Медиуми: Зеленски ја промени рутата на летовите кон Европа поради конфликтот со Полска
Украинскиот претседател Володимир Зеленски почна да го користи молдавскиот воздушен простор за летови кон Европа, објави украинскиот портал „Strana.ua“ на својот Телеграм канал. Според тој медиум, Зеленски претходно го користел полскиот аеродром Жешов-Јасионка за меѓународни патувања, кој од почетокот на конфликтот во Украина игра важна логистичка улога за Киев и неговите западни сојузници. Сепак, на 7 јуни, како што е …
Continue Reading
Британците жалат за Брегзит, само дел од постарата популација е против ЕУ
Доколку референдумот за Брегзит беше организиран денес, мнозинството Британци не би гласале за излегување на Велика Британија од Европската Унија, според резултатите од анкетата објавена денес. На референдумот одржан во 2016 година, граѓаните на Велика Британија гласаа за Брегзит. Резултатите од анкетата спроведена од Ипсос на примерок од 1.137 возрасни Британци покажаа дека 52 проценти од Британците сметаат дека Велика …
Continue Reading
Психолог открива што прават паровите во најсреќните врски наместо да гледаат телевизија
Вечерите на многу парови се сведуваат на гледање телевизија по работа, но психологот Марк Траверс верува дека постојат подобри начини за поврзување. Според него, најсреќните парови не треба да прават големи промени за да ја зајакнат својата врска. Доволно е дел од времето што би го поминале пред екранот да го заменат со активности што поттикнуваат разговор, соработка и блискост. …
Continue Reading
Иран ја обвини Америка за новата ескалација на Блискиот Исток
Техеран го обвини Вашингтон дека е директно одговорен за континуираниот конфликт на Блискиот Исток откако претходно Иран и Израел разменија оган за прв пат од прекинот на огнот на 8 април, а проиранските Хути повторно го нападнаа Израел за неколку недели. „Никој не верува дека ционистичкиот режим (Израел) би презел какви било чекори без претходна координација и соработка со Соединетите …
Continue Reading
Уапсен маж од Косово: превезувал брендирана стока без документација
Вчера во 19:15 часот на патот Граничен премин Блаце – Скопје, кај тунелот „Блаце“, полициски службеници од Мобилната единица за компензаторни мерки при Одделот за гранични работи и миграции во БЈБ го лишија од слобода 42-годишниот Р.Ш. од Косово. При преглед во товарно возило „фолксваген транспортер со косовски национални ознаки, кое го управувал, била пронајдена поголема количина на брендирана и …
Continue Reading
(Видео) Се урна приватен авион во Доминиканската Република, загинаа пилотот и копилотот
Две лица загинаа во недела кога приватен авион се урна на пистата на меѓународниот аеродром Ла Романа во источна Доминиканска Република, соопшти националната служба за цивилно воздухопловство. Пилотот и копилотот загинаа во несреќата, а во авионот немаше патници, објави CNBCTV18. Снимките објавени на социјалните мрежи покажаа густ облак од чад што се издига над аеродромот додека пожарникарите се бореа со …
Continue Reading
Герасимовски: Награди и признанија за првенците на генерација, по 20.000 денари за најуспешните ученици од општина Центар
Градоначалникот на општина Центар, Горан Герасимовски, им додели пофалници и парични награди во износ од 20.000 денари на првенците на генерацијата од сите осум општински училишта. Вкупно се издвоени 160.000 денари за најуспешните ученици. Наградените ученици во текот на своето деветгодишно образование покажале континуиран одличен успех, освоиле бројни признанија на државни и меѓународни натпревари и активно учествувале во вонучилишни активности, …
Continue Reading
Напад со нож во Лондон: Тројца избодени, едно лице во критична состојба
Три лица беа избодени во источен Лондон по пријавите за масовна тепачка. Службите за итни случаи реагираа на Ривер Роуд во Баркинг околу вчера во 23:20 часот, соопшти полицијата. Тројца мажи, на возраст од 22, 23 и 28 години, биле пронајдени на местото на настанот со убодни рани. Сите тројца биле префрлени во болница, а 22-годишникот е во критична состојба. …
Continue Reading
Балетскиот спектакл во два чина „Госпоѓа Бовари“ на сцената на Националната опера и балет на 17 јуни
На 17 јуни со почеток во 20.00 часот на сцената на Националната опера и балет ќе се изведе балетскиот спектакл „Госпоѓа Бовари“, дело поставено во два чина, инспирирано од безвременскиот роман на Г. Флобер. Балетот ја прикажува внатрешната борба на жената меѓу копнежот по страст и слобода, и стегите на општествените норми – тема која останува актуелна и денес. Диригент …
Continue Reading