ЛДП: Срамна и скандалозна е одлуката за назначување на Арбен Фетаи за специјален пратеник во ЕУ
Либерално-демократската партија (ЛДП) најостро ја осудува, како што велат, срамната и скандалозна одлука на Владата за именување на поранешниот вицепремиер за добро владеење, Арбен Фетаи, за нов специјален пратеник во Европската Унија. Според партијата, ова назначување претставува директен шамар, отворено потценување и вистинско плукање во лице на сите чесни граѓани кои секојдневно се борат за преживување. „Владата уште еднаш докажа …
Continue Reading
СДСМ: По седум градови со отровна вода, сега и водата во Елшани и Велестово не е за пиење
По седум градови со отровна вода, по Лепенец и Вардар, по Башино Село, сега и водата од изворите во Елшани и Велестово во Охрид не е за пиење, обвини СДСМ. „Изгледа дека во Македонија веќе нема чисто место. Мицкоски зборува за „нови бактерии“ во Гостивар. Клековски ветува дека до крајот на неделата ќе може да се пие водата. Секој си ја …
Continue Reading
Масовен руски напад врз Украина, Полска ги подигна авионите
Во текот на ноќта, Русија започна голем напад врз Украина со десетици балистички и крстосувачки ракети и стотици беспилотни летала. Киев, Лавов, Криви Рих и Полтавската област беа погодени, а експлозиите одекнаа на крајниот запад од земјата, стотици километри од бојното поле. Според досега објавените податоци, најмалку осум лица загинаа, меѓу кои две деца, додека најмалку 30 лица се повредени. …
Continue Reading
Трамп и Нетанјаху разговараа во Белата куќа: „Опцијата е нов напад врз Иран“
Претседателот на САД, Доналд Трамп, и израелскиот премиер Бенџамин Нетанјаху се сретнаа во Белата куќа за да разговараат за начините за запирање на нуклеарната програма на Иран, вклучувајќи дипломатија, економски притисок и воена сила, изјави висок израелски функционер. Според него, Нетанјаху не му кажал на Трамп дека Израел дава приоритет на воениот напад врз Иран, но биле разгледани три опции, …
Continue Reading
Пијанистката Пегораро прозвучи со совршена убавина на „Охридско лето“
Вечер што долго ќе се памети остави зад себе харизматичната и виртуозна италијанска пијанистка Кристиана Пегорано која синоќа настапи на фестивалската програма на 66. „Охридско лето“. Концертот се одржа во рамки на Италијанската вечер, поддржана од Амбасадата на Италија во Македонија. Отворајќи ја вечерта, италијанскиот амбасадор, Паоло Палминтери, истакна дека „Охридско лето“ од година во година достигнува сè повисоко ниво. …
Continue Reading
Сончево време со температура до 39 степени
Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 22, а максималната ќе достигне од 32 до 39 степени, информира УХМР. Во Скопје, сончево и топло со слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 16, а …
Continue Reading
Дванаесетгодишно момче од Србија е спасено од морето во близина на Ханиоти
Дванаесетгодишно момче од Србија денес е извлечено во несвест од морето во близина на Ханиоти на Халкидики, Грција, по што е вратено во живот со реанимација, а потоа е хоспитализирано. Како што објави „Прототема“, на момчето му е укажана прва помош од спасувачи кои извршиле реанимација откако е извлечено од морето. Потоа со брза помош е префрлено во здравствениот центар …
Continue Reading
Екстремна суша во Англија, погодена речиси целата земја
Поради рекордно ниските врнежи од дожд и високите температури, суша е прогласена во половина од Англија. Агенцијата за животна средина потврди дека седум области официјално влегле во состојба на суша, пишува „Скај њуз“. Погодените области се Источна Англија, Хартфордшир и целиот Лондон, долината Темза, Хемпшир и островот Вајт, Девон и Корнвол, Западен Мидлендс и Весекс, кој ги вклучува Дорсет, Сомерсет, …
Continue Reading
(Видео) Голем шумски пожар во туристички регион во Турција: евакуирани пациенти и жители
Голем шумски пожар што избувна во туристичката област Мугла на југозападот од Турција предизвика евакуација на населението, затворање на болницата и прекин на сообраќајот на важна сообраќајница. Пожарот избувна на земјоделско земјиште во селото Баџир, во округот Сејдикемер, а поради силниот ветер брзо се прошири во блиската шума. Пожарникарите се борат со огнената стихија од воздух и од земја. Според …
Continue Reading