Експлозија на универзитет во Санкт Петербург

Експлозија се случи на еден од универзитетите во Санкт Петербург, пренесува РИА Новости. Според претставникот на прес-службата на регионото во кој се наоѓа универзитетот, граѓанин ја известил итната помош за експлозијата што се случила на територијата на воената академија лоцирана на булеварот Тихорецки. Сите служби излегоа на терен, а засега нема информации дали има повредени во експлозијата, пренесува медиумот.

Continue Reading

Дачиќ: Припадниците на полицијата евакуираа девет лица од возовите

Веднаш по добиената дојава дека во тунел дошло до судир меѓу патнички и товарен воз, на местото на настанот пристигнале бројни полициски сили и 25 пожарникари-спасувачи со седум возила, со оглед дека екипите на итната медицинска помош нене можеле да се приближат до местото на судирот, изјави вечерва министерот за внатрешни работи Ивица Дачиќ. Пожарникарите-спасувачи успеале, како што додаде, да …

Continue Reading

Израелската армија пронајде тела на тројца заложници од Газа: Меѓу нив е и Шани Лук, која беше киднапирана на фестивал на првиот ден од војната

Контраадмиралот Даниел Хагари од израелските одбранбени сили изјави дека армијата пронашла три тела на заложници од Газа, меѓу кои и Шани Лук (22), млада девојка која стана симбол на нападот на Хамас по киднапирањето на музичкиот фестивал. Хагари рече дека телата – идентификувани како Ицак Гелерентер, Амит Бускила и Шани Лук – биле откриени во операција во текот на ноќта …

Continue Reading

Захарова ги предупреди ЕУ, САД и Киев за украинските напади врз Русија: Си играте со оган

Русија ги предупредува САД и ЕУ, како и Киев, кој го контролираат, дека си играат со оган во врска со терористичките напади на украинската армија и дека Русија ќе одговори, изјави портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова. Таа рече дека режимот во Киев изврши уште еден масовен напад со беспилотни летала и поморски дронови на Крим, Краснодарскиот …

Continue Reading

Судир на два воза во Србија: има повредени

Судир меѓу возови се случил во тунел во близина на Белград. Како што пренесуваат српските медиуми се судриле патнички и товарен воз. Според првичните информации на тамошните медиуми има повеќе повредени а повреден е и еден од кондуктерите на возовите. Од Итната помош како што пренесува Танјуг потврдиле дека дошло до судир и дека на терен се испратени сите расположливи …

Continue Reading

Одбиена тужбата на „Европскиот фронт“ за избирачкото место во Долнени

Управниот суд ја одби како неоснована тужбата од Коалицијата „Европски фронт“ на решението на Државната изборна комисија (ДИК) за прифаќање на приговорот од Коалицијата „Твоја Македонија” за избирачкото место 1470 во Долнени на Парламентарните избори 2024. „Европскиот фронт“ поднесе седум тужби против решенија на ДИК на Парламентарните избори 2024. Досега Управниот суд ja одби како неоснована и тужбата за избирачкото …

Continue Reading

Поради недолично однесување Јувентус му врачи отказ на Алегри

Масимилијано Алегри (56) повеќе не е тренер на Јувентус, соопштија од клубот. Алегри доби отказ поради недолично однесување, откако во средата го освои Купот на Италија со победата од 1-0 над Аталанта. Тоа беше 15. Куп трофеј за „бјанконерите“ и единствен оваа сезона. Тимот на две кола пред крајот е на четвртото место на табелата, може да падне и на …

Continue Reading

Словачкиот министер за одбрана: Премиерот опериран по втор пат, пациентот е стабилен, земјата е стабилна

Словачкиот премиер Роберт Фицо беше опериран по втор пат по атентатот во средата, кога се здоби со прострелни рани во стомакот и „е во стабилна состојба со навестувања за напредок, исто како што Словачка е стабилна“, изјави вицепремиерот и министер за одбрана, Роберт Калињак. „Земјата е стабилна, пациентот е стабилен денеска. Можеме да ги направиме сите работи што треба да …

Continue Reading

(Видео) Поплави во Северна Италија по обилните дождови: „Ова е бомба, вакво нешто во Милано не сме виделе 170 години“

Невремето и обилните дождови предизвикаа поплави во многу делови на северна Италија, а особено беа погодени градовите Падова и Виченца, пишува Би-Би-Си. Службите за итни случаи користат гумени чамци за да ги спасат луѓето од нивните домови. Гувернерот на Венето ги опиша временските услови во текот на ноќта како „водена бомба“. Југот на Италија се соочува со топлотен бран невообичаен …

Continue Reading