Гласањето тече без проблеми, одѕивот до 9 часот е 2,88 отсто
Одѕивот во вториот круг од локалните избори до 9 часот изнесува 2,88 проценти, односно 22.379 гласачи, соопшти претседателот на Државната изборна комисија (ДИК) Борис Кондарко. Во Град Скопје одѕивот за избор на градоначалник е 2,46 отсто. Оценето е дека гласањето тече без проблеми, а единствениот застој бил забележан во Дојран, каде поради технички проблем со уред за биометриска идентификација имало …
Continue Reading
Поранешниот шеф на крипто берза пронајден мртов во ќелија, беше осуден на 11.196 години затвор
Триесет и двегодишниот, Фарук Фатих Озер, поранешен извршен директор на неуспешната крипто берза „Тодекс“, беше пронајден мртов во неговата затворска ќелија во западниот турски град Текирдаг вчера, објави државниот радиодифузер ТРТ. Истрагата е во тек, а службените лица се фокусираат на можноста Озер да извршил самоубиство. Според турските медиуми, неговото тело го откриле затворските чувари за време на утринска проверка. …
Continue Reading
Љубов до 5 ноември: неколку хороскопски знаци ќе блеснат во романса
Астролозите предвидуваат дека до 5 ноември четири хороскопски знаци ќе уживаат во љубовна хармонија, благодарение на Венера во знакот на Вага – планетата на љубовта, убавината и рамнотежата. Вага – Ѕвезда на сезоната: привлекува љубов, пари и успех. Зафатените Ваги ја продлабочуваат врската, а слободните можат да доживеат неочекувана романтична средба. Овен – Венера носи нова љубов или обновување на …
Continue Reading
Трамп ѝ се закани на Нигерија со воена акција ако убиствата на христијаните не престанат
Американскиот претседател Доналд Трамп му се закани на нигериското раководство со можна воена интервенција, доколку, како што рече, владата продолжи да допушта убиства на христијани. Во објава на платформата „Трут соушал“, Трамп напиша дека САД ќе ја прекинат целата помош за Нигерија ако земјата не преземе мерки за запирање на прогоните. „Ако нападнеме, тоа ќе биде брзо, сурово и слатко …
Continue Reading
Зеленски најави бесплатен превоз со воз и фиксни цени на енергијата за граѓаните
Украинскиот претседател Володимир Зеленски најави воведување програма за бесплатни патувања со воз и замрзнување на цените на енергенсите во текот на зимата. Зеленски соопшти дека секој граѓанин ќе може бесплатно да патува до 3.000 километри на украинската железница, а целта е државното претпријатие да покаже дека буџетските средства навистина се користат во служба на граѓаните. Покрај тоа, владата ќе воведе …
Continue Reading
Сведок за нападот во воз во Англија: Видов човек кој трчаше и ги предупредуваше другите дека е избоден
Полицијата во Кембриџшир соопшти дека вооружени полицајци пристигнале на местото на настанот откако добиле извештаи за напад во воз во Англија. „Вооружени полицајци пристигнале на местото на настанот и возот бил запрен во Хантингдон, каде што биле уапсени двајца мажи“, соопшти полицијата. Службата за брза помош на Источна Англија започнала голема операција за инцидентот. Портпаролот изјавил дека голем број амбулантни …
Continue Reading
Никогаш не е доцна за љубов, вели новиот партнер на Џенифер Анистон
Новиот партнер на Џенифер Анистон, Џим Кертис, изјави дека никогаш не е доцна да се најде љубов, пренесе „Пипл“. На прашање како да се пронајде љубов по 40-тата година, Кертис одговорил дека тоа се прави исто како и на 22 или 32 години – но со повеќе самодоверба, искуство и автентичност. „Прво сакајте се себеси и знајте дека сте во …
Continue Reading
(Видео) Над 20 загинати во пожар во продавница во Мексико
Во пожар што избувнал во продавница во градот Ермосиљо, на северозападот на Мексико, загинале повеќе од 20 лица, пренесуваат локалните медиуми. Претседателката Клаудија Шејнбаум изрази сочувство до семејствата на загинатите и соопшти дека испратила тимови за помош на повредените и нивните блиски, пренесе „Ројтерс“. Градоначалникот на Ермосиљо потврди дека бројот на жртвите е голем, а началникот на противпожарната служба изјави …
Continue Reading
(Видео) Напад во воз во Англија, 9 лица се борат за живот
Девет лица се во животна опасност по напад со нож во воз во близина на Кембриџ, источна Англија, јави „Индекс“. Полицијата уапсила две лица, а британскиот премиер Кир Стармер го нарече настанот „страшен инцидент“. Полицијата потврди дека била активиран кодниот збор „Платон“ – сигнал за можен „подвижен терористички напад“, но подоцна таа квалификација била повлечена, и не е познат засега …
Continue Reading