Историски договор потпишан меѓу Гибралтар и Шпанија: нема повеќе граници
Европската Унија и Обединетото Кралство потпишаа историски договор со кој ќе се укинат граничните контроли и ќе се овозможи слободно движење на луѓе и стоки меѓу Шпанија и територијата Гибралтар, која е под британска контрола. Спогодбата беше потпишана во Брисел во вторник од страна на европскиот комесар за трговија Марош Шефчович и британскиот министер за Европа, Стивен Доути. Присутен беше …
Continue Reading
Поведена постапка против три лица за врсничко насилство во Куманово, две од осомничените се малолетнички
Основното јавно обвинителство Куманово поведе постапка против една 18-годишна девојка, а за две малолетнички на возраст од 15 и 14 години е поднесено барање за поведување подготвителна постапка до судијата за деца при Основниот суд во Куманово, бидејќи заедно учествувале во дејствија на кривично дело – Насилство согласно член 386 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик. …
Continue Reading
Герасимовски: Наместо луксузни апартмани, на запленетата парцела во ДУП-от Барутана е планиран дом за стари лица
„На местото на конфискувана парцела, која била наменета за резиденцијално домување, предвидуваме пренамена и изградба на дом за стари лица. Плацовите на Водно конечно ќе добијат намена за обичните граѓани, а не за луксузни апартмани“, порача градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски на продолжението на 9. Седница, образложувајќи го нацрт планот за Градска четврт Ј 05-Барутана. Со ова, како што …
Continue Reading
Пожар на градилиште во Брисел: Неколку мртви, шестмина исчезнати
Неколку лица загинаа денес во пожар на градилиште во Брисел, додека потрагата по шест исчезнати лица е во тек, соопштија локалните власти. Телевизијата VRT објави дека повеќето од приближно 200 работници биле евакуирани откако избувнал пожарот. Портпаролот на локалниот инспекторат за труд изјави дека голем број тела се пронајдени во еден од двата лифтови на голем проект за реновирање на …
Continue Reading
Времето утре – сончево и топло, попладне пороен дожд и грмежи
Времето утре ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне ќе има услови за изолирана појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 21, а максималната ќе достигне од 32 до 39 степени. Во Скопје, сончево со мала …
Continue Reading
СЗО: Епидемијата на ебола може да биде два до четири пати поголема од официјалните проценки
Светската здравствена организација (СЗО) предупреди дека обемот на епидемијата на ебола во Демократска Република Конго може да биде два до четири пати поголем од официјалните проценки, но рече дека е постигнат напредок во откривањето на нови случаи. „Нашите проекции проценуваат дека обемот на епидемијата е најмалку два до четири пати поголем од бројот на пријавени случаи“, изјави Чикве Ихеквеазу, раководител …
Continue Reading
Германија се враќа на 40-часовна работна недела?
Дали Германија треба да се врати на 40-часовна работна недела за да ја зајакне својата економија во криза? Можноста треба внимателно да се разгледа, вели претприемачот Алберт Заутер, чија семејна компанија „Kern & Sohn“, со седиште во Балинген, произведува ваги. Симболично, самиот Заутер сега ги одмерува аргументите за и против подолга работна недела. Неговата компанија, водена од осмата генерација на …
Continue Reading
Петрушевски: Падна монтираниот случај за политички прогон против ВМРО-ДПМНЕ
„Падна монтираниот случај за политички прогон против ВМРО-ДПМНЕ! Колку и да се обидува СДС да ја префрли вината, фактите не можат да ги избришат“, напиша Бране Петрушевски од ВМРО-ДПМНЕ на социјалните мрежи. „Факт е дека предметот го отвори нивното криминално СЈО, како дел од тогашниот политички прогон против ВМРО-ДПМНЕ, со цел промена на името. Дополнително, факт што свесно го избегнуваат, …
Continue Reading
ВИДЕО: Протоколарна средба меѓу претседателот на Собранието Гаши и британскиот амбасадор Метју Лосон
Денеска во Собранието се одржа протоколарна средба на претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Африм Гаши, со британскиот амбасадор Метју Лосон. Беа констатирани одличните билатерални односи меѓу Република Северна Македонија и Обединетото Кралство, кои се одвиваат на редовна основа со развојна динамика. Претседателот Гаши посебно ја издвои соработката на ниво на претседатели на парламенти, со осврт на неговата минатогодишна …
Continue Reading