Уште еден Адетокунбо потпиша договор со Милвоки
Милвоки стана првиот НБА тим во историјата кој има тројца браќа под договор. Тоа се Јанис, Танасис и Алекс Адетокунбо. Бакс официјално објавија дека потпишале договор со Алекс, кој играше за Висконсин Херд, тим од Џи-лигата и подружница на Милвоки, од 2022 до 2024 година. Сите кошаркарски експерти истакнуваат дека договорот со Алекс не е склучен за зајакнување на играчкиот …
Continue Reading
Топ 5 начини за паметно штедење преку осигурување
Колку пати сте си рекле „од утре ќе почнам да штедам“ – но утрешниот ден никогаш не дошол? Кога зборуваме за паметно штедење, повеќето луѓе мислат на штедна книшка или депозити во банка. Но, паметното штедење не се сведува само на одвојување средства, туку на создавање сигурност. Осигурувањето е тивкиот херој на финансиското планирање, тоа е начин да заштедите, додека …
Continue Reading
Железничката станица не може да биде турбо – фолк хаб, Ивановски ќе отстранува сѐ што не е во проектот од Кензо Танге
Железничката станица во најкус рок ќе биде исчистена од билборди, паноа и графити и ќе биде забрането да се поставуваат нови, а во исто време ќе почне подготовката на проекти за целосна реконструкција на објектот, за линија до аеродромот и за брза пруга на Коридорот 10. Ако се оди според планот, Синиша Ивановски, директор на „Македонски железници инфраструктура“, очекува изградбата …
Continue Reading
Центарот за социјални работи пријави обљуба врз малолетник во Бит Пазар
На 14 октомври, околу 00:30 часот, во Полициската станица Бит Пазар од Центарот за социјални работи било пријавено дека на подрачјето на Бит Пазар едно лице извршило обљуба врз малолетен штитеник на центарот, информира МВР. Полицијата презема мерки за целосно расчистување и документирање на случајот.
Continue Reading
Тинејџер ја нападнал 18-годишната девојка во Скопје
Oсумнаесетгодишна девојка пријави во МВР дека на подрачјето на Ѓорче Петров била физички нападната од нејзиниот 19-годишен партнер од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Continue Reading
Измамен кумановец за 1,1 милион денари при купување градежни машини
Триесет и петгодишен маж од Куманово пријавил дека бил измамен од две лица за износ од 1.110.000 денари, соопшти МВР. Според пријавата, лицата го контактирале преку мобилни апликации, претставувајќи се како сопственици на градежни машини што пријавителот сакал да ги купи. По договорот, тој, по нивни насоки, ги предал парите на едно од лицата преку каса прими на приватен субјект. …
Continue Reading
Андоновски: Македонија добива Национален центар за вештачка интелигенција – започнува проектот „Везилка“
Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, денеска официјално го претстави проектот „Везилка“ – Национален центар за вештачка интелигенција, капитален проект со, како што рече, историско значење за дигиталната трансформација на Македонија. Проектот, со вкупна вредност од околу 6 милиони евра, се реализира со финансиска поддршка од Европската Унија преку програмата Horizon Europe и иницијативата EuroHPC, а е ко-финансиран од Министерството …
Continue Reading
83-годишник паднал од мотор во Струмичко, тешко е повреден
Вчера во селото Зубово, струмичко, се случила сообраќајна несреќа. Како што информира МВР, 83-годишниот К.С. од Зубово, управувајќи мотоцикл „хонда“ со струмички регистарски ознаки, изгубил контрола над возилото и паднал на коловозот. Во несреќата мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди, кои биле констатирани во Медицинскиот центар во Струмица. На местото на настанот увид извршила екипа од СВР Струмица.
Continue Reading
Тешко повреден велосипедист во сообраќајка на булевар во Скопје
На 13 октомври 2025 година, околу 08:50 часот, во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од булевар „8 Септември“ и сервисна улица во Скопје се случила сообраќајна несреќа. Според информациите од МВР, во несреќата учествувале патничко возило „сеат“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.К. (35) од Скопје, и велосипед управуван од С.Ј. (66) од Скопје. Во судирот тешки …
Continue Reading