Трамп по средбите со Зеленски и Нетанјаху: Имавме многу добри разговори
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави доцна синоќа дека неговите средби со украинскиот претседател Володимир Зеленски и израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху поминале позитивно. Во одделни кратки објави на социјалната мрежа Truth Social, Трамп наведе дека со двајцата лидери разговарал за повеќе важни теми, но не откри детали. „Имавме многу добра средба! Разговаравме за многу важни теми“, напиша Трамп за состанокот со …
Continue Reading
Доживотна казна за 16-годишник кој уби четири лица во училишен напад во САД
Шеснаесетгодишниот Колт Греј е осуден на доживотен затвор за убиството на четири и ранувањето на уште девет лица во нападот во средното училиште „Апалачи“ во американската сојузна држава Џорџија во септември 2024 година, јави Хина. Греј, кој минатата недела ја призна вината по 55 точки од обвинението, беше осуден како полнолетно лице. Судијата Николас Прим оцени дека неговите злосторства покажуваат …
Continue Reading
Ројтерс: Иран договорил набавка на стотици кинески противвоздушни системи
Иран во наредните неколку недели би требало да ја добие првата пратка од најмногу 400 кинески преносни противвоздушни ракетни системи (MANPADS), објави Ројтерс, повикувајќи се на три извори запознаени со договорот. Според агенцијата, договорот е вреден меѓу 60 и 70 милиони долари и опфаќа набавка на 300 до 400 системи, меѓу кои моделите QW-12 и FN-16. Наводно е склучен преку …
Continue Reading
Италијанска вечер на „Охридско лето“
Големата ѕвезда во светот на пијанизмот, Кристијана Пегораро вечерва ќе одржи концерт во рамки на Италијанската вечер на „Охридско лето“. Таа ќе настапи во црквата „Света Софија “ со почеток во 21 часот. Опишана од дневниот весник „Њујорк Тајмс“ како „уметница од најголем калибар“, Кристијана Пегораро настапува во најпрестижните концертни сали во Европа, САД, Јужна Америка, на Блискиот Исток, во …
Continue Reading
„Звук што расте“ – Камерниот оркестар на МММ одбележа 40 години постоење
Со дела од македонските композитори Властимир Николовски, Бете Илин, Дамјан Темков и Драган Шуплевски, Камерниот оркестар на Музичката младина на Македонија „Саша Николовски –Ѓумар одбележа 40 години од постоењето. Концертот под мотото „Звук што расте“ се одржа вчеравечер на „Охридско лето“ донесувајќи младешки елан и истовремено високи креативни вредности на младите уметници на кои допрва им претстои блескава кариера. Диригент …
Continue Reading
(Видео) Кукуреља го исполни ветувањето, го истетовира ликот на селекторот
Ликот на селекторот на Шпанија од денес ја краси надлактицата на Марк Кукуреља. Шпанскиот лев бек го исполни ветувањето дадено во текот на Светското првенство, ако „фуријата“ ја освои титулата, ќе го истетовира ликот на селекторот на репрезентацијата Луис де ла Фуенте. Кукуреља неодамна на своето тело додаде уште една тетоважа на десната рака, што ќе го потсетува на најголемиот …
Continue Reading
Вардар не издржа во Рига, падна во продолженијата
Вардар ги заврши настапите во европските купови за сезоната 2026/2027. Македонскиот шшампион откако во првото коло испадна од Лигата на шампионите, вечерва го заврши настапот и во квалификациите, во Конференциската лига. Вардар, по поразот во Скопје од Рига (2:3), загуби и во реваншот во Латвија со 5:2. Црвено-црните беа на чекор до сензација, имаа водство од 2:0 до 87-та минута, …
Continue Reading
Иран: Ормускиот Теснец ќе остане затворен ако Оман не го прифати нашиот предлог
Иран соопшти дека Ормускиот Теснец ќе остане затворен доколку Оман не го прифати неговиот предлог за повторно отворање на овој стратешки поморски премин, пренесуваат Анадолу и Ројтерс. Заменик-министерот за надворешни работи Казем Гарибабади изјави дека Техеран бара еден пловен правец целосно да биде под иранска контрола, а дел од вториот исто така да биде под надзор на Иран. Тој наведе …
Continue Reading
Гвардиол „граѓанин“ до 2031 година
Фудбалскиот репрезентативец на Хрватска, Јошко Гвардиол, го продолжи договорот со Манчестер Сити до летото 2031 година, објави англискиот клуб. Гвардиол (24) пристигна во Манчестер Сити во 2023 година од Лајпциг. Хрватскиот фудбалер одигра 122 натпревари за англискиот клуб и постигна 13 гола. Освои шест трофеи со клубот од Манчестер. „Кога слушнав дека Сити ми понуди продолжување на договорот, веднаш знаев …
Continue Reading