Иран се подготвува за копнен напад: копа тунели, поставува мини, масовно го мобилизира населението
Соочен со закана од американска копнена операција, Иран одговори со засилување на одбраната околу својот најважен нафтен терминал на островот Харг, со закани за напади на поширок спектар цели во Персискиот Залив и со покренување масовна кампања за регрутација, која потсетува на војната со Ирак во осумдесеттите години, објави Вол Стрит Журнал. Подготовки за копнен конфликт Овие потези следеа откако …
Continue Reading
Војната го испразни Дубаи: туризмот во колапс, бизнисите на работ на опстанок
Дубаи, кој минатата година го посетиле речиси 19,6 милиони странски туристи и важеше за една од најпосетените дестинации во светот, сега се соочува со сериозен пад на туризмот поради војната меѓу САД, Израел и Иран, пишува BBC. Наместо полни ресторани и жива атмосфера, изминатиот месец многу угостителски објекти останале празни. Наташа Сидерис, која ја води угостителска групација, вели дека промената …
Continue Reading
„Физика на радоста“ – инклузивен настан на Театар Пи вечерва во Центарот за култура Ѓорче Петров
Инклузивен настан со лица со интелектуална попреченост ќе се одржи вечерва, со почеток во 19:00 часот, во Центарот за култура Ѓорче Петров. Како што информираат од Театар Пи, ма настанот ќе има поставка на фотографии и музички концерт на кој ќе настапуваат лица со интелектуална попреченост од ЦПЛИП Порака Скопје заедно со професионални музичари: Виктор Танасковски- гитара, Иван Трајковски- пиано, …
Continue Reading
(Видео) Филипче: Владата призна дека СДСМ бил во право со мерките, но предоцна реагира
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на прес-конференција порача дека со денешната најава на премиерот Мицкоски за намалување на акцизата, владата призна дека СДСМ бил во право, но предоцна се реагира. Филипче посочи дека доколку се прифателе мерките на СДСМ навреме, немало да има големо поскапување на цените на горивата и на храната. „Се поставува прашањето зошто сега, и кој досега …
Continue Reading
Во ОУ „Гоце Делчев“ во Илинден се доградува нов објект, концептот за едносменска настава го прифаќаат сé повеќе општини во Македонија
Во основното училиште „Гоце Делчев“ во општина Илинден се доградува нов објект со 10 училници кој ќе овозможи да се воведе едносменска настава, концепт кој го промовира Владата, а го прифаќаат сé поголем број општини во државата. Увид во градежните работи денес извршија премиерот Христијан Мицкоски, министерката за образование и наука Весна Јаневска и градоначалникот Александар Георгиевски. „Честитки до општината …
Continue Reading
Можно е укинување на ДДВ за основните прехранбени производи со стапка од 5%, најави Мицкоски
Министерството за финансии прави анализи да немаат ДДВ сите основни прехранбени производи кои сега се со 5 проценти ДДВ, најави премиерот Мицкоски. Тој очекува инфлацијата во март да се движи помеѓу 4 и 5%. Оцени дека глобалната криза поради војната на Блискиот Исток ќе има продолжено дејство. „Мора да се подготвиме за тешка година, но како и да е тука …
Continue Reading
(Видео) Владата утре на вонредна седница ќе ги намали акцизите на горивата, продолжува и намаленото ДДВ
Владата утре на вонредна седница повторно ќе носи мерки за цените против поскапувањето на горивата. Премиерот, Христијан Мицкоски, денеска кажа дека се исполнети условите за намалување на акцизите. Според него, акцизата за дизелот ќе се намали за 4 денари по литар, а за бензините за 2 денара по литар. „Берзата за нафтата се затвори во четвртокот заради велигденските преазници и …
Continue Reading
Соборените американски авиони ја доведоа во прашање воздушната доминација на Трамп
Војната на САД со Иран влегува во нова, потешка фаза откако два американски борбени авиони беа соборени над иранска територија. Иако овие инциденти не значат дека Иран е израмнет со САД во воената моќ, тие покажуваат колку војна каде страните имаат многу различни воени сили и можности, може да биде ризична. Американската јавност веќе е скептична за оправданоста на конфликтот. …
Continue Reading
Француски товарен брод помина низ Ормускиот теснец под иранска контрола
Францускиот брод „Криби“, под знаме на Малта, помина низ Ормутскиот теснец користејќи таканаречен „сигурен коридор“ во ирански води. Иран ги пренасочува бродовите од стандардната трговска рута кон север, околу островот Ларак, за да може Револуционерната гарда да ги прегледа визуелно. Овој коридор е наречен и „техеранска наплатна станица“. Податоците покажуваат дека „Криби“ имал активен систем за следење додека бил …
Continue Reading