Спор меѓу менаџерски агенции го заглави трансферот на Диоманде во Реал
Официјалната објава за трансферот на Јан Диоманде во Реал Мадрид е одложена поради спор меѓу две менаџерски агенции. Спорот е помеѓу „Максидел Менаџмент“, во сопственост на Макс Градел, и „Рок Нејшн“, мултинационалната компанија на раперот Џеј-Зи. „Максидел“, која посредуваше во трансферот на Диоманде од Леганес во Лајпциг минатата година, поднесе жалба до ФИФА. Тие тврдат дека Реал Мадрид преговарал со …
Continue Reading
Нема нови потврдени случаи на западнонилска треска
Министерството за здравство соопшти дека нема нови лабораториски потврдени случаи на западнонилска треска. Според информациите од Институтот за јавно здравје, последните примероци од суспектните случаи биле негативни на ПЦР-тестирањето. Од Министерството информираат и дека на Универзитетската клиника за инфективни болести и фебрилни состојби нема новопримени пациенти со сомнение за западнонилска треска. Министерството за здравство наведува дека, во координација со надлежните …
Continue Reading
Стабилна состојбата во Гостивар, уверува Министерството за здравство
Министерството за здравство информира дека епидемиолошката состојба во Гостивар останува стабилна и континуирано се следи од надлежните здравствени институции. Во текот на 2 август се регистрирани вкупно 84 први прегледи, што е за 27 повеќе во споредба со претходниот ден, кога беа евидентирани 57 прегледи. И покрај дневното зголемување, како што велат од Министерството, бројот на прегледи останува значително понизок …
Continue Reading
„Нѐ исфрли на улица со дете и ни задржа 290 евра“: српско семејство тврди дека доживеало драма на одмор во Грција
Летувањето во Грција се претворило во вистинска драма за едно српско семејство, кое тврди дека сопственик на вила ги исфрлил од сместувањето и им задржал 290 евра за преостанатите денови од престојот. Случајот анонимно беше објавен во Фејсбук-групата „Grčka Info“, каде авторката детално опиша што се случило, пишува „Телеграф.рс“. Според неа, сè започнало кога бебето на нивни пријатели, сместени во …
Continue Reading
Мароко: Дезинформациите на социјалните мрежи го поттикнаа масовниот бран мигранти кон Сеута
Мароканските власти соопштија дека 11 лица загинале минатата недела при обидите да влезат во шпанската енклава Сеута. За масовниот прилив на мигранти, кој прерасна во дипломатски спор во рамките на Европската Унија, мароканското Министерство за внатрешни работи ги обвини дезинформациите што се ширеле на социјалните мрежи. Бројките што ги соопштува Мароко значително се разликуваат од шпанските податоци, според кои загинале …
Continue Reading
УЕФА се закани дека ќе ја тужи ФИФА поради контроверзниот план на Инфантино
Европската фудбалска унија (УЕФА) се закани дека ќе покрене судска постапка против Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) и нејзиниот претседател Џани Инфантино, во врска со повлечениот план за продажба на удели во натпреварувањата под покровителство на ФИФА на приватни инвеститори. Би-Би-Си Спорт пишува дека покрај силната реакција од Нион, Фудбалската асоцијација на Англија (ФА) исто така се подготвува да ја повлече …
Continue Reading
Инспектори влегуваат во трите болници каде што се лекувала 19-годишната родилка која остана неподвижна
Министерството за здравство соопшти дека Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ), по налог на министерот Сашо Клековски, спроведува вонреден инспекциски надзор во Општата болница Струмица, Клиничката болница Штип и Универзитетската клиника за неврологија во Скопје, каде што била лекувана 19-годишната пациентка. Од Министерството информираат дека во наредните денови ќе биде прибрана целокупната медицинска документација од трите здравствени установи, по што …
Continue Reading
(Видео) Ливерпул водеше со 2:0, а потоа прими четири гола за 25 минути
Ливерпул ги заврши подготовките во САД со пораз од Лидс Јунајтед (4:2). Тренерот Андони Ираола има многу грижи по натпреварот. „Црвените“ одиграа одлично прво полувреме, веројатно најдоброто откако Ираола го презеде тимот, но по паузата целосно се распаднаа и примија четири гола за само 25 минути. Бројните промени не можат да бидат изговор за слаба игра, која го разоткри недостатокот …
Continue Reading
Вуди Харелсон ќе го добие Почесното Срце на 32. Сараевски филмски фестивал
Американскиот актер Вуди Харелсон е добитник на Почесното Срце на 32. Сараевскиот филмски фестивал, како признание за неговиот исклучителен придонес во филмската уметност и долгогодишната актерска кариера. „Вуди Харелсон е еден од оние актери на кои им верувате и во најневеројатните улоги. Неговиот талент, харизма и храброст се пример за идните генерации. Чест ни е што можеме да му го …
Continue Reading