Папата канонизираше седум нови светци
Ѕвоната денес биеја на плоштадот „Свети Петар“ додека папата Лав XIV канонизираше седум нови светци на Католичката црква, три жени и четири мажи, вклучувајќи го и првиот светец од Папуа Нова Гвинеја, венецуелски „доктор на сиромашните“ и калуѓерки. На миса што започна во 10:30 часот на плоштадот „Свети Петар“ во Ватикан, беа канонизирани три калуѓерки кои го посветија својот живот …
Continue Reading
(Видео) Уапсени две лица од Крушево за поткуп при избори и гласање
Две лица се уапсени, а пет се повикани на разговор во полиција во врска со кривично дело поткуп при избори и гласање, соопшти МВР. Во 09:00 часот на улица „Дабничка“ во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп, во врска со кривично дело „поткуп при избори и гласање“, ги лишија од слобода Б.Х.(72) и Д.С.(36), двајцата од Крушево. Во врска со …
Continue Reading
До 13 часот гласале 20,12 отсто од избирачите
До 13 часот од добиени информации од 3.207 избирачки места од 1. 666. 298 запишани гласачи, гласале 335.244 или 20,12 отсто од избирачите, соопшти Државната изборна комисија. Најголема излезеност има во Богданци, Вевчани, Градско, Дебарца, Демир Капија, Дојран, Кратово, Крива Паланка, Лозово, Новаци, Ранковци и Чашка. Најмала излезеност досега има во Босилово, Врапчиште, Гази Баба, Гостивар, Дебар, Желино, Јегуновце, Маврово …
Continue Reading
Германија испраќа тројца невооружени воени офицери во Газа, ќе го следат прекинот на огнот
Германија ќе испрати тројца воени офицери за поддршка на следењето на прекинот на огнот во Газа, а тие ќе дејствуваат во рамките на координативен центар во Израел предводен од САД, објави германското Министерство за одбрана. Германскиот воен персонал ќе служи невооружен, со цел да придонесе за спроведување на мировниот план, пишува TRT World. „Германската влада го поддржува планот од 20 …
Continue Reading
Трамп објави видео со AI: Со круна на главата бомбардира толпа демонстранти со кафеава течност
Откако го помина денот играјќи голф додека неговите сојузници ги омаловажуваа и исмејуваа милионите Американци кои маршираа против неговото владеење, Доналд Трамп објави видео креирано со вештачка интелигенција на социјалната мрежа Truth Social. Во видеото, тој носи круна, лета во борбен авион со натпис „КРАЛ ТРАМП“ и бомбардира толпа демонстранти со кафеава течност. Видеото, споделено на личните и владините профили …
Continue Reading
Погрешно испечатени ливчиња во Ново Село и наводи за поткуп во Велес, Прилеп, Крива Паланка и Свети Николе
Денешното гласање до сега поминува мирно без поголеми нарушувања на изборниот процес, соопшти Јавното обвинителство. „Од почетокот на гласањето утрово, до јавните обвинителства и на посебната електронска адреса email protected не се пријавени инциденти или неправилности на гласачките места кои би имале елементи на кривично дело“, се наведува во соопштението. Јавен обвинител од ОЈО Струмица денеска усно е известен за погрешно …
Continue Reading
Изгоре куќа во Драчево, нема повредени
Вчера во 21:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека во населба Драчево во Скопје настанал пожар во куќа, сопственост на Г.Д.(69) и Д.П.(71), двајцата од Скопје. Пожарот е изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје, а повредени лица нема. Извршен е увид.
Continue Reading
Најсилните и најопасните љубовни парови се комбинации од овие знаци
Во астрологијата, постојат комбинации кои се хранат едни со други со страст, интензитет и длабочина. Ваквите парови се привлекуваат едни кон други речиси магнетски, а нивната динамика не остава простор за рамнодушност. Тие се или сè еден за друг, или се повлекуваат кога тоа станува премногу. Овие хороскопски комбинации често стануваат незаборавни и за двајцата партнери и за сите околу …
Continue Reading
Прегазена жена во Ресен, пренесена е во болница со тешки повреди
Вчера во 10:40 часот во ОВР Ресен е пријавено дека на улицата „Илинденска“ во Ресен, патничко возило „форд“ со ресенски регистарски ознаки, управувано од Д.Ѓ.(68) од Ресен, удрило во пешакот, 74-годишната Ф.Ј. од Ресен. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Ф.Ј., констатирани во Клиничка болница Битола. Извршен е увид од увидна екипа на ОВР Ресен.
Continue Reading