Николоски: Почнуваме изградба на нов автопат, Скопје – Блаце ќе биде главна артерија за поврзување со Косово и Црна Гора
Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски, оствари работна средба со Фатих Туркменоглу, директор на канцеларијата на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), на која се разговараше за изградбата на автопатот Скопје – Блаце. На средбата, претставниците на ЕБОР информираа дека во соработка со Јавното претпријатие за државни патишта успешно е завршена постапката за избор на …
Continue Reading
Брисел ѝ се заканува на Бугарија со санкции
Европската комисија (ЕК) ќе предложи покренување постапка за прекумерен дефицит против Бугарија откако ќе се утврди дека земјата не ги исполнува фискалните критериуми на Европската Унија, потврди европскиот комесар за економија, Валдис Домбровскис. Зборувајќи по состанокот на Советот за економски и финансиски прашања (ЕКОФИН) во Луксембург, Домбровскис изјави дека Комисијата ја проценила буџетската состојба на неколку земји-членки и заклучила дека …
Continue Reading
Битола сака да стане велоград, ќе набавува електрични велосипеди за граѓаните
Градоначалникот на Битола Тони Коњановски на седницата на која се носеше ребалансот на Буџетот за 2026 година кажа дека во Програмата за животна средина планирани се 4.8000.000 денари за набавка на електрични велосипеди, што ја потврдува тенденција за Битола да стане вело град, преку создавање на вело инфраструктура, но и набавка на велосипеди кои ќе можат да ги користат граѓаните. …
Continue Reading
Во европска земја дури 200.000 жители предупредени да ја превриваат водата поради опасна бактерија
Властите во јужниот дел на Холандија издадоа тридневно предупредување за околу 200.000 жители, откако бактеријата Ешерихија коли била откриена во водата за пиење. Предупредувањето се однесува на жителите на градовите Дордрехт, Звајндрехт и Хендрик-Идо-Амбахт, што предизвика недостиг од флаширана вода во супермаркетите. Надлежните соопштија дека целата вода од чешма мора да се преврива најмалку три минути пред да се користи …
Continue Reading
Битолчанец осомничен за повеќекратно силување на 12-годишно девојче, се бара притвор
Обвинителството од Битола почна истрага против 36-годишник кој од јануари до јуни годинава силувал 12 – годишно девојче. Контактот со детето бил воспоставен преку социјалните мрежи, каде што осомничениот и детето претходно се допишувале. Покрај делото силување, против 36-годишникот се води истрага и за прикажување на порнографски материјал на дете. Поради опасност од бегство, можност осомничениот да го повтори делото, …
Continue Reading
Едноставен трик што може да го разлади станот во летните горештини
И покрај спуштените ролетни и вклучениот вентилатор, многу станови остануваат жешки во летните денови. Еден едноставен трик што често се занемарува е отворањето на ормарите при утринското проветрување. Според советите, големите ормари во текот на денот акумулираат топлина, особено ако се наоѓаат во близина на прозорци или се изложени на сончева светлина. Топлиот воздух останува заробен зад затворените врати и …
Continue Reading
Земјотрес во Егејското Море
Земјотрес со јачина од 3,7 степени според Рихтеровата скала е регистриран денеска, 13 јуни, во 11:22 часот на подрачјето на Егејското Море, во близина на Измир. Според достапните податоци, епицентарот на потресот бил лоциран источно од турскиот град. Според податоците на Европско-медитерански сеизмолошки центар, хипоцентарот на земјотресот се наоѓал на длабочина од околу 7,5 километри под површината на земјата.
Continue Reading
Дина Дума ја освои наградата „Нора Ефрон“: Трајбека ја препозна како силен женски авторски глас
Дина Дума е првата македонска режисерка што ја добива Nora Ephron Award на Tribeca Festival. Режисерката Дина Дума ја освои Nora Ephron Award на Tribeca Festival во Њујорк за својот втор долгометражен филм „Скејтбордингот не е за девојчиња“, кој ја имаше својата светска премиера во рамки на фестивалот. Nora Ephron Award е специјално признание што се доделува на исклучителна жена …
Continue Reading
Врачени наградите на 60. МТФ „Војдан Чернодрински“: Во време на општото сеедно, треба да сте храбри за да ја остварите вашата визија
Со врачувањето на наградите и изведбата на претставата „Црно злато“ од Дејан Дуковски, во режија на Оливер Фрљиќ на Београдско драмско позориште, синоќа беше спуштена завесата на 60. Македонски театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ во Прилеп. Публиката го наполни гледалиштето на големата сала во Центарот за култура „Марко Цепенков“, дојде да им оддаде почит на најдобрите според жири-комисијата, но и да …
Continue Reading