Разорни поплави во Мексико: најмалку 47 мртви и 38 повредени
Силни бури предизвикаа пустош низ Мексико, со најмалку 47 мртви и 38 исчезнати во поплавите и лизгањата на земјиштето предизвикани од обилните дождови, соопштија вчера властите. Околу 260 градови, особено во планинските региони, се отсечени од надворешниот свет. Десетици илјади домови се исполнети со урнатини и кал. Мексиканската претседателка Клаудија Шајнбаум се соочи со протести од жителите за време на …
Continue Reading
(Видео) Снимена реакцијата на луѓето во Тел Авив по ослободувањето на првите заложници
Гласни извици се слушаа во Тел Авив кога беше објавено дека првите заложници на Хамас во Газа се предадени на Црвениот крст. Илјадници луѓе се собраа околу голем екран на Плоштадот на заложниците, мавтајќи со израелски знамиња и држејќи знаци на кои пишуваше „тие се враќаат дома“. До екранот стои часовник, кој го означува точниот број денови што заложниците ги …
Continue Reading
Оригинално претставување на современата македонска книжевност на Саемот на книгата во Франкфурт 2025
По петти пат, Македонската асоцијација на издавачи (МАИ) годинава ќе ја претставува современата македонска книжевност на 76. издание на Саемот на книгата во Франкфурт, кој се одржува од 15 до 19 октомври. Креативниот концепт на овогодишното претставување на македонската книжевност на најголемиот светски саем во областа на издаваштвото се потпира на мотото „Читај во 7/8. Приказни со единствен ритам.“ Со …
Continue Reading
„Дали Спасовски ургирал во СВР Штип за да се спаси газдата на „Пулс“, што крие ЈО и дали Коцевски го штити Спасовски“, прашува ВМРО-ДПМНЕ
„Јавноста мора да добие одговор. Дали Оливер Спасовски во својство на министер за внатрешни работи лично се јавувал во СВР Штип и барал да се изврши притисок врз полицијата во Кочани за да се заштити газдата на дискотеката Пулс“, прашува ВМРО-ДПМНЕ. „Според информациите кои излегоа во јавноста а се обелоденети во медиуми се фрла сомнеж на вмешаност на врвот на …
Continue Reading
Ѓоковиќ: Бев на вечера со Рафа, но не сме пријатели
Во интервју за „Кориере дела Сера“, Новак Ѓоковиќ уште еднаш раскажа каков однос имал со своите најголеми ривали, Рафаел Надал и Роџер Федерер. „Никогаш не бевме пријатели. Рафа е само една година постар, двајцата сме близнаци во хороскоп, двапати бевме на вечера заедно, но пријателството со него е невозможно. Секогаш имав многу почит и восхит кон него. Невозможно е пријателство …
Continue Reading
Израел: Чекавме 738 дена за да го кажеме ова – добредојдовте дома
Израелското Министерство за надворешни работи објави на платформата Икс дека Хамас ослободи седум израелски заложници, киднапирани за време на нападот на 7 октомври 2023 година, по повеќе од две години заложништво. „Чекавме 738 дена за да го кажеме ова: добредојдовте дома, Алон, Еитан, Гај, Зив, Гали, Омри и Матан!“, се вели во соопштението на министерството, заедно со фотографии од ослободените …
Continue Reading
Трамп слета во Израел
„Ер Форс Уан“ штотуку слета на аеродромот „Бен Гурион“ во Тел Авив. Претседателот на САД, Доналд Трамп, ќе помине неколку часа во Израел, каде што ќе се сретне со семејствата на заложниците и ќе се обрати пред Кнесетот, израелскиот парламент. Потоа ќе отпатува за Египет на мировен самит со светските лидери и на официјалната церемонија на потпишување на првата фаза …
Continue Reading
(Видео) Обожаватели во Париз се збогуваа со Халид Бешлиќ
Меѓу многуте градови што се збогуваа со музичката легенда Халид Бешлиќ во саботата беше и Париз. Обожавателите се собраа пред Ајфеловата кула со знамиња на Босна и Херцеговина за да му оддадат почит на пејачот, а емотивното видео го сподели актерот Енис Бешлагиќ, кој ја започна иницијативата за збогувања низ целиот свет. View this post on Instagram A …
Continue Reading
„Влен“: Вресоците на Ахмети, Таравари и Села се последните извици на една коалиција во распад
„Селотејп коалицијата, составена од ситни лични интереси, по локалните избори го завршува своето политичко поглавје, засекогаш. Вресоците на Ахмети, Таравари и Села се последните извици на една коалиција во распад“, велат од „Влен“. „Едниот бара „политички договор“ и се обидува да го копира Али Ахмети, кого со право треба да го праша: што се случи со писмата што ги испраќаше …
Continue Reading