Возач загина кај гостиварско Чегране
Возач починал на самото место откако излетал со својот фолскваген голф на патот меѓу гостиварско Чегране и Корито, информира Министерството за внатрешни работи. Се работи за 26-годишниот Л.М. од гостиварското село Форино. Смрт констатирал лекар од Итната медицинска помош. Увидната екипа на ОВР Гостивар извршила детална истрага на местото на несреќата, во присуство на јавен обвинител. Телото на починатиот, по …
Continue Reading
Македонија подготвена за победа – Милевски и Димитриевски веруваат во триумф над Казахстан
Фудбалската репрезентација на Македонија го остави зад себе ремито со Белгија и веќе е насочена кон новиот предизвик. Утревечер на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје гостува селекцијата на Казахстан, а целта е јасна – победа и нови три бода во квалификациите. Селекторот Благоја Милевски зрачи со оптимизам и верува дека неговите избраници се подготвени за уште една силна пресметка. …
Continue Reading
Спасовски вели дека ВМРО-ДПМНЕ ја злоупотребува трагедијата во Кочани, тврди дека не се јавил да спречи контрола
Пратеникот на СДСМ и поранешен министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски денеска ги демантираше, како што вели, лагите изнесени на прес-конференција од страна на ВМРО-ДПМНЕ. „Најостро ги демантирам лагите и манипулациите коишто ВМРО-ДПМНЕ ги пласира. Ги отфрлам како целосни невистини. Ова е класичен пример за очајна манипулација. Никогаш, ниту во еден момент, не сум се јавил за да спречам контрола, …
Continue Reading
ВМРО-ДПМНЕ обвинува дека Спасовски го штител газдата на „Пулс“
Дали Оливер Спасовски се јавувал во СВР Штип и барал да се р’же на полицијата во Кочани за спас на газдата на дискотеката „Пулс“? Што кријат Јавното обвинителство и Коцевски? Овие прашања денеска на прес-конференција ги постави Викторија Андоновска од ВМРО-ДПМНЕ, повикувајќи се на информации, односно на наводна телефонска конверзација меѓу синот на сопственикот на т.н. кабаре „Пулс“ во Кочани …
Continue Reading
Во тешка сообраќајка попладнево загина маж, а тешко повредено е 18-годишно момче
Во директен судир на две патнички возила попладнево околу 14 часот на експресниот пат Штип – Велес загинал маж, а 18-годишно момче е тешко повредено. Увид направила екипа на СВР Штип, потврдија од МВР. На местото на настанот била повикана и екипа на Противпожарната единица од Велес. Како што информираат од Итната помош на ЈЗУ Здравствен дом Велес, тие за …
Continue Reading
„Кралот на Рио“ конечно се пензионираше: Легендарниот Алдо ги закачи ракавиците со солзи
Еден од најголемите ММА борци на сите времиња, 39-годишниот Бразилец Хозе Алдо, го потврди своето пензионирање од спортот вторпат, и тоа го направи во исклучително емотивен момент пред својата домашна публика. „Кралот на Рио“, како што беше официјално наречен, не можеше да избере подобро место за да се збогува со својата неверојатна кариера, и тоа го направи на настан на …
Continue Reading
Мала држава од Атлантикот е пред историски пласман на СП 2026, а билетите за најважниот меч се продаваат во пекарници
Фудбалската репрезентација на Зеленортските Острови утре го игра својот клучен натпревар против Есватини, а победата ќе им донесе историски прв пласман на Светско првенство. Ова ќе биде првпат малата островска држава да се најде на најголемата фудбалска сцена. Со два бода предност пред второпласираниот Камерун, Зеленортските Острови се на одлична позиција да обезбедат директен пласман. Дури и во случај на …
Continue Reading
Билети за мечот Македонија – Казахстан утре ќе можат да се купат и на билетарницата на Арената
Фудбалската федерација на Македонија информираше дека освен преку сајтот eticket.ffm.mk специјализиран за електронски билети за мечевите на националниот тим, билети за утрешниот меч со Казахстан ќе може да се купат и на билетарницата на Националната арена „Тодор Проески” во Скопје. Утре, на денот на натпреварот, од 10 до 17 часот ќе може да се купи билет за мечот Македонија – Казахстан …
Continue Reading
Зеленски бара акција откако Москва изврши над 4.000 напади за една недела врз Украина
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска ја повика меѓународната заедница да преземе акција, по една недела во која биле извршени повеќе од 4.000 руски воздушни напади. „Москва си дозволува да ги ескалира своите напади, отворено искористувајќи го фактот што светот е фокусиран на обезбедување мир на Блискиот Исток“, напиша Зеленски на социјалната платформа Икс. „Токму затоа не смее да се дозволи …
Continue Reading