Хрватска урива стотина дивоградби покрај брегот
Во наредните три недели на плажата Зрќе во Новалија ќе бидат урнати 124 бесправно изградени објекти, соопшти Државниот инспекторат на Хрватска, пренесе „Јутарњи“. Од нив, 119 се наоѓаат во камп, а пет се угостителски објекти изградени без дозвола надвор од градежната зона. Инспекторатот соопшти дека отстранувањето ќе се врши на трошок на сопствениците и е проценето на околу 720 илјади …
Continue Reading
„Дојче веле“: Хамас и ИСИС добиваат пари од Германија
Терористички организации како Хамас и Исламска држава добиваат финансиска поддршка од Германија преку донации собрани на социјалните мрежи, објави Дојче веле. Според истражувањето, повици за „давање богатство за џихад“ кружат на интернет, а од германски следбеници се бараат пари за оружје. Главна фигура во мрежата на финансирање, според германските истражители, е жена од Минхен, Елиф О., која како тинејџерка заминала …
Continue Reading
Хороскопски знаци кои со поглед покажуваат дека некој не им се допаѓа
Некои луѓе можат да задржат љубезна насмевка дури и кога некој им оди на нерви. Но, овие хороскопски знаци – никако. Кај нив сè се чита на лицето: погледот зборува повеќе од зборовите. Едно „не ми приоѓај“ во очите или подигната веѓа што вреди колку илјада реченици — тоа е нивниот заштитен знак. Шкорпија Кога на Шкорпија некој не ѝ …
Continue Reading
Карлеуша откри дека Тони Цетински се обидел да ја заведе: „Секоја чест на храброста“
Српската пејачка Јелена Карлеуша во гостувањето во подкастот Bunker открила дека ѝ се додворувал хрватскиот пејач Тони Цетински. Карлеуша раскажала дека тоа се случило одамна на доделувањето на наградите во Бања Лука. „Седев сама и јадев нешто зелено, кога одеднаш слушнав ‘кс-кс’. Погледнав — Тони Цетински. Ми прати бакнеж и со главата ми покажа кон горниот кат, кон собите“, раскажала …
Continue Reading
Продолжен притворот на Нино Васев за уште 30 дена
Кривичниот суд во Скопје донесе одлука за продолжување на притворот на поранешниот директор на Клиниката за онкологија, Нино Васев, за дополнителни 30 дена. Адвокатот на Васев, Боби Спирковски, најави дека ќе поднесе жалба на решението, оценувајќи дека голем дел од сведоците кои се повикуваат на судењето се непотребни, бидејќи предметот, како што рече, треба да се темели на стручни вештачења. …
Continue Reading
Меџити: Градежните активности во Стар Чаир се доказ за почетокот на нова ера на развој
Новоизбраниот градоначалник на Општина Чаир од редовите на владината коалиција ВЛЕН, Изет Меџити, ја продолжува работата на терен. Меџити истакна дека градежните активности во Стар Чаир се одвиваат со силен интензитет и дека секој сегмент од изградбата на улиците се реализира според највисоките стандарди на квалитет и современа инфраструктура. „Со голем интензитет и целосна посветеност продолжува изградбата на улиците во …
Continue Reading
Еден осуденик месечно ја чини државата околу 1.000 евра, Пандов рече дека пробацијата не се користи доволно
Директорот на Управата за извршување на санкции, Александар Пандов, изјави дека државата месечно троши околу 1.000 евра за еден осуденик, нагласувајќи дека пробацијата во Македонија не се користи доволно, иако постои веќе шест години. На работниот состанок „Пробација и условен отпуст“, што денеска се одржува во Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ во Скопје, беше посочено дека над …
Continue Reading
Пропадна најавениот самит меѓу Трамп и Путин
Планираниот самит меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот претседател Владимир Путин, кој требаше да се одржи во Будимпешта до крајот на месецот, е одложен на неопределено време. Висок функционер од Белата куќа изјави дека „во блиска иднина нема планови за средба меѓу претседателите Трамп и Путин“, пренесе „Ројтерс“. Истата информација ја потврди и дописникот на „Аксиос“, Барак Равид. Според …
Continue Reading
Израел до Канада: Преиспитајте ја изјавата за апсење на Нетанјаху
Израел ја повика владата на Канада да ја преиспита изјавата на канадскиот премиер Марк Карни, кој во интервју за „Блумберг“ изјави дека ќе го почитува налогот на Меѓународниот кривичен суд (МКС) и би го уапсил израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху доколку дојде во Канада. „Веруваме дека премиерот Карни треба да ја преиспита оваа одлука и да му посака добредојде на премиерот …
Continue Reading