Поплавени куќи во селата Буковиќ и Семениште во општина Сарај
Во тек се активности за санирање на последиците кај поплавени куќи кај селата Буковиќ и Семениште во општина Сарај. – Екипи од Бригада за противпожарна заштита на Град Скопје и Тетово вршат испумпување на водата од поплавените објекти и расчистување на критичните точки, додека ЈП Водовод и канализација – Скопје стабилизираат и прочистуваат канализациската мрежа за да се спречат дополнителни …
Continue Reading
Во Гостивар две деца и нивната мајка останаа заробени во домот поради поплавите
Поради непрестајните врнежи и излевањето на реките, западниот дел на Македонија се наоѓа во вонредна состојба. Во Кичево, стотици семејства беа евакуирани додека водата ја проголта улицата „Прилепска“ и зафати делови од болницата. Во Гостивар, две деца и нивната мајка останаа заробени во домот, опкружени со бучавата на дивата вода, додека спасувачките екипи брзаа да стигнат навреме. Во Тетово и …
Continue Reading
Кривична пријава против сопственик и фирма од Делчево поради пожар со 30 гости во објектот
МВР поднесе кривична пријава против правно лице од Делчево и неговиот сопственик Н.Д. (35), поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“, односно поради пожар, кој избувнал на 1 јануари 2026 година, во момент кога во неговиот објект биле сместени околу 30 гости и довел до сериозна опасност за нивниот живот и здравје, информира полицијата. Според …
Continue Reading
Десет возачи лишени од слобода за возење без дозвола, со забрана и под алкохол
Полициски службеници на целата територија на државата вчера лишија од слобода десет возачи, од кои осуммина поради возење без возачка дозвола, двајца поради управување со возило со активна мерка забрана за управување моторно возило од Б категорија и еден поради возење под дејство на алкохол. Од МВР информираат дека двајца возачи се лишени од слобода во Тетово, а по еден …
Continue Reading
Скопјанец со нож тешко ја повредил 17-годишната девојка со која живеел во вонбрачна заедница
Пијан скопјанец ја нападнал со нож неговата 17-годишна девојка со која живеел во вонбрачна заедница. Таа била пренесена во Општа болница во Струга каде ѝ биле констатирани телесни повреди. ОВР Струга поднесе кривична пријава против С.Р.(31) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела телесна повреда и вонбрачен живот со дете. Тој, на 14.02.2026 околу 18 часот …
Continue Reading
Обилните врнежи предизвикаа поплави во повеќе региони, во Кичево евакуирани околу 180 лица
Центарот за управување со кризи информира за состојбата по обилните врнежи од дожд заклучно со 12:30 часот, при што се регистрирани поплави и свлечишта во повеќе региони во државата. Во кичевскиот регион, во текот на ноќта, обилните врнежи предизвикале излевање на Зајашка Река на улицата „Прилепска“ во Кичево, каде што се зафатени повеќе куќи. Евакуирани се околу 180 лица, кои …
Continue Reading
За да го измамат Безбеден град ги криеле табличките, полицијата ги приведе
Полицијата лишила од слобода двајца возачи поради прикривање регистарски ознаки, при акциска контрола спроведена ноќта меѓу 13 и 14 февруари, од 19:00 часот до 03:00 часот на подрачје на Центар и Бит Пазар во Скопје. МВР денеска соопшти дека при контролата констатирани се седум сообраќајни прекршоци и одземени се две возила по член 378 и член 380 од Кривичниот законик. …
Continue Reading
Можни излевања на реките, критична состојба во Полошко, Кичевско и Пелагонија
Управата за хидрометеоролошки работи напладне издаде предупредување за значително зголемување на водостојот на реките во западните делови од државата, по обилните врнежи во изминатите 24 часа кои предизвикаа нагло полнење на речните корита. Според најавите, состојбата може дополнително да се влоши во текот на денот. Од Секторот за хидрологија информираат дека во Полошкиот регион, особено во горниот дел од сливот …
Continue Reading
Рама во Вашингтон ќе учествува на формирањето на Одборот за мир
На 19 февруари премиерот Еди Рама ќе биде во Белата куќа во Вашингтон, каде што ќе учествува на официјалното формирање на Одборот за мир. Ова го потврди лично премиерот за време на неделниот подкаст „Фласим“(зборуваме), отфрлајќи ги тврдењата на опозицијата дека воопшто не е поканет за учество на овој настан. – Деновиве добив покана од претседателот на Соединетите американски држави, …
Continue Reading