Салата „Работнички“ ќе го носи името на легендарниот тренер Лазар Лечиќ
На иницијатива на градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, спортската сала „Работнички“ го доби името на легендарниот тренер Лазар Лечиќ. Предлогот едногласно беше усвоен на денешната шеста седница на Советот на Општина Центар. Герасимовски им се заблагодари на советниците за поддршката салата да го носи името на човекот кој оставил длабока трага во македонската кошарка и во историјата на КК …
Continue Reading
Активно се работи на изградбата на фабриката за селекција на отпад
Изградбата на фабриката за селекција на отпад претставува еден од најзначајните инфраструктурни проекти за модернизирање на системот за управување со отпадот во Општина Прилеп. Станува збор за прва фабрика од ваков тип во Македонија, со современа технолошка линија за селекција од реномираниот производител Technix, која што веќе е во завршна фаза на монтирање и има … The post Активно се …
Continue Reading
Пред четири години му го препишала станот, а потоа сурово и нечовечки ја малтретирал: поднесено е обвинение за сопругот на Ивана по трагедијата во Карпош
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинение против едно лице за три кривични дела поврзани со трагичниот настан во скопската населба Карпош, кога Ивана Јовановска скокна од шести кат заедно со своето малолетно дете. Како што соопшти Обвинителството, нејзиниот сопруг се товари за телесна повреда сторена како продолжено дело на семејно насилство, загрозување на сигурноста, како и за …
Continue Reading
Мицкоски: Системската реакција на македонските власти по пожарот во Кочани беше подобра отколку во Швајцарија
Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека системската реакција на институциите по пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани била подобра во споредба со трагедијата во Кран Монтана во Швајцарија. „Кога правите споредба на лоши настани, делувате некрофилски и јас не сакам да делувам така, но ќе дадам целосен одговор на вашето прашање. Ако се спореди тоа што ние како Влада го направивме …
Continue Reading
Тошковски: „Тигар“ 45 години симбол на врвна подготвеност и храброст на македонската полиција
Денеска беа одбележани 45 години од формирањето на Специјалната антитерористичка единица „Тигар“ при Бирото за јавна безбедност на Министерството за внатрешни работи – една од најреномираните и највисокопрофесионални полициски формации во државата. На настанот се обрати министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, кој истакна дека во изминатите четири и пол децении САЕ „Тигар“ изградила репутација на врвна професионална единица, чија …
Continue Reading
Одбележани 127 години од дипломирањето на Мустафа Кемал Ататурк во Битола
Во битолскиот музеј во спомен собата на Ататурк се одржа свеченост на која беше одбележана 127 годишнината од дипломирањето на основоположникот на Република Турција, Мустафа Кемал Ататурк во битолската воена гимназија. Градоначалникот на општина Битола Тони Коњановски присуствуваше на свеченоста, каде заедно со претставници на голем број делегации од нашата држава и од Република Турција, положи цвеќе пред споменикот на …
Continue Reading
ОКТА започнува иницијатива за поддршка на потрошувачите, по дополнителните количини гориво набавени преку продуктоводот ВАРДАКС
ОКТА, водечки снабдувач со горива во земјата, објави иницијатива насочена кон поддршка на домашниот пазар на нафтени деривати и олеснување на тековните притисоци, во услови на зголемена нестабилност на регионалните и меѓународните енергетски пазари. По успешниот прием на дополнителни количини на гориво преку продуктоводот ВАРДАКС, што дополнително го зајакнува капацитетот за снабдување на земјата, ОКТА започнува иницијатива за поддршка на …
Continue Reading
Министерот за одбрана на Косово: Србија со купувањето кинески ракети покажува хегемонистички амбиции
Министерот за одбрана на Косово, Ејуп Маќедонци, изјави дека тврдењата на српските власти дека се вооружуваат за одбрана од соседните земји не се основани и дека со купувањето кинеско оружје Србија покажува хегемонистички тенденции кон нив. Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, во четвртокот изјави дека Србија купила разорни кинески надзвучни балистички ракети CM-400 и дека „се подготвува да биде нападната …
Continue Reading
„Ројтерс“ за кинеските ракети што ги набави Србија: Можат да носат бојева глава од 200 килограми и имаат дострел до 400 километри
Србија неодамна купила кинески балистички ракети воздух-земја CM-400AKG за своето воздухопловство, со што станала првата европска земја што го користи тоа оружје, изјави српскиот претседател Александар Вучиќ, пренесе Ројтерс. „Имаме значителен број од тие ракети и ќе имаме уште повеќе“, изјави Вучиќ во директен пренос на државната телевизија РТС, неколку дена откако на интернет се појавија фотографии од ракетите поставени …
Continue Reading