Медведев го нарече белгискиот министер „имбецил“, Франкен му возврати со песна на Селена Гомез

Белгискиот министер за одбрана Тео Франкен влезе во вербален судир со поранешниот руски претседател и сегашен заменик-претседател на Советот за безбедност на Русија, Дмитриј Медведев. Се започнало кога Франкен изјавил дека, доколку Русија ја нападне Белгија, „НАТО би ја израмнил Москва со земја“. На тоа, Медведев остро реагирал, нарекувајќи го „имбецил“ и потсетувајќи дека оваа недела Русија го тестирала нуклеарното …

Continue Reading

Села до Меџити: Не сум дел од власта туку сум спроти неа, не рамо до рамо туку лице в лице

Лидерот на едното крило на Алијансата за Албанците, Зијадин Села, преку објава на „Фејсбук“  одговори на излегувањето на Изет Меџити, нагласувајќи дека не е дел од ниту една влада и дека секогаш стои спроти власта, а не покрај неа. „Во комуникација со мене — не. Не сум дел од Владата. Не стојам со тие што сакаат да ни ги одземат …

Continue Reading

Божиновска: Кога жените водат, енергетиката свети посилно – не чекајте дозвола, заземете го вашето место

Инклузивната и праведна зелена енергетска транзиција е невозможна без еднакво учество на жените. Тоа беше пораката што силно одекна на сесијата „Жени во енергетиката“, одржана во рамки на 14. Меѓународен форум за енергија и одржлив развој (IFESD-14) во Скопје. Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, во инспиративно обраќање ја отвори сесијата со порака дека без родова еднаквост, …

Continue Reading

Зеленски: Новите санкции ќе ѝ донесат на Русија загуби од најмалку 50 милијарди долари годишно

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека новите санкции против Русија ќе ѝ предизвикаат годишни загуби од најмалку 50 милијарди долари, пренесе „Укринформ“. Тој се повика на извештај на шефот на украинската надворешна разузнавачка служба Олег Ивашченко и рече дека санкциите против нафтените компании веќе создаваат сериозни финансиски последици за Москва. Зеленски изрази надеж дека ќе следат и нови санкциски мерки, …

Continue Reading

Герасимовски го посети штандот на ЈП „Паркинзи на Општина Центар“: Информативни табли со QR-код за брзо плаќање

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, денеска го посети штандот на ЈП „Паркинзи на Општина Центар“, каде што заедно со директорот Душко Коцевски разговараа за новите услуги и иновации во системот за паркирање. Коцевски го информираше Герасимовски дека на новите информативни табли на ПОЦ е поставен QR-код со директен линк, што овозможува едноставно и брзо плаќање на паркинг услугата со …

Continue Reading

Грција во состојба на готовност поради можност за грабежи на музеи

Поради грабежот на Лувр во Париз и можноста за сличен инцидент во еден од бројните и важни музеи во Грција, надлежните органи се во состојба на висока готовност. Според весникот „Катимерини“, грчките министерства за внатрешни работи и култура планираат да го доверат чувањето на музеите, а можеби и на некои археолошки локалитети, на грчката полиција. Според надлежните службеници кои разговараа …

Continue Reading

Рама: Фактот што Србија не го признава Косово е суштински проблем на регионот

Албанскиот премиер Еди Рама, на Форумот за мир во Париз изјави дека непризнавањето на Косово од страна на Србија е „суштински проблем“ на регионот. Рама рече дека Балканот мора да избере помеѓу поделба и соработка. „Косово е проблем затоа што за нас е земја со свои права. Но, за Србија или за другите земји – не е. Тоа е голем …

Continue Reading

Утре (31 октомври), ќе се одржи првата конститутивна седница на Советот на Општина Гевгелија

Утре (31 октомври 2025 година), новоизбраниот Совет на Општина Гевгелија ќе ја одржи својата 1. конститутивна седница, којашто ќе ја отвори и по првата точка со две потточки ќе заседава највозрасниот член на Советот на Општина Гевгелија, д-р Елена Хаџи- Николова. На 1. конститутивна седница, по изборот на претседател на Советот на Општина Гевгелија, ќе се именуваат членови во работните …

Continue Reading

Москва: Европа го блокира мирот и поттикнува војна во Украина

Неонацистичкиот режим во Киев продолжува со нападите врз цивилни објекти, тероризирајќи го мирното население на Русија, изјави Марија Захарова, портпаролка на Министерството за надворешни работи на Русија, на денешниот брифинг за медиумите. Таа истакна дека во текот на изминатата недела, како резултат на украинските напади, 113 руски граѓани претрпеле последици, од кои 19 биле убиени – меѓу нив и едно …

Continue Reading