Уапсен 18-годишен скопјанец, при претрес во домот пронајдена дрога
Полицијата вчера вечер, на подрачјето на општина Аеродром, го уапси Х.В.(18) од Скопје. Според информациите на МВР, при претрес во неговиот дом и други простории, извршен со судска наредба, пронајдени и одземени се марихуана и шприц исполнет со течност. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Continue Reading
Родителите на жртвите од „Пулс“: Привремено се прекинуваат блокадите, маршевите продолжуваат секоја сабота
Семејствата на трагично починатите деца во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани информираа дека по добивањето на датумот за почеток на судскиот процес, секојдневните блокади ќе бидат привремено прекинати, но маршевите ќе продолжат секоја сабота – како симбол на нивната упорност и борба за вистината. Претходно беше соопштено дека главната расправа за предметот е закажана за 19 ноември 2025 година. …
Continue Reading
Официјалната истрага покажа дека подморницата „Титан“ имплодирала поради лоша конструкција
Американска истражна агенција утврди дека подморницата „Титан“ на компанијата „Оушенгејт“, која имплодираше за време на нуркањето кај олупината на бродот „Титаник“ во јуни 2023 година, беше уништена поради низа сериозни недостатоци во дизајнот и тестирањето, објави Би-би-си. Во несреќата загинаа сите пет лица на бродот, вклучувајќи го и директорот на „Оушенгејт“, Стоктон Раш. Според извештајот на Националниот одбор за безбедност …
Continue Reading
Сиљановска-Давкова: Фестивалот „Игор Маџиров“ уште еднаш ја покажа и докажа театарската моќ да допре до сите генерации
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова вчеравечер се обрати на свеченото отворање на четвртото издание на Интернационалниот фестивал на детски театри „Игор Маџиров“, којшто под слоганот „Сцена за сечиј сон“, и годинава се одржува под нејзино покровителство. За неа, фестивалот, иако е насочен кон најпрефинетата и најпробирливата целна група- најмладите, со оригиналниот и искрен пристап ги заведува, радува и восхитува не само нив, …
Continue Reading
(Видео) Италијанец се преправал дека е слеп 50 години, ја измамил државата за повеќе од еден милион евра
76-годишен маж од областа Виченца во Италија се преправал дека е целосно слеп повеќе од 50 години за да добие надомест за инвалидитет, измамувајќи ја државата за повеќе од еден милион евра. Измамата е откриена кога финансиската полиција го снимила како извршува секојдневни задачи без никакви проблеми, како што се градинарство и пазарување на пазарот, објавува „Кориере дел Венето“. На …
Continue Reading
Царина и Централен регистар договорија е-размена на податоци за царински долг – хартиените потврди наскоро заминуваат во историјата
Царинската управа и Централниот регистар договорија дигитална размена на податоци за царински долг, со што хартиените потврди кои се потребни за упис и промени на правниот субјект наскоро стануваат минато. Директорот на Царинска управа, Бобан Николовски и директорката на Централен регистар, Анита Стамнова, денеска официјално го потпишаа Договорот за соработка и размена на документи во електронска форма. „Намалувањето на бирократските …
Continue Reading
Наградена со Стериина награда, славена во Белград – претставата „Народен пратеник“ на МНТ сега патува за Брчко
Со претставата „Народен пратеник“ од Бранислав Нушиќ, во режија на Егон Савин, Македонскиот народен театар ќе настапи на претстојните 42. Интернационални театарски средби „Брчко Дистрикт“ во Босна и Херцеговина. Фестивалската програма се одржува од 16 до 24 октомври, а МНТ ќе настапи на втората фестивалска вечер, утревечер, на 17 октомври. Фестивалот „Брчко Дистрикт“, со речиси половина век традиција, важи за …
Continue Reading
Зеленски: Русија ја таргетираше енергетската инфраструктура со 300 дронови и 37 ракети
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска објави дека Русија употребила 300 беспилотни летала и 37 ракети за напад врз украинската инфраструктура во текот на ноќта. „Оваа есен, Русите го користат секој ден за да ја таргетираат нашата енергетска инфраструктура“, напиша тој на Икс. Украинската приватна енергетска компанија ДТЕК претходно соопшти дека постројка за производство на гас во регионот Полтава е затворена …
Continue Reading
„Сцена за сечиј сон“ – Отворен 4. Интернационален фестивал на детски театри „Игор Маџиров“ во Скопје
Под слоганот „Сцена за сечиј сон“, вчерва во Театарот за деца и младинци – Скопје свечено беше отворено 4. издание на Интернационалниот фестивал на детски театри „Игор Маџиров“, кој ќе се одржува од 15 до 18 октомври во Скопје. Фестивалот, во организација на Театарот за деца и младинци, оваа година го става фокусот врз младите, кон тие што бараат одговори, …
Continue Reading