Гаши – фон дер Лајен: Економска интеграција на единствениот европски пазар пред интеграција во ЕУ

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, оствари средба со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, која во рамките на нејзината тридневна турнеја низ земјите од регионот на Западниот Балкан, е во посета на земјава. На средбата присуствуваше и заменикот на генералниот секретар на Собранието, Бобан Стојаноски. Посакувајќи и добредојде во Собранието во име на пратениците, претседателот Гаши истакна дека …

Continue Reading

Нетанјаху се појави на суд, обвинет e за корупција, измама и поткуп

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денес се појави на суд во Тел Авив, каде што сведочеше во неговото судење за корупција – само два дена откако тој, заедно со Доналд Трамп, го означи ослободувањето на последните преживеани заложници во Израел и го објави крајот на двегодишната војна во Газа. Според израелските медиуми, министри и пратеници од партијата Ликуд на Нетанјаху присуствуваа …

Continue Reading

Норвешка ќе издвои 6 милијарди евра за Украина

Норвешката влада денес го претстави нацрт-буџетот на државата за 2026 година, кој предвидува издвојување на 70 милијарди норвешки круни (околу 6 милијарди евра) за воена поддршка на Украина, објави норвешкото Министерство за одбрана. Според информациите од норвешката влада, безбедноста и подготвеноста за вонредни ситуации се истакнати како клучни приоритети во буџетот за 2026 година. Министерството за одбрана изјави дека ова …

Continue Reading

Два американски бомбардери Б-52 кружат во близина на Венецуела

Два американски бомбардери Б-52 кружат во близина на Венецуела, додека тензиите меѓу Вашингтон и Каракас продолжуваат да растат. Во времето на пишување, бомбардерите сè уште биле видливи на Flight Radar, место за следење на воздушниот сообраќај. Според UK Defence Journal, тие претходно беа видени како кружат околу Венецуела неколку пати пред накратко да исчезнат од цивилниот радар, а потоа повторно …

Continue Reading

Германија ѝ испраќа на Украина дополнителни 2 милијарди евра и системи за воздушна одбрана

Германија ќе ѝ обезбеди на Украина дополнителна одбранбена помош во износ од 1,98 милијарди евра, потврди германскиот министер за одбрана Борис Писториус. Писториус нагласи дека Германија ќе продолжи и ќе ја прошири својата поддршка за Украина преку нови договори, при што новата помош ќе го надмине претходно споменатиот износ, објави украинскиот United24 Media. Пакетот за поддршка ќе вклучува системи за …

Continue Reading

Поради изградба на објект, оштетен е ѕид и кровот на куќата на Владо Малески во Струга, споменик заштитен како културно наследство

Поради изградба на објект, оштетен е ѕид и кровот на куќата на Владо Малески во Струга, споменик заштитен како културно наследство, информира Министерството за култура и туризам. „Во врска со оштетувањата на споменик на културата на ул. „Браќа Миладиновци“ бр. 16 во Струга, информира дека министерот Љутков е во координација со надлежните институции за преземање на соодветни мерки. Стручните лица …

Continue Reading

ВМРО-ДПМНЕ: Неадекватното работење и криминалот на ДУИ ја урна куќата на Владо Малески

Неадекватното работење и криминалот на ДУИ ја урна куќата на Владо Малески, велат од ВМРО-ДПМНЕ. „Градоначалникот на ДУИ од Струга даде градежна дозвола за објект до куќата на Владо Малески и ја загрози истата со нејзино уривање. Криминалот на ДУИ и неадекватното работење прави штета по државата секој ден. Јавното обвинителство мора да постапи и отвори истрага. Очекуваме одговорност за …

Continue Reading

Зеленски му го одзеде државјанството на градоначалникот на Одеса, го става градот под воена власт

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, го стави пристанишниот град на Црното Море, Одеса, под воена власт поради конфликт со градоначалникот, објави германската новинска агенција ДПА. Зеленски вчера му го одзеде државјанството на Генадиј Труханов, кој беше градоначалник на Одеса повеќе од една деценија, наведувајќи го фактот дека поседувал руски пасош. Труханов го негира ова и има намера да поднесе тужба …

Continue Reading

Мицкоски на средбата со фон дер Лајен: Државата очекува од Европската Унија јасна и конкретна посветеност

Денес во просториите на Владата, премиерот, Христијан Мицкоски, имаше средба со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, во рамки на нејзината балканска турнеја. Мицкоски информира дека на средбата се разговарало за европската перспектива, напредокот на реформските процеси, економската соработка, енергетската безбедност и дигиталната трансформација. „Ја истакнав решеноста на Владата да ја забрза евроинтеграцијата на државата преку конкретни резултати …

Continue Reading