале: Филмовите можат да го променат светот, но не на политички начин

Берлинскиот филмски фестивал започна во четврток во изразен политички тон, откако натпреварувачкото жири, предводено од режисерот Вим Вендерс, одговараше на повеќе прашања за актуелната состојба во светот, вклучително и војната во Газа. На прашањето дали филмовите можат да влијаат на промени во политичката сфера, славниот германски режисер изјави дека „филмовите можат да го променат светот“, но „не на политички начин“. …

Continue Reading

ВМРО-ДПМНЕ со поддршка за Стојаноска, остро против Трендафилов: „Тој паничи оти е фатен жив во злоупотреба“

Пратеничката Лидија Петкоска, во име на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, од собраниската Комисија за еднакви можности и од Унијата на жени на партијата, остро реагираше на постапките на претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов, во контекст на нападите кон пратеничката Дафина Стојаноска. „Она што го видовме од страна на Трендафилов е директен атак, обид за замолчување и брутален притисок врз жена …

Continue Reading

Николоски на средба со новата амбасадорка на САД: Постојат реални можности за интензивирање на соработката

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, денеска оствари работна средба со Никол Варнс, вршител на должноста амбасадор на САД во земјава. На средбата се разговараше за реализацијата на капиталните проекти со посебен фокус на изградба на автопатите Битола – Прилеп, Кичево -Гостивар (Стража) и Тетово -Гостивар. САД се долгогодишен стратешки партнер и силен подржувач на Македонија …

Continue Reading

Албанија на суд поради ВИ министерката: Актерка ја тужи владата за злоупотреба на нејзиниот лик

Албанската министерка – првиот виртуелен државен функционер во светот, би можела да остане без својот препознатлив лик, откако актерката врз чии карактеристики е создаден дигиталниот аватар поднесе тужба против Владата на Албанија. Премиерот Еди Рама во август 2025 година најави можност за именување министер или премиер заснован на вештачка интелигенција, а веќе во септември беше претставена Диела – вештачка функционерка …

Continue Reading