СДСМ за реконструкцијата: Прегрупирање на луѓе кои веќе две години ја водат државата во криза
Вчера во Собранието се водеше расправа за таканаречената реконструкција на Владата. Мицкоски зборуваше за „нова енергија и ново темпо“, додека во реалноста се работи за козметички потези кои не ја менуваат суштината. Ова не е реконструкција која носи одговорност туку е прегрупирање на луѓе кои веќе две години ја водат државата во криза, велат од СДСМ. Од партијата обвинија дека економијата …
Continue Reading
(Фото) Ким Кардашијан и Луис Хамилтон уживаат во семеен одмор со нејзините деца
Ким Кардашијан сподели серија фотографии на Инстаграм од нејзиниот семеен одмор, каде што уживаше со момчето Луис Хамилтон и нејзините четири деца. Селфито што привлече најголемо внимание беше тоа на кое 45-годишната ријалити ѕвезда позира со 41-годишниот возач на Формула 1 и осумгодишната ќерка Чикаго. View this post on Instagram A post shared by Kim Kardashian (@kimkardashian) На …
Continue Reading
(Фото/Видео) Халанд се врати дома со необичен сувенир од САД, ракун и шише виски
Ерлинг Халанд продолжува да привлекува внимание дури и по елиминацијата на Норвешка од Светското првенство. Славниот фудбалер вчера предизвика бројни реакции, кога слета во Осло со репрезентацијата. Додека неговите соиграчи излегуваа од авионот со вообичаениот багаж, Халанд носеше плишан ракун со шише во шепите. Тој ја објави фотографијата на социјалните мрежи со краток коментар: „Ме следеше дома“, додавајќи насмеан емотикон. …
Continue Reading
Два бугарски града во потесен избор за домаќин на Евровизија
Бугарската национална телевизија (BNT) објави дека Софија и Бургас се во потесен избор за домаќини на Евровизија во 2027 година. Со ова се елиминираат Пловдив и Варна, кои, исто така, се натпреваруваа за домаќини на популарниот музички натпревар. Одлуката е донесена по евалуација на кандидатурите на четирите града. Градовите беа оценети според голем број критериуми, вклучувајќи инфраструктура на местото на …
Continue Reading
ЕК: Обезбедени речиси 900 милиони евра за Газа на донаторската конференција
На втората донаторска конференција за обнова на Газа, каде што се собраа 65 делегации од земјите-членки на ЕУ, партнерски земји, меѓународни и регионални организации и финансиски институции, беа собрани околу 900 милиони евра. Комесарот за Медитеранот, Дубравка Шуица, која беше копретседател на конференцијата, рече дека сега мора да се создадат услови на терен за да може помошта да стигне до …
Continue Reading
Актерот Бајруш Мјаку на „Охридско лето“ одбележа 53 години плодна уметничка кариера
Првата театарска премиера на „Охридско лето“, драмата „Татко“, од Флоријан Зелер во режија на Иван Поповски вчеравечер во Центарот за култура „Григор Прличев“ донесе извонредна актерска игра. Претставата е во продукција на „Театарот на еден актер“. Сценографијата ја изработи Енес Деари, а костимограф е Изет Цури. Големиот бард во македонското глумиште, Бајруш Мјаку, со овој театарски проект го заокружува своето …
Continue Reading
Цените на нафтата достигнаа четиринеделен максимум по најавата за блокада од Трамп
Цените на нафтата пораснаа преку ноќ во понеделникот на највисоко ниво во последните четири недели откако Доналд Трамп изјави дека САД од денеска ќе воведат поморска блокада на иранските пристаништа. Трамп, исто така, рече дека ќе се воведе царина од 20 проценти на целиот товар што поминува низ Ормускиот теснец за да се компензираат трошоците за нивниот надзор на САД. …
Continue Reading
Пилот напиша „Досадно ми е“ со авион во воздух над Британија
Британски пилот смисли необичен начин да го помине времето за време на пробен лет. Имено, тој ја искористил рутата на летот за да ја „напише“ пораката „Досадно ми е“ на радарот над границата меѓу Англија и Велс. Неговата порака е снимена од веб-страницата за следење на летови Flightradar24. Податоците покажуваат дека авионот на Ravenair полетал од Ливерпул во 11:25 часот …
Continue Reading
САД извршија напад врз Иран, траеше пет часа
Американската војска рано утрово објави дека завршила нов, петчасовен бран напади врз Иран трета ноќ по ред. „За време на петчасовната мисија, американските сили успешно погодија воени цели низ Иран, вклучувајќи ги Бушер, Шахбахар, Јаск, Конарак, Абу Муса и Бандар Абас“, објави Централната команда на САД (CENTCOM) во соопштение на платформата X. САД ги започнаа новите напади рано утрово по …
Continue Reading