Охрид СОС: Локалитетот Мауцкер е комплетно уништен и претворен во ѓубриште
Наместо да биде дел од природното и културно наследство на Охридскиот Регион, локалитетот Мауцкер е комплетно уништен и претворен во нестандардно ѓубриште, со тивко одобрување на Општина Охрид и сите локални и национални институции, велат од Граѓанската иницијатива Охрид СОС. Од таму велат дека и покрај големиот број нивни реакции, барања до релевантни институции, и покрај повеќе објави и соопштенија …
Continue Reading
(Видео) Tурција претстави ново копнено возило „Гокбору“
Турската одбранбена компанија Electroland Defence за првпат го претстави своето ново домашно развиено безекипажно копнено возило „Гокбору“ на саемот SAHA 2026 во Istanbul, јавува „Анадолија“. Станува збор за возило со конфигурација 6×6, кое може да достигне брзина до 30 километри на час и да носи товар до 800 килограми. „Гокбору“ е дизајниран за работа во тешки теренски услови и може …
Continue Reading
Мицкоски: Германските компании се партнери во трансформацијата на македонската економија
Премиерот Христијан Мицкоски се обрати на „German-Macedonian Business Summit 2026“, нагласувајќи дека соработката со германските компании е клучна за економската трансформација на земјата. Тој порача дека дигиталната трансформација и економијата базирана на знаење се приоритет за државата, истакнувајќи дека идниот раст повеќе не може да се темели само на евтина работна сила, туку на иновации, технологија и човечки капитал. Мицкоски …
Continue Reading
Муцунски: Нашата цел е да изградиме општество кое ќе создава можности, а не причини за заминување
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска се обрати на отворањето на конференцијата посветена на демографската отпорност, која се одржа во Скопје, во организација на Министерството за социјална политика, демографија и млади и УНФПА, под покровителство на претседателот на Владата, Христијан Мицкоски. Во своето обраќање, министерот Муцунски истакна дека демографските предизвици повеќе не се само статистика, туку …
Continue Reading
„Фолклорот како живо наследство“, настан во Паркот на Франкофонија со народни ора и песни, носии и ракотворби
Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, ги поканува граѓаните на 10 мај (недела), со почеток во 12:00 часот, во Паркот на Франкофонија, на културно-едукативниот настан „Фолклорот како живо наследство“, посветен на богатото македонско фолклорно и духовно наследство. Настанот ќе понуди разновидна сценска програма, со настапи на сите возрасни групи од Ансамблот за народни игри и песни „Орце Николов“, како и …
Continue Reading
Илон Маск и „Антропик“ со неочекувано партнерство и покрај меѓусебните напади
Компанијата за вештачка интелигенција Anthropic (Антропик) ќе добие пристап до огромна компјутерска инфраструктура поврзана со Илон Маск, во изненадувачка соработка меѓу двата ривали во трката за доминација во вештачката интелигенциј. Според договорот, „Антропик“ ќе го користи целосниот капацитет на дата-центарот „Колосус 1“, управуван од „Спејс Икс“, кој е интегриран во АИ проектот xАИ на Илон Маск. Со тоа компанијата добива …
Continue Reading
Инфлацијата во 2026 година ќе изнесува 4 отсто, според проекциите на Народната банка
Советот на Народната банка, на седницата одржана на 7 мај 2026 година, ги разгледа и ги усвои најновите макроекономски проекции, содржани во Кварталниот извештај на Народната банка. Во Извештајот е заклучено дека светската економија и понатаму се соочува со значителни ризици. По растот од 3,4% во 2025 година, се очекува умерено забавување на светскиот раст, којшто би се свел на …
Continue Reading
Лимани: Демографските предизвици не познаваат граници и не можат да се решаваат изолирано – потребна ни е заедничка акција
Демографските предизвици не познаваат граници и не можат да се решаваат изолирано – потребна ни е заедничка акција, изјави министерот за социјална политика, демографија и млади,Фатмир Лимани, на Втората регионална министерска конференција за демографска отпорност што се одржува во Скопје. Тој кажа дека регионот и голем дел од Европа, особено Источна Европа, се соочуваат со сериозни демографски предизвици, низок фертилитет, …
Continue Reading
Претрес во Гостивар, пронајдена дрога, уапсени две лица
Вчера во 13:30 часот во Гостивар, полициски службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар го уапсија Е.И.(37) од Гостивар. При претрес во неговиот дом и помошни простории, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени неколку пакувања со марихуана, дигитална вага и 68.500 денари. Потоа, во 21:40 часот, полициски службеници го лишиja од слобода и Џ.М.(38) од село Здуње, …
Continue Reading