Манчестер Сити го продолжи договорот на младата ѕвезда
Манчестер Сити го продолжи договорот на средниот играч Нико О’Рајли, соопшти клубот. Договорот со 20-годишниот фудбалер е продолжен до летото 2030 година. „Никогаш нема да го заборавам овој ден. Во Сити сум од осумгодишен и да стигнам до првиот тим и да играм за него е остварување на сон. Потпишувањето на нов договор е навистина нешто посебно“, изјави О’Рајли. „Многу …
Continue Reading
Малолетници се закануваат и се тепаат крвнички, случаите се пријавени во полиција
Во Скопје вчера биле пријавени два одделни случаи на меѓуврсничко насилство. Првиот случај го пријавила мајката на 14-годиишно девојче, дека подолг временски период три малолетнички ја следеле, вознемирувале и упатувале закани на најзината ќерка. -Вчера во 13:30 часот во СВР Скопје, С.П.(44) од Скопје пријавила дека подолг период три малолетнички ја следеле, вознемирувале и упатувале закани на најзината 14-годишна ќерка, …
Continue Reading
Бруно Фернандеш промаши пенал, Јунајтед поразен од Брентфорд
Манчестер Јунајтед повторно разочара, овојпат со пораз од Брентфорд (3-1) во Лондон, во меч од шестото коло на Премиер – лигата. Херој на домаќините беше Бразилецот Игор Тијаго со два погодоци уште во првите 20 минути. Јунајтед се врати во игра преку новајлијата Бењамин Шешко, кој го постигна дебитантскиот гол и намали на 2-1, но тоа беше максимумот што „црвените …
Continue Reading
Нуно Еспирито Санто ќе биде нов менаџер на Вест Хем
Вест Хем реши да се раздели со менаџерот Грем Потер, но брзо ја затвори оваа страница и веднаш најде ново решение. Само неколку часа по разделбата, од Лондон стигна вест дека Нуњо Еспирито Санто е назначен за нов тренер на „чеканите“. Со тоа Вест Хем добива искусен стратег кој добро го познава англискиот фудбал. Португалецот веќе има богато искуство во …
Continue Reading
Превезувал мигранти и удрил полициски службеник во обид да избега
На автопатот Граничен премин Табановце – Куманово, вчера околу 16:30 часот полициски службеници го лишиле од слобода М.Б. (25) од Неготино, кој превезувал мигранти и удрил полициски службеник во обид да избега. -На автопатот Граничен премин Табановце – Куманово, вчера околу 16:30 часот полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Сопот при Регионалниот центар за гранични работи Север го …
Continue Reading
Возач со ауди усмрти 83-годишен пешак на патот од Горно кон Долно Лисиче
Денеска во 08:15 часот во СВР Скопје е пријавено дека на патот Горно Лисиче – Долно Лисиче во Скопје, патничко возило „ауди а6“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Г.Д. (30) од Скопје, удрило во пешакот Т.Ѓ.(83) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил Т.Ѓ., констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје, каде што подоцна починал. Лекар …
Continue Reading
Од јануари до јули годинава Македонија ја посетиле 730.793 туристи
За 10,2 проценти е зголемен бројот на туристите од јануари до јули годинава и нашата стратегија е Македонија да се развива како регионален туристички хаб кој комбинира економски раст, културна промоција и меѓународна видливост, порача од Крушево министерот за култура и туризам Зоран Љутков кој присуствуваше на манифестацијата „Одржлива трансформација во туризмот“ за денешниот светски ден на туризмот. -Од јануари …
Continue Reading
Атлетико ќе се обиде да го сопре залетаниот Реал во градското дерби
Мадридското дерби меѓу Атлетико Мадрид и Реал Мадрид ќе ја раздвижи шпанската престолнина денеска, кога двата гиганти ќе се сретнат на стадионот „Ер Метрополитано“. Натпреварот од седмото коло на Ла Лига започнува во 16:15 часот и се очекува да биде еден од најинтересните судири на почетокот од сезоната. Тимот на Диего Симеоне ќе се обиде да го сопре залетаниот противник, …
Continue Reading
Христов: Сакаме да продолжи позитивната серија на Македонија ЃП
Екипата на Македонија ЃП на последните четири меча во домашниот шампионат има три победи и еден пораз. Во текот на оваа серија совладани се Пелистер, Брера и Шкупи додека единствениот неуспех беше на гостувањето против Вардар. Благодарение на победничката низа „лавовите“ полека но сигурно се искачуваат на табелата со девет освоени бода и во моментов се на шестата позиција. Денеска …
Continue Reading