Израел: Се планира атентат врз Трамп
Израел им достави на Соединетите Американски Држави нови разузнавачки информации кои, според израелските тврдења, откриваат нов ирански заговор за атентат врз претседателот Доналд Трамп. Извори запознаени со деталите велат дека откритието може да значи ескалација на конфликтот меѓу Вашингтон и Техеран, пишува The Wall Street Journal. Иран отворено се заканува со одмазда кон Трамп со години за атентатот врз Касем …
Continue Reading
Зеленски: Трамп сега е позитивен кон Украина
Украина и САД постигнаа политички договор за лиценци за производство на пресретнувачи PAC-3 за системите „Патриот“, изјави вчера украинскиот претседател Володимир Зеленски, додавајќи дека клучните испораки на ракетите треба да пристигнат во следните неколку дена. „Патриот“ е американски систем за воздушна одбрана, а неговиот пресретнувач PAC-3 е едно од ретките западни оружја способно да соборува балистички ракети што Русија сè …
Continue Reading
3.900 мртви во Венецуела: Многу луѓе останаа бездомници, страв од инфекција
Бројот на жртви од двата земјотреси во Венецуела се искачи на 3.889, според бројките објавени денес од високиот функционер Хорхе Родригез, додека Панамериканската здравствена организација (PAHO) предупредува на здравствените ризици што се појавија по земјотресите. Според најновите бројки, 16.740 лица се повредени во земјотресите, додека 17.907 лица останаа без покрив над главата. Здравствени ризици во засолништата Најголемите здравствени ризици по …
Continue Reading
РЕБАЛАНСОТ НА БУЏЕТОТ ЗА 2026 ГОДИНА – ЦЕНТРАЛНА ТЕМА НА ДВАНАЕСЕТТАТА СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА ОХРИД
РЕБАЛАНСОТ НА БУЏЕТОТ ЗА 2026 ГОДИНА – ЦЕНТРАЛНА ТЕМА НА ДВАНАЕСЕТТАТА СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА ОХРИД July 9, 2026 СОВЕТ РЕБАЛАНСОТ НА БУЏЕТОТ ЗА 2026 ГОДИНА – ЦЕНТРАЛНА ТЕМА НА ДВАНАЕСЕТТАТА СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА ОХРИД Градските советници денес ја одржаа дванаесеттата седница, на која централна тема беа измените и дополнувањата на буџетот на локалната самоуправа. Претходно беа …
Continue Reading
Оддалечени јапонски острови во состојба на зголемена готовност поради тајфунот Бави
Голем и моќен тајфун Бави се приближи до оддалечен остров во југозападна Јапонија, што ги натера властите да предупредат за силни ветрови, обилни дождови, лизгање на земјиштето и поплави во она што би можело да биде една од најразорните бури во областа во последниве години. Тајфунот Бави се приближува кон островите Сакишима, оддалечен јапонски архипелаг во близина на Тајван, со …
Continue Reading
Топлотен бран во Шпанија: Најмалку 12 мртви во пожари
Најмалку 12 лица загинаа во шумски пожар во близина на Лос Гаљардос во југоисточниот шпански регион Алмерија, потврди регионалната влада на Андалузија. Шестмина други се повредени. Пожарот избувнал среде продолжен топлотен бран што ја зафати јужна Европа, јавува Би-би-си. Некои од жртвите биле пронајдени во возила зафатени од пламен. Сведоците рекле дека пожарот бил предизвикан од паднат далновод, кој брзо …
Continue Reading
Сончево време со мала облачност: температурата до 34 степени
Сончево време со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 20, а максималната ќе достигне од 28 до 34 степени. Во Скопје, сончево време со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 15, а максималната ќе достигне …
Continue Reading
(Видео) Франција рутински го победи Мароко
Французите се првите полуфиналисти на Светското првенство во 2026 година. Во четвртфиналето, Франција го победи Мароко со 2:0 (0:0) со головите на Килијан Мбапе и Усман Дембеле. На гол се чекаше еден час, Јасин Бону му одбрани пенал на Мбапе во првото полувреме, но Французите играа подобро во текот на целиот натпревар и заслужено се пласираа во наредната фаза. Франција …
Continue Reading
„Вреди“: На Албанците им треба единство, не интриги, односите со Албанија не смеат да бидат жртва на тесни партиски интереси
По денешниот состанокот на централното раководство, „Вреди“ со порака дека односите со Албанија, институционалната комуникација и меѓуалбанската соработка не смеат да бидат жртва на тесни партиски интереси. Албанците во Северна Македонија, Албанија, Косово и регионот имаат потреба од повеќе единство, повеќе доверба и повеќе заедничка одговорност, соопштија од партијата. Токму затоа, велат од таму, секој обид за кодошење, лажно известување, …
Continue Reading