Реал го договори првиот летен трансфер

Реал Мадрид одлучи да го врати Нико Паз од Комо ова лето и веќе го информираше италијанскиот клуб и самиот играч за својата намера. Иако официјалниот рок за активирање на откупната клаузула истекува на 30 мај, „Лос Бланкос“ ја донесоа одлуката порано, поттикнати од одличните настапи на аргентинскиот играч од средниот ред за време на неговиот двегодишен престој во Серија …

Continue Reading

Груевски подготвува ново бегство, Мицкоски не испратил барање за екстрадиција, велат од СДСМ

Опозициската СДСМ обвини дека поранешниот премиер Никола Груевски подготвува ново бегство, додека премиерот Христијан Мицкоски, според нив, сѐ уште не презел конкретни чекори за негово враќање во земјава. Од партијата тврдат дека во услови кога, како што наведуваат, блиски луѓе до унгарскиот премиер Виктор Орбан префрлаат средства во трети држави, Груевски подготвува заминување во нова земја. „Додека во Унгарија луѓето …

Continue Reading

ЛДП: Прашањето за државјанството на пратениците и функционерите да се регулира со отворање на Уставот

Правникот и член на раководството на ЛДП, Илија Чилиманов, посочува дека обидите со закон да се регулира прашањето на државјанството на пратениците, без притоа да се отвори Уставот, е свесна манипулација, се наведува во соопштение на Либерално-демократската партија (ЛДП). Либерално-демократската партија (ЛДП) повикува на итно прекинување на празната реторика и лажниот патриотизам што се сервира преку селективни законски измени. Наместо …

Continue Reading

Голем пожар во скопски Карпош утринава, изгореа два автомобили

Два автомобили целосно изгореа утринава околу 5 часот на паркинг во близина на Технолошко-металуршкиот факултет во Скопје, при што благодарение на брзата интервенција на пожарникарите беше спречено ширење на огнот кон други возила и објекти. Според сведоштва на станари од околните згради, пред да го забележат пожарот, слушнале звуци налик на пукање и почувствувале силен и непријатен мирис. Пожарот избувнал …

Continue Reading

Напаѓачот од Вашингтон призна дека мета му биле американските политичари

Напаѓачот на синоќешната вечера на дописниците во хотел Хилтон во Вашингтон, кој е идентификуван како Кол Томас Ален од Калифорнија, призна дека мета му биле американските политичари. Тој утре ќе биде изведен пред суд под две обвиненија – употреба на огнено оружје и за напад врз сојузен агент со опасно оружје. Истражителите соопштија дека Ален од предградие на Лос Анџелес …

Continue Reading

(Видео) Денвер пред елиминација – Јокиќ исклучен, Досума го растури Денвер

Кошаркарите на Минесота го победија Денвер со 112:96, и се начекор до пласман во конференциското полуфинале. Ова беше трета победа по ред на Тимбервулвс против Јокиќ и дружината во оваа серија. Централна фигура на вториот натпревар во Минеаполис беше, без сомнение, Ајо Досунму, кој го одигра натпреварот на својата кариера, и тоа како резерва, постигнувајќи дури 43 поени. Ова се …

Continue Reading

Во основно училиште работел осомничениот за силување на малолетно девојче, се бара притвор

Основното јавно обвинителство Гостивар донесе наредба да се спроведе истражна постапка против скопјанец осомничен дека сторил кривично дело силување дете кое не наполнило 15 години,  како и злоупотреба на туѓа снимка, фотографија, аудиозапис или спис со сексуално експлицитна содржина. Како што соопшти државното Јавно обвинителство, сомничениот 28-годишник, вработен во основно училиште, го навел девојчето на возраст од 14 години да …

Continue Reading

Макрон до Трамп: Европа може да се брани сама

Францускиот претседател Емануел Макрон испрати јасна порака до Доналд Трамп дека Европа има капацитет самостојно да се брани, повикувајќи се на неодамнешната воена поддршка за Кипар како доказ дека европските механизми функционираат и без директна улога на САД. Во изјава дадена за време на неговата посета на Грција, Макрон нагласи дека клаузулата за заемна помош од договорите на Европска Унија …

Continue Reading

Најмалку тројца загинати во руските напади врз Украина

Најмалку три лица загинаа во синоќешните руски напади врз украинските региони Сумски и Дњепропетровск. При напад со беспилотно летало во градот Билопиља, во регионот Сумски што се граничи со Русија, загинаа двајца мажи. Украинската армија соопшти дека е погодена населба на пет километри од границата со Русија. – Во регионот Дњепропетровск има една жртва и четворица повредени, објави на Телеграм …

Continue Reading