(Видео) Во голем пожар во Норвешка уништени повеќе од 100 куќи
Повеќе од 100 куќи се уништени во големиот пожар што вчера избувна во јужна Норвешка, а стотици жители беа евакуирани, соопштија норвешките власти. Пожарот избувнал вчера околу 15:30 часот во населбата Крокстаделва во Драмен, град на околу 34 километри југозападно од Осло. Огнот најпрво зафатил низа куќи, а потоа се проширил кон околното подрачје и блиската шума. A house caught …
Continue Reading
Трамп го критикуваше Тухел, селекторот возврати: Го користите како релевантен сведок?
Светското првенство доби и политичка димензија откако американскиот претседател Доналд Трамп јавно го критикуваше селекторот на Англија, Томас Тухел, по полуфиналниот пораз од Аргентина (2:1). Трамп оцени дека Тухел направил голема тактичка грешка со тоа што во завршницата од натпреварот го повлекол капитенот и најдобар стрелец Хари Кејн во одбраната. „Хари е фантастичен. Мислам дека направија катастрофална грешка што го …
Continue Reading
ВМРО-ДПМНЕ повика на целосна истрага за случајот со водата во Гостивар
ВМРО-ДПМНЕ побара институциите целосно да го истражат случајот со загадувањето на водата во Гостивар, по кој повеќе од илјада граѓани побараа медицинска помош со симптоми на труење, а надлежните привремено забранија користење на водата за пиење. Претседателот на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Гостивар, Мартин Андоновски, на прес-конференција изјави дека партијата изразува загриженост и осуда за, како што рече, скандалот …
Continue Reading
Манасиевски: СДС, Левица и ДУИ го одбија Изборниот законик што самите го создаваа
ВМРО-ДПМНЕ ги обвини СДСМ, Левица и ДУИ дека водат политика на блокади поради Изборниот законик. Портпаролот на партијата, Валентин Манасиевски, на прес-конференција изјави дека претставници на овие партии со месеци учествувале на работни средби, предлагале измени и корекции, а нивните барања биле прифатени. „Кога дојде време да стават потпис и да покажат одговорност, избегаа од сопствениот договор“, рече Манасиевски. Според …
Continue Reading
Родри пред дуелот со Аргентина: Посебно внимание мора да му посветиме на Меси
Капитенот на Шпанија, Родри, изјави дека финалето на Светското првенство против Аргентина е „натпреварот на нивните животи“ и порача дека неговата репрезентација мора да влезе на терен со храброст и победнички менталитет. „Им реков на момците дека мора повеќе да сакаме да победиме отколку што се плашиме од пораз. Со таков дух мора да излеземе на терен“, рече Родри за …
Continue Reading
Ако барате виновник, тоа сум јас, но не се каам за своите одлуки, рече селекторот на Англија по критиките поради поразот
Селекторот на Англија, Томас Тухел, застана во одбрана на своите тактички одлуки по болниот полуфинален пораз од Аргентина (2:1) и порача дека ја презема целосната одговорност за елиминацијата, но дека не жали за ниту еден потег. На прес-конференцијата пред натпреварот за третото место против Франција, германскиот стратег одговори на критиките што ги доби поради тоа што неговата репрезентација, по водството …
Continue Reading
Муцунски од Вашингтон: Потврдена определбата за зајакнување на стратешкото партнерство со САД
Во рамките на работната посета на Вашингтон, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, оствари средба со заменик-државниот секретар на Соединетите Американски Држави, Кристофер Ландау. Во разговорот соговорниците ја потврдија заедничката определба за натамошно зајакнување на стратешкото партнерство и билатералната соработка, во интерес на граѓаните на двете земји. Фокусот на средбата беше ставен на унапредувањето на соработката во …
Continue Reading
Меси за фотографијата со бебето Јамал: Лудост е што сега ќе играме еден против друг во финале на СП
Лионел Меси за првпат јавно ја коментираше легендарната фотографија на која го држи Ламин Јамал како бебе, оценувајќи дека е „лудост“ што речиси две децении подоцна двајцата ќе бидат ривали во финалето на Светското првенство. Фотографијата му ја покажа легендарниот играч на американски фудбал Том Брејди за време на настанот „Fanatics Fest“ во Њујорк, каде ФИФА организираше претставување на финалето. …
Continue Reading
Левица: Да се испита кој дозволил непроверена вода да влезе во водоводниот систем
Левица соопшти дека информациите оти преку пумпи поставени во коритото на Вардар била црпена вода и директно внесувана во водоснабдителниот систем на Гостивар отвораат сомнение за исклучително тешко и неодговорно постапување, доколку тие наводи се потврдат. Од партијата посочуваат дека површинска речна вода не смее непосредно да се внесува во систем за вода за пиење, туку претходно мора да помине …
Continue Reading