Николоски на средба со в.д. амбасадорката на САД во Македонија: во фокусот инфраструктурните проекти и стратешкото партнерство

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, денеска оствари работна средба со Никол Варнс, вршител на должноста амбасадор на Соединетите Американски Држави во Македонија. На средбата се разговараше за тековните инфраструктурни проекти, економската соработка и можностите за понатамошно продлабочување на стратешкото партнерство меѓу двете земји. Министерот Николоски истакна дека Владата е силно посветена на реализацијата на капиталните …

Continue Reading

Италија под црвен аларм поради топлотниот бран

Италија од четврток ќе прогласи највисок степен на предупредување поради екстремни горештини во сите 27 поголеми градови, соопшти Министерството за здравство, пренесува „Ројтерс“. Црвениот аларм означува дека високите температури претставуваат сериозен ризик за здравјето на целото население, а не само за ранливите категории. Локалните власти им препорачуваат на граѓаните да избегнуваат престој на сонце и изложување на високи температури од …

Continue Reading

Да се испушта водата од чешмите, апелира Тошковски – водата во Гостивар сѐ уште не е безбедна за пиење

Граѓаните на Гостивар во наредниот период треба максимално да ја испуштаат водата од чешмите во своите домови за да се забрза прочистувањето на примарната и секундарната водоводна мрежа, апелира министерот за внатрешни работи Панче Тошковски по седницата на Главниот штаб за управување со кризи. Тој информираше дека водата од градскиот водовод и понатаму не е безбедна за пиење и може …

Continue Reading

Илајдници навивачи и клупски легенди на Милан на погребот на Франко Барези

Фудбалските великани и илјадници навивачи се збогуваа со легендарниот капитен на Милан, Франко Барези во базиликата Сант’Амброџо во Милано. Толпа се собра на плоштадот пред базиликата за да го испрати еден од најголемите играчи во историјата на Милан. Навивачите на „Росонерите“, вклучувајќи ги и членовите на групата „Курва Суд“, го исполнија просторот пред црквата долго пред почетокот на церемонијата. Со …

Continue Reading

Шпанија: Околу 70.000 мигранти ја напуштиле Сеута, бројот на загинати се искачи на 75

Речиси 70.000 мигранти ја напуштиле шпанската енклава Сеута по минатонеделниот масовен влез од Мароко, соопшти шпанскиот министер за внатрешни работи, Фернандо Гранде-Марласка. Според него, околу 72.000 лица влегле во Сеута, а приближно 70.000 веќе се вратиле. За останатите се утврдува нивниот правен статус, а оние што немаат право на престој ќе бидат вратени во согласност со шпанското и меѓународното право. …

Continue Reading

Ниланд (повторно) во Лајпциг

РБ Лајпциг повторно го ангажираше норвешкиот голман Орјан Ниланд. Голамнот потпишал договор до 2028 година, објави клубот од Бундеслигата. 35-годишникот се враќа во Лајпциг, каде што веќе настапуваше како позајмен играч во сезоната 2022/23. Ниланд во Лајпциг дојде како слободен играч откако неговиот договор со Севилја истече на крајот на јуни. Ниланд стана национален херој за време на историскиот пат …

Continue Reading

„Еј-би-си њуз“: Трамп седум пати се закани со напад врз Иран, па се повлече

Американскиот претседател Доналд Трамп најмалку седум пати јавно се заканил со напади врз иранска цивилна и енергетска инфраструктура, а потоа ги одложил или откажал во надеж дека ќе ги поттикне преговорите со Техеран, објави „Еј-би-си њуз“. Последниот таков случај беше во саботата, кога Трамп соопшти дека се откажува од напад врз иранската енергетска инфраструктура. Истовремено предупреди дека САД и натаму …

Continue Reading

Салах во Трабзон

Египетскиот крилен напаѓач Мохамед Салах потпиша двегодишен договор со турски Трабзонспор, објавија неколку релевантни турски медиуми. Поранешниот играч на Ливерпул, годишно ќе заработува 17 милиони евра, а платата со бонуси може да достигне до 22 милиони. Салах исто така ќе добива 20 проценти од продажбата на дресови со неговото име. Салах го напушти Ливерпул ова лето по девет години, во …

Continue Reading

Москва: Нападнати четири украински брода и пристаништето Чорноморск

Руското Министерство за одбрана соопшти дека неговите сили нападнале четири украински брода – три во пристаништето Миколаив и еден во Црното Море во близина на Одеса, тврдејќи дека биле користени за потребите на украинската војска, пренесува „Ројтерс“. Москва соопшти и дека бил нападнат контејнерски терминал во пристаништето Чорноморск, како и складиште во кое, според руските тврдења, имало беспилотни летала и …

Continue Reading