Средба на Сиљановска-Давкова со професорите Мартиновски и Конески
Претседателката Гордана Сиљановска – Давкова денеска ги прими проф. д-р Владимир Мартиновски, декан на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ и проф. д-р Атанас Конески, претставник на Културен и едукативен центар „Небрегово“, именуван по родното место на Конески. Професорите ја информираа за преземените активности врзани за одбележувањето на 80 години од стандардизацијата на македонскиот литературен јазик, како и 80 годишнината од основањето …
Continue Reading
Путин со министерката за надворешни работи на Северна Кореја: Се оди според планот
Рускиот претседател Владимир Путин денес се сретна со севернокорејската министерка за надворешни работи Чо Сон Хуи. „Големо ми е задоволство да ве видам. Ве молам, пренесете ги моите најдобри желби до претседателот Ким Џонг-ун“, рече Путин, како што објави агенцијата РИА. За време на средбата, Путин потсети дека неодамна се сретнал со Ким за време на неговата посета на Пекинг. …
Continue Reading
Лавров вели дека Трамп „радикално“ го менува својот став за војната во Украина
Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека американскиот претседател Доналд Трамп ги напуштил принципите што, според него, биле дискутирани за време на состанокот во Алјаска. Коментарите на шефот на руската дипломатија доаѓаат откако Трамп во последните денови повика на итен прекин на конфликтот во Украина, според германската новинска агенција dpa. Во разговор за унгарскиот YouTube канал Ultrahang, Лавров …
Continue Reading
Захарова: Русија не ги доживува санкциите како привремени или целни мерки
Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, денес изјави дека Русија е убедена дека западните санкции не се привремени или целни мерки, туку механизам за системски притисок врз Москва. Таа нагласи дека западните земји, нивните сојузи и нивните поврзани сателити спроведуваат агресивна кампања против Русија. „Целта е отворено декларирана: финансиска и технолошка изолација, поткопување на перспективите за долгорочен …
Continue Reading
На Клиниката за неврологија отворен ден за граѓаните за подигнување на свесноста и превенција од мозочен удар
По повод Светскиот ден на мозочниот удар – 29 октомври, Универзитетската клиниката за неврологија, утре организира отворен ден за граѓаните за подигнување на свесноста за превенција, препознавање на симптомите рана дијагностика и навремено лекување на мозочниот удар, под мотото „Мозочниот удар се лекува“. Во рамките на настанот, на 28 октомври 2025 година (вторник), ќе се врши бесплатен доплер на каротидни …
Continue Reading
Уапсени двајца полицaјци осомничени за разбојништвото на златарницата во Гостивар, се трага и по други лица
Министерството за внатрешни работи до Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе кривична пријава против две лица поради сомнение дека како соизвршители учествувале во извршување на кривично дело „разбојништво“ по член 237 став 4 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Осомничените се лишени од слобода во текот на вчерашниот ден, соопшти полицијата. Тие на 10.10.2025, заедно со други засега непознати …
Continue Reading
Лазаров: Манасков е во врвна форма, затоа го повикав, тој не го одби повикот
Селекторот Кирил Лазаров ги собра репрезентативците во пресрет на ЕХФ неделата. Македонија во овој термин ќе одигра два натпревари против Јапонија. Од списокот отпадна голманот Никола Митревски поради повреда. На неговото место е повикан Марко Кизиќ. Исто така со националниот тим е и Петар Атанасијевиќ откако Дејан Манасков го одби повикот на селекторот. Селекторот појасни дека Манасков последните два месеци …
Continue Reading
Општина Центар: Отстранети двете паднати дрвја
Општина Центар известува дека екипите на ЈП „Паркинзи на Општина Центар“ и ЈП „Паркови и зеленило“ навремено интервенираа и ги отстранија двете дрвја кои паднаа во близина на ООУ „Киро Глигоров“. Благодарение на нивната брза реакција, улицата е целосно расчистена и повторно ставена во функција, додаваат од општината.
Continue Reading
Германија сака да ги подготви децата за војна преку училишна програма: „Тоа е разумна подготовка“
Германскиот сојузен министер за внатрешни работи Александар Добриндт (CSU) предложи учениците во училиштата систематски да се учат како да реагираат во кризни ситуации и во случај на војна. Тој планира да го презентира својот план во ноември на конференција на државните министри за внатрешни работи, а тој би вклучувал воведување на специјални двочасовни предавања. „Важно е младите луѓе да разберат …
Continue Reading