Стоилковиќ – Памер: Потврдена подготвеноста за продлабочување на соработката меѓу Македонија и Австрија

Министерот за локална самоуправа Иван Стоилковиќ денес оствари работна средба со Н.Е. Мартин Памер, амбасадор на Република Австрија во РС Македонија. На средбата беше потврдена традиционално добрата и пријателска соработка меѓу двете земји, како и заедничкиот интерес за нејзино натамошно унапредување. Беа разменети мислења и за темите и приоритетите од интерес за Австрија во земјава, со посебен акцент на областите …

Continue Reading

Пожар на кровна конструкција на две споени куќи во Козле: нема повредени

Вчера во 07:52 часот во СВР Скопје било пријавено дека на улицата „Јуриј Гагарин“ во Скопје настанал пожар на кровна конструкција на две споени куќи, сопственост на Г.К.(52) и 80-годишната Л.Ц.Т., двајцата од Скопје. Повредени лица нема, а екипа од Бригадата за противпожарна заштита Скопје го изгаснала пожарот. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Continue Reading

Од гробно место во Бутел украдена бронзена биста

Вчера во 13:00 часот во СВР Скопје, 19-годишниот П.Ј. од Србија пријави дека во периодот од октомври 2024 до јули 2026 година од гробното место во Бутел била одземена бронзена биста. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Continue Reading

Малолетничка нападната од женско лице на подрачјето на Карпош

Вчера во 12:30 часот во СВР Скопје, 54-годишната М.М. од Скопје пријавила дека на 17.08.2026 околу 21:30 часот на подрачјето на Карпош во Скопје, нејзината малолетна ќерка била физички нападната од женско лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Continue Reading

Кривична против 42-годишник од Пехчево за „насилство врз дете“

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово поднесе кривична пријава против 42-годишниот Ф.А. од Пехчево поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство врз дете“. На 27.07.2026 на место викано „Парк Езерце”, пријавениот извршил физичко и психичко насилство врз малолетно дете.

Continue Reading

Град Скопје најави авионска и терестична дезинсекција за наредните неколку дена

Градот Скопје ги известува граѓаните дека авионска дезинсекција на подрачјето на градот Скопје, против комарци, ќе се реализира на 20.08.2026 (четврток) и 21.08.2026 (петок) во раните утрински часови. Исто така од Градот информираат за терестична дезинсекција на подрачјето на градот Скопје, против комарци, што ќе започне на 23.08.2026 (недела) и ќе трае до 26.08.2026 (среда), во период од 22.00 до …

Continue Reading

Скопјанец пронајден починат во дворот на семејната куќа во Ќерамидница

Вчера во 11:37 часот во СВР Скопје било пријавено дека во двор од семејна куќа на подрачјето на населба Ќерамидница во Скопје починал 82-годишниот Т.Б. во Скопје. Лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт, а по насоки на јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција.

Continue Reading

(Видео) „Орце закасни со прскањето против комарци и одговорност мора да има“, вели Давчевски

„Во Скопје ескалира кризата со западно-нилска треска и состојбата е алармантна. Досега има 35 потврдени случаи, 4 починати лица, а 6 лица се на интензивна нега, во критична состојба. Скопјани повторно се жртви на неспособноста на човекот кој го избраа да биде нивниот заштитник – градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски“, вели Александар Давчевски, претседател на Градска организација на СДСМ. „Наместо …

Continue Reading

Акциска контрола во златарница во центарот на Гостивар: пронајден златен накит без жиг во вредност од 86.959 евра

Вчера во периодот од 11:30 до 21:05 часот, полициски службеници од ОВР Гостивар, во содејство со Царинската управа, Управата за јавни приходи и Државниот пазарен инспекторат, спровеле акциска контрола во златарница во центарот на Гостивар, сопственост на Ќ.М.(64) од Гостивар. При контролата, поради непријавување односно немање соодветно обележје (жиг) на златото, Државниот пазарен инспекторат од вработениот З.М.(59) одзеде еден килограм …

Continue Reading