(Видео) Најмалку 20 лица загинаа во пожар во автобус во Индија

Најмалку 20 лица загинаа во пожар во автобус во индиската држава Раџастан, објавија локалните медиуми. Автобусот превезувал повеќе од 50 патници и се движел помеѓу градовите Џајсалмер и Џодпур. „Деветнаесет патници загинаа во автобусот, а уште еден им подлегна на повредите на пат кон Џодпур“, изјави претставник на локалната полиција. Пожарот избувнал на задниот дел од автобусот и брзо се …

Continue Reading

(Видео) Филипче од Битола: Економијата е заглавена, инфлацијата галопира – Мицкоски ја влече државата назад

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, на вчерашната граѓанска трибина во Битола, посочи дека Владата на ВМРО-ДПМНЕ, за година и пол ја заглави економијата и го уназади напредокот на државата. „Економијата е заглавена, инфлацијата галопира, а платите се замрзнати. Оваа власт не ги решава проблемите на луѓето туку ги игнорира.Оваа власт гази по солидарноста, човечноста, демократијата, напредокот …

Continue Reading

Делови од Центар и Аеродром денеска без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат: · од 08:30 до 14:30 часот, корисниците од ул. Ѓорѓи Скрижевски (Општина Центар) · од 08:30 до 14:30 часот, корисниците од дел од ул. Патрение Зографски, од раскрсницата со ул. Рилски Конгрес до раскрсницата со ул. Тодор Александров. (Општина Центар) · од 09:00 до 13:00 часот, корисниците од …

Continue Reading

(Видео) Собослаи ја одложи промоцијата на Португалија во учесник на СП

Фудбалската репрезентација на Унгарија ја одложи промоцијата на Португалија во учесник на Светското првенство. Вечерва на „ Хозе Алваладе“ стадионот во Лисабон, Португалија и Унгарија ремизираа 2:2. Промоцијата на Португалија ја одложи играчот на Ливерпул, Доминк Собослаи со голот во 91-та минута. Португалците ја предводат групата со 10 поени, пет повеќе од Унгарија и сигурно е дека во наредната рунда, …

Continue Reading

(Видео) Англија прва од Европа избори пласман на СП, Србија прими гол од центар па ја победи Андора

Фудбалската репрезентација на Англија прва од Европа избори место на Светското првенство. Англија пукна петарда во Латвија, на две кола до крајот има 18 поени во групата, седум повеќе од Албанија и осум од Србија, која се мачеше во Андора, но победи со 3.1. Англија ја покажа класата во К групата, шест натпревари исто толку победи и гол разлика 18:0. …

Continue Reading

Црвена звезда ја прекина лошата серија против Жалгирис, Дубаи го декласира Фенер, Ефес победи кај Олимпијакос

Црвена звезда ја прекина лошата серија против Жалгирис, Дубаи среде Истанбул го декласира Фенербахче, а Ефес во Атина го победи Олимпијакос во четвртото коло во Евролигата. Црвена звезда на дебито на новиот тренер Саша Обрадовиќ, славеше против Жалгирис 88:79. Црвено-вбелите предводени од Џордан Нвора го симнаа проклетството против литвванскиот тим, ја прекинаа серијата од пет порази и воедно на Жалгирис …

Continue Reading

Трамп: Работата во Газа не е завршена, втората фаза од мировниот договор започнува веднаш

Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави дека работата во Газа не е завршена, бидејќи телата на починатите заложници не се вратени како што беше ветено, објави вечерва „Тајмс оф Израел“. „Сите 20 преживеани заложници се вратија и се чувствуваат добро, како што може да биде. Тешкиот товар е отстранет, но работата не е завршена. Телата не се вратени, како што …

Continue Reading

Сикорски: Европа мора да се подготви за „длабок“ руски напад

Полскиот министер за надворешни работи Радослав Сикорски денес предупреди дека Европа мора да биде подготвена за руски напад длабоко на нејзина територија. Тој оцени дека е „неодговорно“ што не гради одбранбени системи како што е „ѕид од беспилотни летала“ на неговото источно крило. Во Лондон, каде што го претстави иранскиот дрон „Шахед-136“ соборен во Украина, Сикорски ги повика европските земји …

Continue Reading

Силен земјотрес во Турција

Земјотрес со јачина од 4,1 степени според Рихтеровата скала вечерва ја погоди западна Турција, објави Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC). Во соопштението се наведува дека епицентарот на земјотресот бил на длабочина од девет километри. Засега нема информации за евентуални повредени или штети.

Continue Reading