Османи: Историски избори се пред нас, 19-ти октомври е референдум за иднината на Чаир

Овие избори се историски во Чаир, ова е референдум за иднината на Чаир, но и референдум за достоинството на граѓаните, истакна кандидатот за градоначалник на Општина Чаир, Бујар Османи, на денешната прес-конференција, последната пред завршувањето на кампањата. Тој порача дека изборите во недела на 19-ти октомври се историски момент за општината и за достоинството на граѓаните. „На овие избори има …

Continue Reading

МОН и УЈП ќе ја унапредуваат финансиската едукација училиштата

Министерството за образование и наука и Управата за јавни приходи потпишаа меморандум за спроведување на проект чија цел е унапредување на финансиската едукација и даночната писменост кај младите. Ќе бидат опфатени сите основни и средни училишта, затоа што, како што посочија потписниците на документот – министерката за образование и наука, Весна Јаневска и директорката на УЈП, Елена Петрова е исклучително …

Continue Reading

Дмитриев: Да изградиме тунел Путин-Трамп што ќе ги поврзе Русија и САД под морето

Русија и Соединетите Американски Држави треба да изградат железнички тунел „Путин-Трамп“ под Беринговото Море што би ги поврзал двете земји, би започнал заедничко истражување на природните ресурси и би „симболизирал единство“, рече советникот на Путин. Предлогот на Кирил Дмитриев, инвестициски советник на Путин и раководител на државниот фонд RDIF, се однесува на проект за изградба на железница од 112 километри …

Continue Reading

Уапсен жител на Кичево, возел пијан и предизвикал сообраќајна незгода

Полицијата, синоќа во 00:35 часот на улица „Јанко Михајлоски“ во Кичево, го уапсија М.Ц.(42) од Кичево, соопшти МВР. Претходно, тој, управувајќи патничко возило „рено“ без регистарски таблички, удрил во паркирано возило „мицубиши“ со скопски регистарски ознаки. При преземање мерки во врска со настанот, извршено е алкотестирање, при што полициските службеници констатирале дека го управувал возилото по дејство на алкохол, односно …

Continue Reading

Отворена нова амбуланта во Радуша

Министерот за здравство, Азир Алиу денес беше во посета на Радуша, каде повторно се отвори амбуланта која претходно беше запуштен и нефункционален простор. „Денес е навистина посебен ден за Радуша. По речиси една и пол година, амбулантата повторно ги отвора вратите за своите жители. Овој простор, кој беше запуштен и нефункционален, денес е целосно обновен на наше особено задоволство. Амбулантата …

Continue Reading

Ивановска: Време е да објавиме „војна на корупцијата“ во општина Центар

Независните кандидати за градоначалници на Град Скопје и Општина Центар, Горан Марковски и Билјана Ивановска ги повикаа граѓаните да излезат на Локалните избори во недела и да гласаат за стручност, професионалност, визија и антикорупција. – Со гласот за 128 за градоначалник на Скопје, гласаме за стручност и деполитизација на градската администрација. Скопје заслужува да добие стручен и независен градоначалник кој …

Continue Reading

Северина на настап: Имам корона, не ми се приближувајте

Северина настапи во Задар пред неколку дена. Пејачката ја поздрави публиката по пристигнувањето на сцената и спомена дека е болна. „Добра вечер на сите. Многу ми е мило што сум на вашата забава, ова ми е веќе не знам кој пат по ред. И имам корона, затоа не ми се приближувајте“, рече 53-годишната пејачка од Сплит, пренесува 023.Задар. По настапот …

Continue Reading

Сакал да го купи Евертон, сега е обвинет за измама вредна над 500 милиони

Еден од основачите на инвестициската фирма „777 Partners“, која се обиде да го купи Евертон, е обвинет за наводна измама на инвеститори за повеќе од 500 милиони долари. Наводно, Џош Вандер користел лажни финансиски документи за да донесе пари во „777 Partners“. Барем така велат федералните истражители од Њујорк. Групата „777 Partners“ се обиде во јуни 2024 година да го …

Continue Reading

Се гледаме во вториот круг, рече Шукова и повика недела да биде празник на демократијата и на слободата на одлучување

Кандидатката за градоначалничка на Скопје од СДСМ, Каја Шукова, ја заокружи кампањата за првиот изборен круг со повик до граѓаните да гласаат со срце и разум за единствената конкретна програма. Им се обрати и на противкандидатите и ги повика да придонесат недела да биде празник на демократијата. „Само со гласање може да ги промените работите во Скопје и да го …

Continue Reading