Французинка почина на Крит, планинарела на екстремна температура и дехидрирала

41-годишна француска државјанка почина вчера на Крит откако паднала во бессознание додека планинарела во услови на екстремна топлина. Несреќата се случила во близина на Балос, во регионот Ханија, а жената и нејзиниот партнер тргнале по тешка патека и покрај официјалните предупредувања за опасноста, објавува Euronews. Двојката го оставила својот автомобил на паркингот во Фаласарна попладнето и продолжила пеш кон плажата …

Continue Reading

Таткото на Том Холанд го откри свадбениот подарок за Зендаја и неговиот син

Том Холанд и Зендаја успеаја да ја сокријат својата свадба речиси целосно од јавноста, па дури ни членовите на нивното семејство не откриваат детали за големиот ден. Сепак, таткото на актерот, Доминик Холанд, сега сподели интересна приказна за подарокот што го купил за младенците. На својот Substack, тој напиша за неодамнешното патување во Јапонија и неговата љубов кон квалитетните кујнски …

Continue Reading

(Видео) Навивачите го бркаат Алварез, соиграчите и тренерот Симеоне се на негова страна

Хулијан Алварез доживеа жесток пречек од навивачите на Атлетико откако изрази желба да го напушти клубот и да и се приклучи на Барселона. Атлетико Мадрид и Виљареал одиграа 2:2 во второто коло од Ла Лига, но резултатот остана во сенка на сè што се случи на стадионот „Метрополитано“ околу Алварез. Аргентинскиот напаѓач за прв пат се соочи со навивачите на …

Continue Reading

(Фото) Украина ѝ врачи орден од прв степен на пратеничката Славјанка Петровска

Орден „Принцеза Олга“ од прв степен доби пратеничката Славјанка Петровска која вчера учествуваше на Националниот молитвен појадок на Украина, кој се одржа во Киев. Националниот молитвен појадок претставува значаен духовен и дипломатски настан кој ги обединува политичките, верските, граѓанските и меѓународните лидери околу напорите за мир, единство, правда и иднината на Украина. На настанот присуствуваат високи украински претставници, меѓународни партнери, …

Continue Reading

Продадена е топката со која беше постигнат голот познат како „Божјата рака“

Во годината, во која беа одбележани четири децении од легендарната „Божја рака“, топката со која беше постигнат еден од најпознатите и најконтроверзните голови во фудбалската историја беше продадена на аукција. Судбината ја спречи првата продажба, кога топката, чија автентичност беше доведена во прашање, не успеа да достигне ниту минимална цена од два милиони евра. Овој пат топката, која заврши во …

Continue Reading

Левица: Лицата со попреченост една година чекаат исплата од државата

Владата на ДПМНЕ повторно остава уште една категорија граѓани на цедило. До Левица стигнуваат дојави од лица со попреченост кои самостојно работат и веќе една година чекаат исплата на средствата што им се должат. Последната исплата била за јули 2025 година, исплатена дури во јануари 2026 година. Оттогаш нема нова исплата, иако луѓето продолжуваат да работат и редовно да ги …

Continue Reading

Муцунски во дводневна посета на Израел

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска и утре ќе престојува во посета на Државата Израел. Во рамките на посетата, предвидено е министерот Муцунски да оствари средба и разговори со својот израелски колега, министерот за надворешни работи, Гидеон Саар (Gideon Sa’ar). Во фокусот на разговорите ќе бидат билатералните односи, можностите за нивно натамошно унапредување и продлабочувањето на …

Continue Reading

Една од најотровните скорпии касна патник на аеродромот во Диселдорф

52-годишна патничка била касната од скорпија скриена во нејзината јакна на аеродромот во Диселдорф, соопштија пожарникарите. Инцидентот се случил во петокот, а жената пристигнала во Диселдорф од Грција, од островот Кос. Жената била пренесена во болница на лекување. Повикан бил експерт за влекачи од противпожарната служба во Диселдорф, кој ја фатил скорпијата. Експертот утврдил дека станува збор за палестинска жолта …

Continue Reading

Манчестер Јунајтед заинтересиран за Алехандро Балде

Алехандро Балде сака да ја напушти Барселона, а Манчестер Јунајтед е заинтересиран за неговиот трансфер. Шпанскиот лев бек наводно не е убеден дека има сигурна иднина на Камп Ноу, особено по доаѓањето на Жоао Кансело. Според информации од Шпанија, агентот на Балде, Жорге Мендеш, веќе работи на наоѓање нов клуб, а Манчестер Јунајтед се појавува како сериозна опција. Англискиот клуб …

Continue Reading