Трагичен крај на потрагата по малиот авион во Хрватска: загинаа двајца германски државјани
Двајца германски државјани загинале во падот на мал авион на подрачјето на Велебит, потврди Агенцијата за истрага на несреќи во воздушниот, поморскиот и железничкиот сообраќај. Станува збор за продолжение на вчерашната информација за исчезнатиот авион, со кој бил изгубен контакт за време на летот од Чешка кон Задар. Несреќата се случила вчера околу 16:14 часот, кога се урнал авионот „Diamond …
Continue Reading
Тошковски: ЕБР е еден од столбовите на безбедносниот систем на Македонија
Единицата за брзо распоредување (ЕБР) денеска во Битола одбележа 25 години од своето формирање, јубилеј посветен на четврт век служба во функција на безбедноста на граѓаните и државата. На свеченоста пред Офицерскиот дом беа истакнати улогата на единицата во безбедносниот систем, нејзиниот развој од формирањето во 2001 година до денес, како и заложбите за натамошна модернизација, опремување и професионално усовршување …
Continue Reading
(Видео) Ваков гол ретко се гледа – Магија на Доминик Балард
Иако сезоната низ Европа штотуку започна, веќе добивме еден од кандидатите за наградата „Пушкаш“. Во натпреварот од 2. коло од англискиот Чемпионшип, Бирмингем и Бристол, видовме чиста мајсторство во режија на Доминик Балард. Напаѓачот на гостинскиот тим успеа да ја смести топката во мрежата со удар со петица што ги побива сите закони на физиката. Дојдовниот центаршут од левата страна …
Continue Reading
(Видео) Денес беше еден од најтешките денови за пожарникарите, вели Ангелов
Над 15 пожари на отворен простор се активни во земјава, а два од нив во текот на денот директно ги загрозиле населените места, информира попладнево директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов. Како еден од најсериозните пожари го посочи огнот што избувна во близина на селата Баница и Водоча, во непосредна близина на Струмица. Пожарот се приближил на …
Continue Reading
ЕБР одбележа 25 години: Четврт век посветеност, дисциплина и служба за граѓаните
Единицата за брзо распоредување (ЕБР) денеска во Битола одбележа 25 години од своето формирање, со свеченост пред Офицерскиот дом, на која беа истакнати нејзината улога во безбедносниот систем и заложбите за натамошна модернизација и професионално усовршување. Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски оцени дека ЕБР е еден од најважните оперативни сегменти на македонската полиција и еден од столбовите на безбедносниот …
Continue Reading
(Видео) Атлетик се самоуништи, Севилја победи во Билбао
Фудбалерите на Севилја победија во Билбао со 3:1, во второто коло. Мечот го обележаа грешките на фудбалерите на Атлетик, кои им ја подарија победата на гостите од Андалузија. Шпанската фудбалска репрезентација ја освои титулата светски шампион, а најдобар голман на тој турнир и незаменлив чувар на мрежата беше Унаж Симон, голманот на Атлетик Билбао. Во второто коло од Ла Лига, …
Continue Reading
Исчезна 42-годишна жена од Скопје, полицијата трага по неа
Четириесет и двегодишната А.С. од Скопје е пријавена за исчезната откако на 18 август излегла од домот на својата тетка и не се вратила. Исчезнувањето на 21 август во Полициската станица Центар го пријавила М.М.(60) од Скопје. Таа навела дека нејзината внука, која е лице со здравствени проблеми, го напуштила домот околу 22 часот. Полицијата презема мерки за пронаоѓање на …
Continue Reading
Огнената стихија се закани на Струмица: Пожарот стигна до куќите, пожарникарите спречија катастрофа
Пожар што денеска околу пладне избувнал во близина на Струмица, меѓу селата Водоча и Баница, брзо се проширил поради силниот ветер и сувата вегетација. Огнената стихија се приближила до домовите, но со брзата интервенција на пожарникарите било спречено ширење на огнот кон куќите и дворовите. Директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов, изјави дека брзата реакција на струмичките …
Continue Reading
Малолетници на возраст од 13 и 17 години меѓу приведените поради дрогa
Шест лица, меѓу кои две малолетни, биле приведени во одделни полициски акции во Скопје, Куманово и Кочани, а против жител на Прилеп е поднесена кривична пријава откако во неговиот дом биле пронајдени стебла канабис. На 21 и 22 август, на различни локации во Скопје, полициски службеници ги лишиле од слобода малолетници на возраст од 13 и 17 години од Скопје, …
Continue Reading