Претрес во Куманово, пронајдени марихуана и дробилка, приведен 42-годишник
Полициски службеници од СВР Куманово лишиле од слобода 42-годишен жител на кумановското село Биљановце, откако при претрес во неговиот дом биле пронајдени марихуана и дробилка, соопшти Министерството за внатрешни работи. Според МВР, акцијата била спроведена на 1 август околу 12:25 часот, кога бил приведен М.М. (42) од село Биљановце. При претресот во неговиот дом, извршен по претходно издадена судска наредба, …
Continue Reading
Нетанјаху го блокирал испраќањето на израелскиот систем „Железна купола“ во Украина поради страв од Иран
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во 2023 година го спречил испраќањето на американски финансиран систем за противвоздушна одбрана „Железна купола“ (Iron Dome) во Украина, откако поранешниот републикански сенатор Линдзи Греам побарал батерија од системот да биде испратена за помош на Киев, објави „Вашингтон пост“. Причината за одлуката, според израелски официјални лица, била стравувањето дека чувствителната воена технологија би можела да падне …
Continue Reading
(Видео) Грчките пожарникари се борат со големите шумски пожари кај Атина, евакуирани населени места
Голем шумски пожар кој беснее западно од Атина и денеска продолжува да го ангажира грчкиот систем за справување со кризи. Стотици пожарникари и припадници на итните служби цела ноќ се бореа со огнената стихија во планинскиот регион Китерон, со поддршка од армиски возила, волонтери и тешка механизација. Со првите утрински часови, во гаснењето повторно се вклучија и противпожарни авиони и …
Continue Reading
Милошоски: Демографијата е нашата нова борба за Македонија – што ќе вредат спомениците ако нема деца да положат венец?
Потпретседателот на Собранието Антонијо Милошоски денеска од Мечкин Камен, на одбележувањето на 2 Август – Илинден, порача дека најголемиот предизвик со кој се соочува државата денес е демографската состојба, оценувајќи дека современото „востание“ не е со оружје, туку преку создавање семејства, воспитување деца и обезбедување иднина за младите во Македонија. Во обраќањето во Крушево, каде ја предводеше собраниската делегација на …
Continue Reading
Нискиот водостој на Елба повторно ги откри „камењата на гладот“ со вековна порака: „Ако ме видиш, плачи“
Исклучително нискиот водостој на реката Елба во германскиот град Дрезден повторно ги откри т.н. „камења на гладот“ (Hungersteine) – историски камени ознаки што со векови предупредувале на суши, лоши жетви, недостиг од храна и тешки времиња. Водостојот на Елба во Дрезден се спуштил на околу 53 сантиметри, додека вообичаеното ниво изнесува околу 1,60 метри. Поради недостигот на вода, товарниот речен …
Continue Reading
Земја на високи плати и скапи квадрати: повеќе од половина Швајцарци живеат во изнајмени станови
Швајцарците имаат едни од највисоките просечни плати во светот, но тоа не значи дека повеќето од нив поседуваат недвижен имот. Напротив, Швајцарија е европскиот рекордер по број на луѓе кои живеат под кирија – повеќе од 60 отсто од населението. Овој податок ја прави Швајцарија вистински пример дека високите приходи не се секогаш гаранција за сопствен стан. Додека во многу …
Continue Reading
Македонски државјанин приведен во Хрватска, осомничен дека предизвикал пожар кај Дрниш
Хрватската полиција поднесе кривична пријава против 54-годишен државјанин на Македонија со регулиран престој во Хрватска, под сомнение дека предизвикал пожар во местото Седрамиќ, во близина на Дрниш, при палење хартиени вреќи од цемент по завршување на градежни работи. Според Полициската управа Шибенско-книнска, со криминалистичката истрага е утврдено дека мажот во четврток попладне, по изведување градежни работи во дворот на куќа, …
Continue Reading
Галатасарај занитересиран за Де Брујне
Галатасарај наводно подготвува понуда за Кевин Де Брујне, кој не е задоволен од својот статус во Наполи. Белгискиот репрезентативец пристигна во Италија од Манчестер Сити како слободен играч, но првата сезона на стадионот „Диего Армандо Марадона“ му беше тешка и обележана со повреда која го оддалечи од теренот речиси четири месеци, пишува „Goal.com“. Турскиот клуб подготвува финансиски богата понуда за …
Continue Reading
Велешанец приведен откако предизвикал пожар кај Башино Село
Полициски службеници од СВР Велес лишиле од слобода 54-годишен велешанец откако при сечење метален предмет со алат предизвикал пожар на сува трева во близина на Башино Село, соопшти Министерството за внатрешни работи. Според информациите, настанот се случил на 1 август околу 13:25 часот, кога Д.Б. (54) од Велес, додека сечел метален предмет, од искрите што настанале избувнал пожар на сува …
Continue Reading