Променливо облачно и студено со повремени врнежи од дожд, на некои од повисоките места дожд и снег

Променливо облачно и студено со повремени врнежи од дожд, на некои од повисоките места од дожд и снег, а на планините повремен снег. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. Минималната температура ќе се движи во интервал од 2 до 7 степени, а максималната ќе биде во интервал од 4 до 11 степен. Во Скопје, облачно и студено со врнежи …

Continue Reading

Прекинат воздушниот сообраќај на аеродромот во Минхен, забележани се дронови

Воздушниот сообраќај беше прекинат преку ноќ на аеродромот во Минхен поради прелет на дрон, чие потекло се истражува, изјави портпарол на германската полиција за АФП, откако неколку европски земји пријавија воздушни упади што ѝ се припишуваат на Русија. Според соопштението на аеродромските власти, 17 летови што требало да тргнат од Минхен беа откажани таа вечер, што влијаеше на речиси 3.000 …

Continue Reading

Врнежи од снег и паднати дрвја на патот Никфорово-Леуново-Бунец, сообраќајот во прекин

На регионалниот пат Никфорово-Леуново-Бунец од 23:20 часот, сообраќајот е во прекин поради врнежи од снег и паднати дрва на коловоз, извести АМСМ.   Се интервенира за негово расчистување. Во текот на денот и вечерва вработените од Ј.У.Н.П. „Маврово# со сопствена механизација, се вклучија во активностите за расчистување на паднатите дрва кои го отежнуваат движењето на автомобили по регионалниот пат Маврово …

Continue Reading

Обст ја торпедира Црвена звезда, Партизан се извлече против Милано, Реал во дербито го победи Олимпијакос

Три натпревари го отворија второто коло во кошаркарската Евролига. Победи забележаа Реал Мадрид, Баерн Минхен и Партизан. Реал Мадрид со голем пресврт, во последната четвртина го победи Олимпијакос со 89:77. Најефикасни играчи во Реал Мадрид беа Марио Хезоња со 18, Габриел Дек со 13, Факундо Кампацо со девет поени и осум асистенции. За Олимпијакос, Тајлер Дорси постигна 20, Еван Фурние …

Continue Reading

(Видео) Црвена звезда падна во 89-та минута на „Драгао“, Динамо го победи Макаби во Бачка Топола

Црвена звезда загуби во Порто, а Динамо Загреб забележа победа над Макаби, во второто коло во Лига Европа. На „Драгао“, Порто ја запиша деветтата победа од почетокот на сезоната. Порто ја победи Црвенз звезда со 2:1, со голот на Родриго Мора во 89-та минута. Играчите на српскиот првак скапо ги платија грешките на „Драгао“. Учена со несмасна реакција направи пенал …

Continue Reading

Полицијата го идентификуваше напаѓачот во Манчестер: уште тројца уапсени

Полицијата за борба против тероризмот потврди дека напаѓачот во утринскиот напад врз синагогата во Манчестер е 35-годишниот Џихад ал Шами, британски државјанин од сириско потекло. „Врз основа на она што го знаеме во моментов, нашите евиденции не укажуваат на какви било претходни антитерористички истраги во врска со ова лице“, соопшти полицијата. Тие додадоа дека три лица – двајца мажи на …

Continue Reading

(Видео) Орбан: Посилни сме од Русија; Туск: Ми се допаѓа кога ги користи моите аргументи

Унгарскиот премиер Виктор Орбан повтори дека Европската Унија не треба да се плаши од Русија бидејќи е посилна од неа во однос на капацитетите. „Вистинската опасност е економската стагнација и губењето на конкурентноста“, рече Орбан. Додека полскиот премиер Доналд Туск разговараше со група полски новинари на маргините на состанокот на Европската политичка заедница во Копенхаген, еден од нив реши да …

Continue Reading

(Видео) Хамас испали пет ракети врз израелскиот град Ашдод

Пет ракети беа испукани од северниот дел на Појасот Газа кон крајбрежниот град Ашдод во ноќта за Јом Кипур, во напад за кој подоцна одговорност презеде терористичката организација Хамас, објави „Тајмс оф Израел“. Во меѓувреме, еден офицер беше сериозно ранет, а двајца војници беа полесно повредени во напад врз воен пункт во централна Газа денес, соопшти војската. Video from today’s …

Continue Reading

(Видео) Немири низ Европа по блокадата на флотилата: се уништуваат продавници и ресторани

Пропалестинските демонстранти во Европа денес го блокираа сообраќајот и вандализираа продавници и ресторани откако израелските сили пресретнаа група бродови со помош за Газа. Gamberros lanzan petardos contra un Burger King y lo vandalizan en la manifestación por Gaza de Barcelona. La izquierda acusa al negocio de colaborar con Israel. Pero calzan Nike, usan iPhone, van al Starbucks, comen en McDonald’s, …

Continue Reading